Контакт

Свет

Советникот на саудискиот принц не е меѓу обвинетите за убиството на Кашоги

Објавено пред

Советникот на принцот Мохамед бин Салман, кој е обвинет поради поврзаност со убиството на новинарот Џамал Кашоги, не е меѓу 11 осомничени за убиството на тајно судење во Ријад, иако Саудијците ветија дека ќе ги приведат одговорните за извршеното дело, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори.

Саудискиот јавен обвинител обвини 11 неименувани осомничени лица во ноември, вклучително петмина кои би можеле да бидат осудени на смртна казна поради наредба и извршување на злосторството.

ЦИА и некои западни служби веруваат дека престолонаследникот Мохамед бин Салман го наредил убиството, додека Саудиска Арабија негира.

Сауд ал-Катани, поранешен близок соработник на престолонаследникот, не е обвинет и не бил присутен на судењето кое почна во март, изјавиле за Ројтерс, седум извори, запознаени со судењето.

Два регионални извори од тајните служби рекле за Ројтерс неколку недели по убиството, дека Катани го надгледувал убиството на Кашоги и давал наредби преку Скајп на тимот за безбедност и разузнавачките оперативци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Масовна евакуација, вулканот во Перу почна да исфрла пепел

Објавено пред

Повеќе стотици луѓе се евакуирани во Перу откако вулканот Убинас почнал да исфрла пепел.

Националниот институт за цивилна заштита наредил евакуација на околу илјада луѓе во регионот Мокенгва, откако бил исфрлен пепел и до 25 километри околу вулканот поради две експлозии.

Во градовите околу вулканот била откажана училишната настава, а на жителите им се поделени маски и очила како заштита од пепелот.

Убинас е најактивниот вулкан во Перу.

Прикажи повеќе...

Свет

Тензиите растат, иранската гарда заплени танкер под британско знаме

Објавено пред

Иранската револуционерна гарда заплени танкер во Голфскиот Залив, кој според наводите на иранските медиуми, пловел под знаме на Велика Британија.

Сопствениците на бродот, кој се движел кон Саудиска Арабија, рекле дека не можеле да контактираат со никој од танкерот, но дека тоа се движело северно кон Ирак.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги испитува наводите.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп потврди дека собориле ирански дрон

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД собориле ирански дрон, кој претставувал опасност за американски брод во Ормускиот Проток.

„Нема сомнеж, го собривме“, категорично изјави Трамп.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џон Болтон, исто така, нагласи дека не треба да постои сомнеж оти тоа било ирански дрон.

Претходно, иранското Министерство за надворешни работи демантираше дека САД собориле ирански дрон, туку дека тоа било американско беспилотно летало.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

(Видео) Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ...

Македонија11 час

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија11 час

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија12 часа

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија12 часа

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија15 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија15 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија16 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија18 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет18 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт19 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија1 ден

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет1 ден

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет1 ден

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ1 ден

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија2 дена

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија2 дена

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет2 дена

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија2 дена

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Досие