Контакт

Свет

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Објавено пред

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан во Братислава, пренесуваат локални медиуми.

Ласло Солимос наводно е фатен поради напад на персоналот на ресторанот и уништување на инвентарот, а според полицијата, еден вработен во ресторанот по нападот побарал и лекарска помош.

Полицијата не го соопшти идентитетот на извршителот, но порталот „Плуска.ск“ пренела дека се работи за министерот Солимос, кој е член на унгарско-словачката партија Мост Хид.

Како што пренесуваат медиумите, уапсеното лице, кое било во алкохолизирана состојба, гласно протестирало поради апсењето тврдејќи дека е министер за животна средина.

Словачкиот премиер, Петер Пелегрини, го повикал Солимос и побарал јавно извинување од него, а министерот по средбата објавил дека поднесува оставка.

Регион

Потврдени два нови случаи на коронавирус во Грција

Објавено пред

Во Грција во изминатите 24 часа потврдени се два нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени изнесува три лица, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

Во едниот од случаите се работи за роднина на 38-годишната жена од Солун, која во текот на вчерашниот ден беше првиот потврден случај во Грција. Таа допатувала од Милано во северна Италија, епицентарот на појавата на коронавирус во Европа.

Третиот пријавен случај е во Атина и станува збор за жена која исто така допатувала од северна Италија.

Со одлука на надлежните, се откажува традиционалниот карневал во крајбрежниот град Патра што беше закажан за 1 март.

Прикажи повеќе...

Свет

Јапонија ќе ги затвори сите училишта до март поради коронавирусот

Објавено пред

Јапонија ќе ги затвори сите училишта во обид да го спречи ширењето на коронавирусот.
Премиерот Шинзо Абе ги замоли сите јапонски училишта да бидат затворени еден месец за да помогнат да се спречи ширењето на вирусот. Ова е втора земја, по Кина, којашто ги затвора училиштата поради епидемијата.

Говорејќи пред состанокот на работна група за коронавирусот,  Абе рече дека  „приоритет му е здравјето и безбедноста на децата“ и се обидува да превенира широка распространетост на вирусот.

Бројот на случаи на коронавирус постојано се зголемува во Јапонија, достигнувајќи 186, вклучувајќи и четири смртни случаи. Исто така, има повеќе од 700 случаи и четворица смртни случаи на бродот закотвен во Јокохама, Јапонија.

Абе рече дека училиштата треба да останат затворени до пролетната пауза. Јапонската учебна година завршува во март, а новата година обично започнува на почетокот на април.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Саудиска Арабија со вонредни мерки – го забрани аџилакот на светите места

Објавено пред

Саудиска Арабија воведе вонредна мерка поради коронавирусот и го забрани патувањето до најсветите места на исламот. Мерката предвидува забрана за странците да ги посетат светиот град Мека и  Ќаба.

Одлуката важи и за патувањата до џамијата на пророкот Мухамед во Медина. Властите, исто така, го забранија влегувањето во кралството за сите со туристички визи од нациите погодени од новиот вирус.Во Саудиска Арабија нема потврдени случаи на новиот коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија27 минути

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија1 час

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија1 час

Жена вратена од Рим со делумно позитивен тест за коронавирус

Тестирање за коронавирус кај жена што се вратила од Рим дало делумно позитивни резултати, извести денес министерот за здравство, Венко...

Македонија2 часа

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ2 часа

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија3 часа

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Македонија3 часа

Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во...

Регион3 часа

Црногорци уапсени со пет тони кокаин на брод во Венецуела

На бродот „Ареса“ во Венецуела се запленети еден тон, а потоа уште четири тони кокаин и уапсени се црногорски државјани,...

Свет4 часа

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет4 часа

(Видео) САД: Добил отказ во пиварница, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пиварница на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа5 часа

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар што избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија5 часа

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на  локации од невремето. Ветерот,...

Македонија15 часа

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија16 часа

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Регион17 часа

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж...

Македонија20 часа

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија20 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија1 ден

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет1 ден

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Досие