Контакт

Вести

Сириската војска го обезбеди снабдувањето со вода на Дамаск, IS се подготвува за повлекување од Ал-Баб

Објавено пред

Силите на сириската влада на претседателот Башар ал-Асад влегле во саботата во селото Аин ал-Фиџа во долината Вади Барада, крај Дамаск и го ослободија главните извори за снабдување со вода на престолнината, а истовремено борците на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (IS) почнале да ги напуштаат позициите во северниот град Ал-Баб.

„Сириската армија влезе во Аин ал-Фиџа… и го подигна знамето над црпилиштето на вода“, објави службата за информирање на либанското шиитско движење Хезболах, кое е силен сојузник на сирискиот претседател алавит (огранок на исламските шиити) Башар ал-Асад од почетокот на војната во март 2011 година.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), со седиште во Лондон, објави дека сириската војска уште не влегла во селото, но оти се очекува дека наскоро ќе влезе според договорот со сунитските бунтовници кои овој регион со години го имаа под контрола, но последниот месец беа под силна офанзива на владините сили и локалните милиции.

Според договорот, бунтовниците со лесното вооружување треба да ја напушат целата област и да се префрлат во северозападната покраина Идлиб.

Долината Вади Барада, каде што се наоѓа Аин ал-Фиџа, стана најжестокото боиште во сириската војна, поради стопирањето на снабдувањето со вода на сириската престолнина Дамаск.

Истовремено во саботата весникот Hurriyet, повикувајќи се на турски воени извори, пишува дека борците на Исламската држава веќе се повлекуваат од позициите кои ги држеа во градот Ал-Баб, на северот од Сирија.

Според воените извори, Исламската држава веќе ја пренела својата команда во градот Тадеф, јужно од Ал-Баб.

„Имајќи ги предвид најновите информации од регионот, може да се каже дека Исламската држава се подготвува да го напушти Ал-Баб, што е резултат на дејствувањето на турските вооружени сили“, рекол неименуваниот соговорник на весникот.

Турската армија на 24-ти август 2016 година ја започна операцијата „Штитот на Еуфрат“ против терористичката групација Исламска држава, со поддршка на сириската сунитска вооружена опозиција која ја поддржува која го зазема пограничниот град Џараблус од џихадистите на северот од Сирија, и последните седмици го напаѓа Ал-Баб.

Целта на турската воена интервенција во северна Сирија е да ги отфрли единиците на Исламската држава што подалеку од границата со Турција, но истовремено и да го спречи напредувањето на арапско-курдската коалиција која во истата област почна да зазема територии кои беа под контрола на џихадистите./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава3 минути

Луѓето родени под овие два знака имаат повеќе среќа отколку памет

Среќата им е наклонета на храбрите, а овие хороскопски знаци се ориентирани кон преземање ризици. Астролозите тврдат дека овие два...

Спорт9 минути

Руските и белоруските спортисти повторно под своите знамиња

Руските и белоруските спортисти ќе можат повторно да се натпреваруваат под своите национални знамиња на меѓународни натпревари во пливање и...

Свет15 минути

Кси и Санчез ветија продлабочување на врските: „Светот е во хаос“

Кина и Шпанија денеска ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време...

Свет27 минути

Иран: Безбедноста во Ормускиот теснец е за сите или за никого

Неколку часа по воведувањето на блокадата, и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и...

Свет34 минути

Јужна Кореја очекува долгорочни нарушувања на енергетските пазари

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае Мјунг, изрази загриженост за последиците од војната во Иран, велејќи дека растечките тензии околу...

Свет39 минути

(Видео) Нетанјаху ја нападна Европа: Израел и САД се на чело на слободниот свет

Израел вчера започна со одбележување на Денот на сеќавањето на холокаустот, при што главната комеморација во Јад Вашем беше претходно...

Забава48 минути

Храната како најдобар третман против стареење: Овие намирници ја затегнуваат кожата подобро од кој било крем

Иако стареењето е природен процес, надворешните фактори како што се изложеноста на сонце и, најважно од сè, исхраната, играат голема...

Забава1 час

(Видео) Познатата манекенка не забава со милијардерот со кого има три сина

Миранда Кер уживаше во времето поминато со Еван Шпигел, со кого има три деца и со кого влезе во врска...

Забава1 час

(Фото) Какво тело: Манекенката плени во фустан наменет само за храбрите

Големиот музички фестивал „Коачела“ одамна започна, а познатите ѕвезди полека пристигнуваат. Хејли Бибер исто така неодамна привлече големо внимание. На...