Контакт

Свет

Следен состанок на Трамп и Ким на почетокот од следната година

Објавено пред

Следниот состанок на американскиот претседател, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун веројатно ќе се случи на почетокот од следната година, изјави висок претставник на американската администрација, пренесуваат новинските агенции.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео се надева дека наскоро ќе се состане со неговиот севернокорејски колега за да ги постават темелите за напредок во денуклеаризацијата, во пресрет на следниот состанок.

 

Регион

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Објавено пред

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот на 9-годишно девојче, на автопатот Ниш-Белград.

Тие забележале човек како покрај патот стои и во рацете држи дете кое било во бесвесна состојба. Човекот се обидувал да го освести детето, кое не давало знаци на живот.

Полицајците веднаш реагирале и дошле до човекот за да му помогнат.

„Стоевме на автопатот Белград-Ниш и со радар меревме брзина на возилата, кога видовме комбе како застана, а возачот ни рече дека на патот стои маж и се обидува да ги застане возилата. Потоа и други ни рекоа дека човекот во рацете држеи дете“ раскажуваат полицајците Александар и Владан.

Тиа велат дека ситуацијата била навистина сериозна, дека сите биле потресени. Со ротационо светло возеле кон човекот и тоа во спротивна насока, па морале да им блендираат на другите возила за да сфатат дека се работи за вонредна состојба. Сликата која ја затекнале била многу потресна, раскажуваат двајцата полицајци.

„Кога стигнавме видовме татко како го држи своето дете во раце, додека главата му ја држи со лактот за да не падне, зошто беше во несвест. Мајката цело време го држеше јазикот на детето за да не се загуши. Веднаш им рековме да влезат во нашето возило и тргнавме кон Белград. Додека се возевме комунициравме со службите на итна помош за тоа каде е најдобро да застанеме и да го пренесеме детето“ се присетува Александар Миленковиќ.

Велат дека цело време не знаеле дали девојчето е воопшто живо, но кога пристигнала брзата помош тие го разбудиле детето, кое подоцна било хоспитализирано.

Прикажи повеќе...

Свет

Јункер итно пренесен на операција

Објавено пред

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер морал да го скрати одморот во Австрија, поради медицински причини, стои во соопштението од Европската комисија.

Јункер е префрлен во Луксембург, каде итно ќе претрпи итна холецистектомија, хируршко отстранување на жолчното ќесе, соопшти Брисел.

Некогашниот премиер на Луксембург, на чело на Европската комисија се наоѓа од 2014 година, а мандатот му истекува на крајот на октомври.

Прикажи повеќе...

Свет

Во воздушен напад во Сирија убиени над 20 цивили, меѓу кои и деца

Објавено пред

Повеќе од 20 цивили, меѓу кои 11 деца во изминатите два дена загинале во северозападна Сирија, која е под контрола на бунтовниците, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Како што наведуваат од опсерваторијата, во воздушен напад изведен утрово над селото Деир загинале седум луѓе, поголем дел од нив биле деца.

Според директорот на Опсерваторијата, Рами Абдулрахман, целта на сириската Влада била да ги натера цивилите да побегнат од подрачјата кои биле недопрени за време на ескалациите на судирите, што почнаа кон крајот на април.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 минути

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет2 часа

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет3 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион7 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ8 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет8 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет10 часа

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет10 часа

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура10 часа

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија11 час

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија12 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија1 ден

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ1 ден

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија1 ден

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ1 ден

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија1 ден

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Свет1 ден

Трамп сака да го купи Гренланд

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. За ваквата намера тој во повеќе наврати контактирал со данската влада, а...

Свет1 ден

Северна Кореја повторно лансираше две ракети што паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул,...

Европа2 дена

Пронајден цртеж на Да Винчи што бил сoкриен 500 години под неговото ремек-дело

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сoкриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во...

Регион2 дена

Грција се бори со шумските пожари, гори на неколку острови

Грчките власти испратија засилувања на пожарникарите кои се борат со голем шумски пожар во природен резерват на островот Евија, додека...

Досие