Свет
Сирија со три проектили ѝ возврати на Турција, се водат жестоки борби на границата

Три проектили истрелани од сириска територија паднале синоќа во турскиот пограничен град Акчакале, јави „Си-ен-ен Турк“.
Нема информации за жртви, а предизвикана е материјална штета врз неколку куќи во градот.
Проектилите биле истрелани ноќеска, неколку часа по почетокот на воената операција „Извор на мирот“ во северна Сирија насочена против курдските борци.
Локалните власти на Акчакале објавија дека училиштата нема да работат до 14 октомври поради воената операција.
Денеска во тек се жестоки борби меѓу турските трупи и борците на сириските демократски сили во селата на границата меѓу двете земји, изјави курдски претставник.
„Жестоките борби продолжуваат додека турските сили се обидуваат да влезат во селата на границата“, рече Мур Камишло, портпарол на сириските демократски сили, организација предводена од сириските Курди, пренесува „Ројтерс“.
Турското Министерство за одбрана претходно објави дека копнените сили на земјата продолжиле да напредуваат кон курдските борци во северна Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бајден по пресудата за убиството на Флојд: На сите ни олесна

Поротата го прогласи за виновен поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Човин за убиството на Џорџ Флојд за време на апсење, а пресудата предизвика бројни реакции.
Претседателот на САД, Џо Бајден, по пресудата рече дека се чувствува олеснување.
„На сите ни олесна“, му порачал американскиот претседател Џо Бајден на семејството Флојд во телефонски разговор. „Вие сте неверојатно семејство. Би сакал да бидам таму за да ве прегрнам“, продолжил тој.
По пресудата, Бајден и се обрати на јавноста од Белата куќа, и ги повика Американците да се обединат во борбата против расизмот, кој ја расипува душата.
„Дојде време оваа земја да се обедини“, рече Бајден во краткото обраќање од Белата куќа.
„Некои – агитатори и екстремисти кои се потсмеваат на социјалната правда – ќе се обидат да ги искористат сировите емоции“, предупреди тој.
„Не можеме да им дозволиме да го сторат тоа“, додаде претседателот на САД.
„Пресудата за полицаецот Човин нема да го врати Џорџ“, рече Бајден, додавајќи дека оваа пресуда можеби е момент на клучна промена. Тој ги повика Американците никогаш да не ја заборават оваа трагична епизода.
„Мораме да слушаме. ‘Не можам да дишам, не можам да дишам’ – тоа беа последните зборови на Џорџ Флојд. Треба постојано да ги слушаме тие зборови, да не им го вртиме грбот“, истакна Бајден на крајот.
„Денеска се одбележува Денот на правдата во Америка“, порача Камала Харис, потпретседателката на САД.
Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел ја поздравија пресудата
„Денес, поротата постапи правилни. Но, вистинската правда бара многу повеќе. Мишел и јас упатуваме молитви до семејството на Флојд и стоиме заедно со сите оние кои се залагаат да гарантираат на целосна правда за секој Американец, што на Флојд и на многу други им беше ускратена“, рече Барак Обама.
Пред зградата на судот се собрала толпа од неколку стотици луѓе кои со извици на одобрување ја дочекале веста за пресудата.
Националната гарда е на улиците на Минеаполис. Повеќе од 3.000 припадници на Националната гарда и најмалку 1.100 полицајци се распоредени низ Минесота, како дел од т.н. операција „безбедносна мрежа“, како превенција од можни немири по објавувањето на пресудата.
Слично е и во другите поголеми градови.
Регион
Повторно земјотрес во Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер е регистриран синоќа по 23 часот во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.
Како што пренесе порталот „Индекс“, епицентарот на потресот бил на 26 километри западно од Загреб.
Потресот траел неколку секунди.
Свет
(Видео) Дерек Човин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, ова е моментот на изрекување на пресудата

Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки на обвинението.
Поротата донесе одлука по три недели и сведочење на 45 сведоци, вклучително и случајни минувачи, полицајци и медицински експерти. Состанокот на поротата започна во понеделникот и траеше нешто повеќе од 10 часа.
Дванаесет поротници го прогласија поранешниот полицаец за виновен по три точки. Максималната казна за првата точка не може да надмине 40 години затвор, за втората не повеќе од 25 години, а максималната казна за третата точка од обвинението е 10 години и/или 20 илјади американски долари.
Пред зградата на судот се собрала толпа од неколку стотици луѓе кои со извици на одобрување ја дочекале веста за пресудата.
Обвинителството побарало укинување на кауцијата, а Човин со лисици на рацете беше изнесен од судницата.
Според судијата Питер Кејхил, пресудата би можела да биде изречена за осум недели.
Со изрекувањето на пресудата на Човин за смртта на Џорџ Флојд, обвинителите ќе започнат да го вртат вниманието кон постапката против тројцата други вклучени во апсењето.
Ту Тао, Џеј Александер Куенг и Томас Лејн, сите отпуштени од должноста и уапсени неколку дена откако Флојд почина лани во мај, на судењето на 23 август ќе се соочат со обвиненија за помагање при убиството на Флојд.
Џорџ Флојд почина при брутално полициско апсење во Минеаполис на 25 мај минатата година. Снимките од белиот полицаец кој со колено го притиска вратот на Афроамериканецот, кој потоа почина, предизвикаа протести против расизмот ширум светот.
Нивниот слоган беше „Не можам да дишам“, фраза која ја повторуваше Флојд додека полицаецот Човин со коленото скоро осум минути го притискаше неговиот врат.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?