Контакт

Свет

Сириските Курди ја обвинуваат Турција за употреба на забрането оружје против цивили

Објавено пред

Курдските воени и политички лидери и здравствени власти ги обвинија турските сили за употреба на меѓународно забрането оружје во својата офанзива во северниот сириски град Сари Кани и побараа меѓународна истрага, пренесува курдската информативна мрежа „Рудоу“.

„Постојат многу стравувања дека се користи забрането оружје во Сари Кани. Раните што ги лекуваме во болниците воопшто не се нормални повреди. Нашиот здравствен одбор во моментот истражува за да открие каков вид оружје се користи против нас“, вели Манал Мохамед, шеф на Здравствениот одбор на Рохава.

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, ги негира овие обвиненија.

„Турција нема никакво хемиско оружје во својот арсенал, сите го знаат тоа“, изјави тој за агенцијата „Анадолија“.

Портпаролот на Сириските демократски сили (СДФ), Мустафа Бали, објави дека се сомневаат оти се користи неконвенционално оружје против борците на СДФ во Сари Кани. Тој апелира за меѓународна истрага велејќи дека на локалните тимови на терен им недостига стручно знаење, а странските експерти и групите за хуманитарна помош се повлекле од северна Сирија.

Алдар Калил, член на извршниот одбор на владејачкото движење Демократско општество во Северна Сирија (ТЕВ-ДЕМ), во средата за телевизијата „Стерк“ изјави дека медицинските прегледи ги потврдуваат сомнежите дека Турција користи забрането оружје што содржи фосфор и напалм.

Белиот фосфор најчесто се користи за создавање чад или како запаливо оружје. Неговата употреба е контроверзна и е забранета во области каде што има цивили.

Свет

Навални им се заблагодари на руските пилоти и на лекарите

Објавено пред

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални им се заблагодари на руските пилоти и на лекарите за брзата реакција кога падна во кома за време на летот од Сибир.

Навални, на кого му се слоши на 20 август во авион за Москва, по што беше во кома скоро три недели, напиша на Инстаграм дека пилотите „брзо слетале во Омск“ и дека лекарите на аеродромот „му инјектирале доза атропин“ препознавјќи „труење со отровна материја“.

„Ви благодарам, непознати пријатели со добро срце. Вие сте добри луѓе”, напиша 44-годишниот политичар, објавувајќи фотографија на која ја прегрнува својата сопруга Јулија.

View this post on Instagram

Наверное, нечасто такое бывает, что есть у вас в жизни ужасно важные люди, а вы даже имён их не знаете. У меня как раз такой случай. После всего случившегося я испытываю такую огромную благодарность такому большому количеству людей, что вы ещё устанете читать посты на эту тему. Но начать я хочу с нескольких человек, которые – так вышло – сыграли ключевую роль в моей судьбе, а я даже и не знаю, как обратиться к ним иначе, чем «неизвестные добрые друзья». Насколько я понимаю (версия, утверждать ничего не могу), план убийц был прост: мне станет плохо через 20 мин после взлёта, ещё через 15 мин я вырублюсь. Медицинская помощь будет гарантированно недоступна, и ещё через час я продолжу своё путешествие в чёрном пластиковом пакете на последнем ряду кресел, наводя ужас на пассажиров, идущих в туалет. Все так и шло, но началась цепь счастливых случайностей и четких действий неизвестных добрых людей. Во-первых, пилоты быстро посадили самолёт в Омске, несмотря на объявленное «минирование» аэропорта. Во-вторых, пришедшие сотрудники медслужбы аэропорта и приехавший за ними реанимобиль не говорили никакого вранья про диабет и тд, а сразу четко сказали: «это токсическое отравление», – и зафигачили мне дозу атропина. То есть пилоты и первые медики просто подарили мне дополнительные 15-20 часов жизни. Все последующее было очень драматично и заслуживает отдельного расссказа, но рассказывать точно было бы нечего, если бы не эти ребята. Спасибо вам, неизвестные добрые друзья. Вы хорошие люди.

A post shared by Алексей Навальный (@navalny) on

Откако помина 48 часа во болница во Омск, чии лекари рекоа дека не откриле траги од труење во неговото тело, Навални беше префрлен во болница во Берлин.

Германски експерти за хемиско оружје објавија дека утврдиле дека Навални е отруен со нервниот агенс „новичок“, а тоа го потврдија и лабораториите во Франција и во Шведска.

Навални, најголемиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше пуштен од болница неделава. Неговиот тим за труењето го обвинува Кремљ, чии претставници ги негираат обвинувањата.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Објавено пред

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана на Украина.

