Свет
Соборен руски авион во Украина, загина висок генерал

Пензионираниот генерал на руските воздухопловни сили Канамат Боташев загина откако неговиот авион беше соборен во воздушниот простор на Украина, пишува Би-Би-Си Русија.
Тој, наводно, е највисоко рангираниот руски пилот кој загинал во Украина.
Сето тоа наводно се случило во неделата на 22 мај.
⚡️BBC Russia: Retired Russian general killed in Ukraine’s airspace.
Major General Kanamat Botashev has been shot down while flying over Luhansk Oblast, BBC Russia reported. Botashev is reportedly the highest-ranking Russian pilot killed in Ukraine.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 24, 2022
Генералштабот на Украина соопшти дека рускиот напаѓачки авион Сухој бил соборен над Луганската област и дека пилотот не успеал да се катапултира од авионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Демонстранти упаднаа во парламентот во Либија, се протестира и против големите цени на струја

Демонстранти упаднаа во парламентот во градот Тобрук на истокот на Либија и наводно запалиле дел од зградата на собранието, јави денеска Би-би-си.
Фотографиите објавени на интернет покажуваат густи облаци од чад додека демонстрантите палат гуми на улица, пишува медиумот.
🇱🇾#lybia/ LIBYANS BURN DOWN PARLIAMENT. pic.twitter.com/v0yijp4XcK
— 🇹🇳BEN YOUSSEF Belhassen بن يوسف بلحسن (@BBYBENYOUSSEF) July 2, 2022
Протести се одржаа и во други либиски градови поради постојаните прекини на струја, зголемените цени и политичкиот ќорсокак, а во главниот град Триполи, каде што политичките ривали се во владата, демонстрантите бараат предвремени избори. Тоа барање го поддржа и шефот на привремената влада, Абдул Хамид Дбеибах, кој изјавил дека е неопходно да се сменат сите институции во земјата.
Протестите во Либија започнаа еден ден откако преговорите за изборите во Женева со посредство на Обединетите нации завршија без видлив напредок.
Либија е во хаос од бунтот поддржан од НАТО во 2011 година против долгогодишниот шеф на државата, полковникот Моамер ел Гадафи, анализираат медиумите.
Оваа земја богата со нафта е клучна како почетна точка за илјадници бегалци кои сакаат да стигнат до Европа.
Либија порано имаше висок животен стандард, еден од највисоките во Африка, со бесплатно здравство и бесплатно образование.
Регион
Деветгодишно момче загина од удар на гром во Црна Гора

Во селото Краденик, во Црна Гора во саботата околу 18:00 часот од удар на гром во големо невреме загинало деветгодишно момче А.Ф. а едно женско лице било повредено, но не побарало лекарска помош, јавуваа тамошните медиуми.
Како што информираат од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа на Црна Гора, момчето загинало додека вршело земјоделски работи.
Веднаш по веста за ударот на гром, на местото на трагедијата пристигнала екипа на итната помош, но лекарите го пронашле детето без знаци на живот, па не помогнала ниту реанимацијата која следела.
Несреќното момче му помагало на семејството кое го собирало сеното на ливадата, кога почнало невремето.
Македонија
Асен Василев: „За македонското прашање си ја завршивме работата“

„Ние ја завршивме нашата работа за македонското прашање“, изјави во Бугарија Асен Василев, кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“, пренесуваат бугарските медиуми.
„Колегите од Република Северна Македонија сметаат дека овој предлог е пробугарски“, рече Василев на излезот од средбата за коалициски преговори, одговарајќи на новинарско прашање.
„Треба да бидеме задоволни со тоа што овој пробугарски предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас“, нагласи Василев.