Контакт

Свет

Сириски бегалец обвинет за убиството на тинејџерка во Канада

Објавено пред

Канадската полиција уапси 28-годишен бегалец од Сирија во врска со минатогодишното убиство на една тинејџерка чие тело беше пронајдено во изолиран парк во близината на Ванкувер, пренесува „Њујорк пост“. Убиената 13-годишна Мариса Шен исчезнала на 18 јули 2017 година во паркот во близината на својот дом по што биле сослушани над 2.000 лица.

Откако полицијата повеќе од една година трагаше по сторителот, Обвинителството информира дека во петокот го уапсила и повела обвинение против Ибрахим Али (28) од Сирија, кој дошол да живее во Канада во 2017 година, неколку месеци пред убиството на Мариса Шен и имал дозвола за престој како постојан жител ви Барнаби, но според „Ванкувер сан“, Одборот за миграција и бегалци не можел да ги најде документите за бегалец на Али.

По гневните реакции во јавноста, канадскиот министер за имиграција Ахмед Хусен соопшти дека секој бегалец што се прима во земјата минува низ детаљна безбедносна проверка пред да му се дозволи да влезе во Канада.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

13 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Виетнам

Објавено пред

При лизгање на земјиштето во Виетнам загинаа 13 луѓе, а четири во моментов се водат за исчезнати. До оваа катастрфоа во земајта дојде по тропската бура која го зафати централниот дел на Виетнам, а беше проследена со обилни врнежи од дожд.

Официјален претставник на провинцијата Кан Хоа, рече дека околу 600 војници биле ангажирани во потрагата по исчезнатите лица и евакуација на ризични области.

Според него, во вчерашното лизгање на земјиштето биле урнати неколку куќи, а земјата затрупала и неколку луѓе кои во тој момент биле во своите домови. Стотици луѓе во земјата страдаат годишно во поплави и бури.

Прикажи повеќе...

Регион

Српски медиуми: Вучиќ добил непристојна понуда од Брисел и ја отфрлил

Објавено пред

Српските медиуми утрово пишуваат дека Брисел му упатил на српскиот претседател, Александар Вучиќ, по пат на дипломатски канали непристојна понуда, односно уцена – продолжување на дијалогот со Приштина, во замена за нови поглавја за членството на Србија во ЕУ. Белград категорично го отфрлил предлогот.

„Скандалозно барање, проследено преку дипломатски канали, во кое за возврат на Србија и се нуди ЕУ да отвори три преговарачки поглавја“, наведува извор за „Телеграф“.

„Новости“ пишуваат дека Белград нема да ги прифати уцените, макар цената да биде замрзнување на процесот за евроинтеграциите на подолго време.

Министерката задолжена за ЕУ, Јадранка Јокимовиќ за „Новости“ вели дека Србија во однос на спроведените активности во областа на владеењето на правото, во поглавјата 23 и 24 реално заслужила отворање на најмалку три нови поглавја, од вкупно седум кои во целост ги подготвила.

 

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Макрон се обрати пред пратениците на германскиот Бундестаг

Објавено пред

Претседателот на Франција Емануел Maкрон доцна синоќа во германскиот Бундестаг изјави дека Франција и Германија треба да се изгради модерна, ефикасна и демократска Европа, која ќе биде во можност да одговори на сите идни предизвици.

Посочувајќи дека Европа се соочува со бројни предизвици, од климатските промени до миграцијата, претседателот на Франција вели дека само партнерство на двете големи соседните земји, како дел од обединета, автономна Европа може да помогне светот повторно да не потоне во хаос.

Европа, а во неа и француско-германската алијанса, имаат должност да бидат лидери на патот на мирот, рече Макрон.

Во повикот, Европа да преземе поголема одговорност за својата одбрана и безбедност, Maкрон рече дека нашиот континент „не смее да стане играчка во рацете на големите сили.”

Францускиот претседател и оддаде почит на Германија за она што успеала го постигне по Втората светска војна, истакнувајќи дека „ниту една друга земја, во таа мерка не била толку искрено самокритична за својата историја, ниту пак некој друг
се обидел да научи толку многу лекции “.

Пред да пристигне во германскиот Бундестаг, Макрон со канцеларката Ангела Меркел и претседателот на Германија, Франк-Волтер Штајнмаер, положи венец-цвеќе на гробиштата во Берлин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија2 часа

Премиерите на Западен Балкан на појадок кај Курц, Заев ја откажа поканата

Австрискиот канцелар ги повика денеска на работен појадок во Виена премиерите на Западен Балкан. Премиерот Зоран Заев, кој претходно беше...

Македонија13 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт13 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа16 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести17 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија17 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет19 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија20 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски22 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет22 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион23 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет2 дена

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски2 дена

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија2 дена

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија2 дена

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија2 дена

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија2 дена

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Досие