Бројот на загинатите во падот на украинскиот воен авион се искачи на 25, соопшти Кабинетот на украинскиот генерален обвинител.

„Според првичните информации, загинаа 25 лица. Двајца се пренесени во болница во сериозна состојба”, соопшти канцеларијата.

Според украинските служби за итни случаи, во авионот имало 27 лица, а не 28, како што беше претходно најавено, пренесува ТАСС.

Канцеларијата наведува дека е поведена кривична постапка поради обвиненија за кршење на правилата за безбедност на летот и подготовка на летот, „што доведе до катастрофа и други сериозни последици“.

Во меѓувреме, властите во регионот Харков во Украина прогласија Национален ден на жалост за жртвите од падот на украинскиот авион АН-26.

Во уредбата на гувернерот, објавена на веб-страницата на администрацијата, се вели дека на Денот на жалост, националното знаме ќе се спушти на половина копје на сите згради на државните органи, компании, агенции и организации и дека ќе им биде поставена лента за жалост. Сите забавни и спортски настани според препораките треба да бидат откажани, пренесува ТАСС.

Несреќата се случи синоќа при слетување на авионот. Покрај членовите на екипажот во него се наоѓале и кадети од Универзитетот за воздухопловство во Харков кои биле на обука.

Снимките од местото на несреќата беа објавени на Интернет.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека ќе го посети регионот Харков, кадешто се урна воениот авион Ан-26.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Објавено пред

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска почва, пренесува „Л’инфо“.

Зборувајќи за „Франс интер“ во средата, францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, посочи дека прашањето за миграцијата може да се реши само на европско ниво и дека секоја земја во ЕУ мора да го дели товарот за преселување на мигрантите од третиот свет.

„Ние, сепак, сакаме европска солидарност. Нема причина зошто само Италија, Франција и Германија да ја делат оваа солидарност со Грција“, рече Дарманин.

Францускиот министер ги даде своите забелешки непосредно пред Брисел да обелодени дека задолжителниот механизам за солидарност ќе биде дел од плановите за наметнување европски систем за азил и миграција на секоја земја во ЕУ.

Иако новиот план технички нема систем за задолжително преселување – главна точка на расправија за земјите, вклучително Унгарија и Полска, кои не сакаат да станат мултикултурни држави по калапот на Франција и Германија – деталите во рамките на предлозите сугерираат дека Брисел планира да им ги префрли мигрантите на задната врата на нациите што не ги сакаат.

Земјите што одбиваат да ги преселат мигрантите директно ќе бидат принудени да покажат солидарност преземајќи одговорност за враќање на илегалните имигранти во нивните татковини.

Меѓутоа, ако депортациите не бидат успешно извршени – и невладини организации за миграција и адвокати се покажаа многу ефикасни во спречување на депортациите – владата што ги спонзорира враќањата ќе биде казнета со тоа што сепак ќе мора да ги прими мигрантите.

И покрај големата француска загриженост дека масовната имиграција од глобалниот југ ја прави нивната земја многу понасилно и поопасно место за живеење, владата инсистира да се прими голем дел од постојаниот прилив на нелегални имигранти, кои продолжуваат да бидат тргувани во Европа.

Локалните медиуми на Малта во средата објавија дека голема група мигранти е пренесена во Франција, а уште стотици треба да бидат пренесени таму во следните неколку недели. Брод на невладина организација управуван од германската група за кампања за отворени граници „Си ај“ во моментот плови кон Марсеј со 125 нелегални имигранти кога Италијанците одбија да го пуштат бродот да се закотви.

Зборувајќи од име на Мишел Рубирола, екстремно левичарската градоначалничка на Марсеј, која е од зелената партија,  заменик-градоначалникот Беноа Пајан рече дека Марсеј е подготвен да ја прими последната група мигранти.

Иако француската влада е дарежлива во понудата на средства од даночните обврзници за сместување и хранење на неограничениот прилив на мигранти од Африка и од Блискиот Исток, многу од новодојденците ќе сакаат нелегално да влезат во Велика Британија кога ќе пристигнат во Франција.

Стотици мигранти секој ден нелегално го преминуваат Ла Манш кон Велика Британија, а последните официјални податоци покажуваат дека повеќе од 6.400 дошле со брод досега годинава – повеќе од тројно повеќе од бројот регистриран во 2019 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија48 минути

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа1 час

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет2 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ11 час

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија11 час

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа13 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија14 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија17 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија18 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа19 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија21 час

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија21 час

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет21 час

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија22 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија22 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион23 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет24 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет24 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет24 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Досие