Свет
Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година, се заклучува денеска во извештајот за таа надбискупија, во кој, според Си-ен-ен, се отфрла долгогодишното негирање на Бенедикт.
„Тој бил информиран за фактите. Сметаме дека тој може да биде обвинет за недолично однесување во четири случаи“, изјави адвокатот Мартин Пуш во Минхен, член на комисијата што ги објави резултатите од истрагата.
Тој додава дека два од наведените четири случаи се однесуваат на злоупотреби направени за време на неговиот мандат и биле санкционирани од државата.
Сепак, Бенедикт продолжува да ги негира наводите, изјавија адвокатите од фирмата „Вестфал Спилкер Вастл“ додека ги откриваа наодите од нивната истрага за сексуалната злоупотреба во надбискупијата во Минхен, која траела со децении.
Адвокатот Пуш рече дека за време на мандатот на папата Бенедикт XVI имало случаи на злоупотреба и дека сторителите на тие дела продолжиле да работат без никакви санкции во службата.
„Тој тврди дека не знаел за одредени факти иако, според она што ние го знаеме, сметаме дека тоа не е така“, рече Пуш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Русите повторно тестираа „Циркон“

Русија успешно ја тестираше хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилот прелетал околу 1.000 километри.
Проектилот бил испукан од Баренцовото море и погодил цел во Белото Море, тврди министерството.
На видеото објавено од министерството се гледа како проектилот е испукан од брод. Рускиот претседател Владимир Путин претходно го опиша „Циркон“ како дел од новата генерација на вооружени системи како ниеден друг.
Русија минатата година изврши неколку тестови на ракетата. Минатиот месец пробно ја лансираше новата интерконтинентална ракета „Сармат“, која може да носи нуклеарни боеви глави, потсетува Ројтерс.
Свет
Трамп: Финансирањето на безбедноста во училиштата треба да биде приоритет, а не помагањето на Украина

За САД приоритет треба да биде финансирањето на безбедноста на училиштата, а не помагањето на Украина, изјави поранешниот претседател Доналд Трамп.
Трамп го кажа ова неколку дена по масовното пукање во Тексас, во кое загинаа 19 ученици во локално основно училиште.
„Ако САД можат да испратат милијарди долари во странство во Украина, ние би требало да можеме да направиме се’ што е потребно дома за да ги зачуваме нашите деца безбедни“, рече Трамп на конференцијата на Националната асоцијација на сопственици на оружје (НРА) во Хјустон, пренесе „Би-би-си“.
„Потрошивме милијарди долари во Ирак и Авганистан, а за тоа не добивме ништо“, рече Трамп за време на вчерашниот говор, предизвикувајќи силен аплауз од учесниците на конвенцијата на НРА.
Конвенцијата рекламира оружје и се залага за бесплатно купување и носење, а поради трагедијата во Тексас, неколку конзервативни говорници и музичари го откажаа своето учество, вклучително и производителот на оружје што напаѓачот го користел во училиштето во Јувалде.
Свет
Украинците објавија видео: „Добивме моќни противбродски ракети од Запад“

Украинската армија се пофали на својот Фејсбук дека била снабдена со копнени фрлачи на моќни противбродски ракети од типот Харпун, заедно со придружните проектили.
„Тоа се испораки од Холандија, Велика Британија и Данска, а наскоро ќе се приклучат и други земји. Овие проектили ќе ја бранат Украина од непријателските руски бродови во Црното Море“, се вели во соопштението на украинската војска.
„И други бродови на агресорот ќе му се придружат на крстосувачот Москва на дното на Црното Море“, се вели во соопштението.