Свет
Словачкиот премиер: На ЕУ и е потребна Русија, а на Москва и е потребна ЕУ
Европската комисија врши притисок со цел да го запре транзитот на нафта и гас од исток кон запад, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Се мачиме со тоа што има огромен притисок од Европската комисија ништо да не оди од исток кон запад и никому да не му е гајле што имаме некакво „Општество“, некакви гасоводи““, рече Фицо на прес-конференција, пренесува Спутник.
Тој посочи и дека е подготвен да вложи напори за обновување на односите со Русија, бидејќи Москва и Брисел си имаат потреба еден од друг.
„Доколку војната заврши за време на мандатот на оваа влада, ќе направам се, за да ги вратам економските и нормалните односи со Русија. Ќе направам се, бидејќи на Европската унија и е потребна Русија, а на Москва, се разбира, и е потребна ЕУ“, рече Фицо.
Тој истакна и дека неговата изјава дека нема воено решение за украинскиот конфликт се потврдува со текот на времето.
„Фактот дека нема воено решение за украинскиот конфликт го потврдуваат зборовите на многу политичари кои веќе зборуваат за компромиси, за тоа дека Украина треба да се подготви за некаков компромис“, подвлече словачкиот премиер.
Претходно словачкиот премиер најави дека на 7 октомври со својот украински колега ќе разговара за можноста за продолжување на транзитот на нафта и гас низ Украина.
Според него, Словачка е исклучително заинтересирана да се осигура дека нема прекини во транзитот на нафта и гас низ Украина, пренесува Спутник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Од 9 декември Холандија ќе воведе контроли на копнените граници и за патниците од земјите од Шенген
Холандија има намера да воведе контрола на копнените граници од 9 декември за патниците од сите земји на ЕУ кои се во Шенген зоната, како и за некои странци кои патуваат во Холандија со авиони од земјите потписнички на Шенгенскиот договор, соопшти Министерството за миграција.
Проверките ќе траат шест месеци.
Според Ројтерс, оваа одлука на холандските власти следи по слична одлука донесена во соседна Германија.
Свет
Малолетник планирал да направи масакр на Божик во Германија
Полицијата во средата вечерта привела 17-годишник во Елмшорн, под сомнение дека планирал да изврши терористички напад за време на божиќниот базар и да убие луѓе со камион.
Медиумите јавуваат дека станувало збор за тинејџер со германско-турско потекло. Полицијата ги проследила неговите комуникации и констатирала вознемирувачки информации, по што бил лоциран и уапсен.
Според информациите на Билд, се смета дека зад малолетникот стојат исламисти.
Предупредување дека може да има напад дојде до германските разузнавачи од американски колеги.
„Можеме да потврдиме дека водиме истрага, а поради сомнение дека уапсениот планирал да изврши кривично дело, со цел да предизвика смрт на поголем број лица“, соопштило обвинителството.
Регион
Вучевиќ: Разговорот на Вучиќ со Трамп е добар знак за нашата земја
Српскиот премиер Милош Вучиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ бил меѓу првите лидери кои разговарале со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и дека тоа е добар знак за Србија.
Вучиќ изјавил дека ова е добра вест за земјата и дека бил задоволен од разговорот на кој присуствувал и Илон Маск.
„Претпоставувам дека тоа е добар знак за Србија. Претпоставувам дека тоа е нешто со што треба да се гордееме, добра вест“, изјави Вучевиќ.
Милош Вучевиќ изјави и дека најважно во овој момент е државните органи да утврдат зошто и како се урнала настрешницата на железничката станица во Нови Сад, што го очекуваат и семејствата на загинатите во таа огромна трагедија и најави дека обвинителството може во следните два-три дена да излезе со првите информации.