Свет
Случај на мајмунска сипаница е регистриран и во Канада

Канадската државна здравствена агенција во четвртокот потврди два случаи на инфекција со мајмунска сипаница, откако властите на провинцијата Квебек објавија дека истражуваат 17 сомнителни случаи.
Неколку земји, вклучувајќи ги Португалија, Велика Британија и Шпанија, неодамна пријавија случаи на мајмунски сипаници, додека во средата во Масачусетс беше потврдено дека маж кој неодамна отпатувал во Квебек, Канада, се заразил со вирусот, објави „Ројтерс“.
Провинцијата Квебек беше информирана дека два примерока тестирани во Националната микробиолошка лабораторија се позитивни на мајмунски сипаници.
Ова се првите два потврдени случаи во Канада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Масовно пукање на парада во САД, има мртви, напаѓачот и натаму е во бегство

Празничната парада во САД на 4 јули се претвори во хаос, врескање и паника кога имаше пукање за време на настанот во Хајленд Парк во Илиноис.
На социјалните мрежи се појави видео од парадата кога одекнаа истрели проследени со паника.
?|BREAKING NEWS: Multiple people shot at July 4th parade in Highland Park, Illinois pic.twitter.com/QImMHHU2Lc
— News For All (@NewsForAlI) July 4, 2022
Најмалку 9 лица загинале, а десетици се ранети, информираа од полицијата.
Очевидци велат дека виделе најмалку пет крвави луѓе како лежат на земјата.
My video.. I was at #Highland Park parade.. Terrified people fleeing July 4th parade when shooting started. pic.twitter.com/DSe0NJOuem
— Lynn Sweet (@lynnsweet) July 4, 2022
Луѓето почнале да бегаат, а еден од сведоците изјави за Си-ен-ен дека слушнал 20-25 истрели.
Напаѓачот пукал од врвот на една од околните згради и сѐ уште не е уапсен.
Регион
Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека неговата земја организира свадба веќе три години и дека чека невестата да пристигне од Брисел, но ја нема.
„Мислам дека преговорите требаше да се отворат пред многу години, можеби ќе биде в година, но нема да се откажеме од сонот. Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Ја чекавме невестата да дојде од Брисел, но таа не дојде“, изјави Рама.
Тој истакна дека ЕУ треба да го смени својот став и да не им остава на политичарите да се занимаваат со историјата, како што е случајот со Бугарија.
„Ние сме Балканот што доаѓа со некои проблеми, сакаме да бидеме дел од ЕУ, а потоа ако земјите како Бугарија во овој случај го користат ветото за да разговараат за историјата на политичко ниво, тоа е уште покомплицирано. Генерално, јас мислам дека секогаш кога политичарите се занимаваат со историјата за да ја решат, најверојатниот резултат е историјата да се направи уште покомплицирана. Сето ова е срам, но срам поврзан со духот на експанзијата. Бугарија е најистакнат пример за овој изопачен дух. ЕУ мора да се промени, не смее повеќе да функционира вака, една држава да зема друга земја како заложник“, рече тој.
Европа
(Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници

Во неделата борбени авиони „ФА-18“ на шпанските воздухопловни сили пресретнаа патнички авион „изиџет“, кој летал кон шпанскиот град Махон.
Патничкиот авион полетал од Англија.
На видеото се гледа блиска средба на еден од борбените авиони и патничкиот „ербас“.
An easyJet flight En-route to Mahon today was intercepted by fighter jets, thankfully it was a false alarm ?
— Flight Emergency (@FlightEmergency) July 3, 2022
Се известува и дека патничкиот авион морал принудно да слета, а потоа бил уапсен тинејџер. Исто така, специјалната полиција извршила безбедносна проверка на авионот со помош на куче трагач.
Авионот, како што се наведува, по слетувањето, веднаш бил отстранет од главниот терминал.