Европа
Сите регистрирани случаи на мајмунски сипаници во Германија се мажи, соопшти „Роберт Кох“

Речиси три недели по првото откритие на мајмунски сипаници во Германија, бројот на заразени лица регистриран од Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), Националниот институт за борба против заразни болести, се искачи на 113 и сите се мажи.
„Сите случаи на инфекција во Германија пријавени во РКИ се мажи“, соопшти денеска портпаролката на Институтот.
Институтот во вторникот имаше податоци за 80 случаи во целата земја. Според претходните податоци, Германија се чини дека е една од европските земји со особено висок број на заразени заедно со Велика Британија, Шпанија и Португалија.
Мајмунските сипаници се сметаат за помалку заразна болест во споредба со големите сипаници, кои се искоренети од 80-тите.
Според Институтот, вирусот обично се пренесува од човек на човек преку близок физички контакт. Експертите предупредија на можноста за понатамошно ширење на вирусот, на пример, на претстојните фестивали и забави.
Според информациите од регионалната канцеларија на СЗО за Европа од минатата недела, досегашните податоци покажуваат дека епидемијата во европскиот регион на СЗО веќе била во тек кон средината на април. Ова е најголемата и географски најраспространета епидемија на мајмунски сипаници некогаш регистрирана надвор од ендемските области во Западна и Централна Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лавров: Што подолго Западот ѝ праќа оружје на Украина, судирот ќе трае толку подолго

Повторувајќи ја изјавата на руското Министерство за одбрана, Лавров денеска им рече на новинарите дека трговскиот центар бил празен во моментот кога дошло до пожарот поради тоа што Русија погоди складиште за оружје и муниција.
Лавров изјави дека што повеќе Западот испраќа оружје во Украина, толку подолго ќе трае судирот.
Шефот на руската дипломатија при посетата на Туркменистан рече дека Русија вчера не го гаѓала трговскиот центар во украинскиот град Кременчук, каде што загинаа најмалку 18 луѓе, пренесува „Ројтерс“.
Европа
Песков: Војната може да заврши до крајот на денот доколку Зеленски нареди армијата да го остави оружјето

Украина може да ја заврши војната пред крајот на денот, а за тоа да се случи, сè што е потребно е наредбата на украинскиот претседател армијата да го остави оружјето и да ги исполни условите на Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руската државна агенција „РИА новости“.
„Украинската страна може да запре сè пред крајот на денешниот ден, потребна ни е наредба за националистичките единици да го положат оружјето, наредба украинската армија да го остави оружјето и мора да се исполнат условите на Руската Федерација. Сè може заврши пред крајот на денот“, рече Песков коментирајќи ја изјавата на Владимир Зеленски за плановите за завршување на војната пред зимата.
Медиумите потсетуваат дека двајца неименувани дипломати на Европската Унија вчера за новинските агенции изјавиле дека Зеленски им кажал на лидерите на Г7 дека сака војната да заврши пред зимата.
Во своето вчерашно обраќање Зеленски повикал на системи за противвоздушна одбрана, повеќе санкции за Русија и безбедносни гаранции, изјавил европски претставник. Украинскиот претседател побарал и помош за извоз на жито од Украина и за обнова на земјата, изјавил европски функционер, кој сакал да остане анонимен, пренесува агенцијата.
Европа
ЕУ ја продолжи употребата на ковид-сертификатот до јуни 2023 година

Советот на ЕУ денеска даде зелено светло за продолжување на користењето на дигиталните сертификати за Ковид-19 до 30 јуни 2023 година.
Проширувањето на оваа регулатива ќе обезбеди дека патниците од ЕУ, како и оние од трети земји поврзани на системот, ќе може да продолжат да го користат дигиталниот сертификат за патување во рамките на Унијата во земјите членки, каде што овие сертификати и понатаму се потребни.
Во соопштението на Советот на ЕУ се наведува дека дигиталниот сертификат за К0вид-19 одигра важна улога во овозможувањето слободно движење на луѓето за време на пандемија и дека регулативата може да се укине порано доколку тоа го дозволи здравствената состојба.
Иако во поголем број земји членки употребата на дигиталните ковид-сертификати во моментот не е задолжителна за слободно патување, поради зголемениот број на заразени и хоспитализирани поради вирусот Sars-Cov2, тој би можел да се врати во употреба за патување во Европа во наредниот период.