Контакт

Европа

Скици за ,,Малиот принц” пронајдени во стара куќа во Швајцарија

Објавено пред

Скиците за „Малиот принц“ изработени од францускиот писател и пилот Антоан де Сент Егзипери се пронајдени во стара куќа на северот на Швајцарија, каде што ги чувал еден богаташ заедно со десетици илјади други уметнички дела.

Цртежите, купени пред повеќе од 30 години на аукција во Швајцарија, биле ставени во картони и добро се сочувани, изјави Елизабет Гросман, претставничка на Фондацијата за уметност, култура и историја во Цирих. Според неа, пронајдени се три скици изработени на хартија за авионска пошта. Сопственик е колекционерот Бруно Стефанини, кој починал во декември 2018 година, а скиците ги купил во 1986 година.

Засега, сè уште не е познато која ќе биде понатамошната судбина на цртежите за делото што го напиша Сент Егзипери во Њујорк. Писателот сам направил цртежи и илустрации за книгата.

Книгата ,,Малиот принц” е преведена на 250 јазици и продадена е во 145 милиони примероци, со што е една од најпродаваните книги во светот. Според неа, во 1974 година е снимен американско-британски долгометражен филм, а четири години подоцна и јапонска ТВ-серија.

Европа

Швајцарски ловци го следеа авионот на руската делегација сè до Франција

Објавено пред

Два ловца на швајцарските воздухопловни сили неколку минути го придружуваа авионот на „Росија ерлајнс“ на летот од Москва до Марсеј, а во кој се наоѓаа членовите на руската делегација што се упати кон Франција за да присуствува на разговорите меѓу претседателот Путин и Макрон.

Според ТАСС, во авионот се наоѓале портпаролот и советникот на рускиот претседател, Дмитриј Песков и Јури Ушаков, како и група новинари.

Кога авионот влегол во швајцарскиот воздушен простор, до него се приближиле два борбени авиона, по еден од секоја страна, на надморска височина од 10,6 километри.

Тие наизменично се приближувале кон рускиот авион и во некои моменти летале на само неколку метри оддалеченот од неговите крила.

Ловците го следеле авионот сè до границата со Франција.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ: Подготвени сме за брегзит без договор, но Лондон ќе загуби многу поради тоа

Објавено пред

Европската комисија соопшти дека Унијата е подготвена за брегзит без договор, но дека од таква варијанта најмногу би загубила Велика Британија.

„Комисијата во овој момент не смета дека е неопходно да се преземаат дополнителни мерки за подоготвка на такво сценарио“, изјави портпаролката на ЕК, Наташа Берто, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Таа истакна дека брегзит без договор очигледно ќе направи големи тешкотии за граѓаните и за компаниите.

„Тие многу посилно ќе се почувствуваат во Велика Британија отколку во 27-те членки на Европската Унија“, изјави портпаролката на ЕК.

Берто нагласи дека претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, смета дека ако се спроведе брегзит без договор, Британците ќе загубат најмногу.

Прикажи повеќе...

Европа

Почина основачот на „Јиск“

Објавено пред

На 71-годишна возраст утрово почина Ларс Ларсен, основачот на „Јиск“. Тој меѓу колегите бил познат по прекарот Трговец. Ларсен починал во својот дом во близина на Силкеборг, Данска, во кругот на најблиските членови на семејство, соопштија од компанијата.

Ларс Ларсен ги остави зад себе сопругата Кристина, нивните две деца и четири внуци.

„Денес го изгубивме нашиот татко, сопруг и дедо и Данска изгуби вистински извонреден трговец. На сите ќе ни недостига и ова е голема загуба, но ќе дадеме сè од себе за да продолжиме да го развиваме неговото импресивно животно дело “, рече синот на Ларсен, Jacејкоб Брунсборг, кој ја презеде функцијата претседател на Групацијата Ларс Ларсен во јуни кога татко му се пензионира.

Ларс Ларсен ја основа компанијата во 1979 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија3 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија6 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ7 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија7 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија7 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа8 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет9 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија20 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет21 час

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет21 час

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија22 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет22 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт1 ден

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Досие