Свет
Службеници од јапонско Министерство добија казни за скандалот со скапи вечери

Јапонското Министерство за телекомуникации казни 32 службеници за кршење на етичкиот кодекс бидејќи компаниите што ги надгледувале им плаќале скапи оброци.
Скандалот избувна во февруари по извештајот дека извршителите на сателитскиот радиодифузер „Тохокушинша филм“, меѓу кој бил и синот на премиерот Јошихиде Суга, Сеиго, ги третирале службените лица на Министерството со скапи вечери, потсетува агенцијата „Кјодо“.
Сличен случај се случи подоцна со телеком-гигантот НТТ.
Независно тело во Министерството во март почна внатрешна истрага дали забавата на службениците од Министерството за телекомуникации влијае врз издавањето радиодифузни дозволи.
Од 32 службени лица, против девет се поведени дисциплински мерки, вклучително и петмина службеници, на кои им се одбиени плати, а на преостанатите 23 им е изречена опомена вклучувајќи го и заменик-министерот Буичир Курода.
Министерот за внатрешни работи и комуникации, Рјота Такеда, доброволно се откажа од тримесечната плата и се извини на прес-конференција за „предавството на јавната доверба во владата“.
„Тохокушинша филм“ исто така спроведе своја истрага и потврди 54 случаи на службени лица однесени на скапи вечери помеѓу ноември 2015 година и декември 2020 година, а Сеиго Суга бил на 22.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Захарова: Нема легален начин да украдеш нешто од другите и да си го земеш за себе

Русија ќе возврати на обидите на Западот да ги заплени руските средства за да и ги предаде на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Обидите за посегнување на рускиот имот и средства ќе се сметаат за грабеж и нема да останат без одговор – изјави таа за новинарите.
Захарова посочи дека не постои правен начин за експропријација на рускиот имот, пренесе ТАСС.
– Се разбира, разбирам дека во светот што сега го наметнува колективниот Запад се е можно, но ако зборуваме за право и правда кои важат со децении, не постои легален начин да се украде нешто од другите и да го земете за себе – нагласи Захарова.
Свет
ФБИ го претресува домот на Бајден

ФБИ го претресува домот на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер, изјави неговиот адвокат, а пренесе Би-би-си. Адвокатот на Бајден вели дека претседателот не барал налог за претрес.
Да потсетиме, минатата есен во приватната канцеларија на Бајден беа откриени доверливи документи, а јавноста за тоа дозна минатиот месец.
Документите датираат од времето кога Бајден беше потпретседател за време на двата претседателски мандати на Барак Обама. Јавниот обвинител Мерик Гарланд побара од државниот обвинител во Чикаго да го истражи случајот.
Адвокатите на Бајден тврдат дека ги пронашле доверливите материјали во ноември за време на затворањето на канцеларијата на Бајден во Вашингтон.
Бајден ја искористи канцеларијата како дел од неговата соработка со Универзитетот во Пенсилванија, каде беше почесен професор од 2017 до 2019 година, пишува Си-ен-ен.
Во канцеларијата биле пронајдени помалку од десетина доверливи документи, потврдил извор за Си-Ен-Ен.
Се уште не е јасно на што се однесуваат документите и зошто се однесени во приватната канцеларија на Бајден,пренесе Индекс.хр.
Свет
Американка уапсена во Москва откако прошетала теле низ Црвениот плоштад

Американката Алиша Деј е уапсена денеска и осудена на руски суд откако прошетала теле низ Црвениот плоштад во Москва, објави Ројтерс.
Според руските државни медиуми, Алиша Деј рекла дека го купила телето за да го спаси од колење.
Деј беше казнета со 285 долари за попречување на пешаците за време на нејзиниот незаконски протест и беше осудена на 13 дена затвор поради непочитување на полициската наредба,пренесе Танјуг.