Контакт

Свет

Советот за безбедност на ОН зад затворени врати ќе ја разгледува ситуацијата во Јемен

Објавено пред

Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи состанок зад затворени врати посветен на ситуацијата во Јемен, објавија дипломатски извори.

Во Јемен, во најновиот напад на арапската коалиција загинаа повеќе од 50 лица, од кои 29 деца.

Состанокот ќе се одржи на барање на Боливија, Холандија, Перу, Полска и Шведска, земји кои не се постојани членки на Советот.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија од 26 март 2015 година ги бомбардира позициите на шиитските бунтовници од племето Хути. Оваа коалиција го поддржува претседателот на Јемен, Абд Рабо Мансур ел Хади, кој со заострувањето на конфликтот беше принуден да побегне од земјата.

Во Јемен во граѓанската војна од март 2015 година загинаа 10 000 луѓе, а неколку десетици илјади се повредени. Вооружениот конфликт предизвика 2,5 милиони луѓе да побегнат од своите домови.

Јемен, кој исто така е погоден и од тешка хуманитарна криза, важи за една од најсиромашните земји на Блискиот Исток.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Почна дебатата за недоверба на владата на британската премиерка Тереза Меј

Објавено пред

Во бритнаскиот парламент започна дебата, пред гласањето на недоверба во владата на премиерката Тереза ​​Меј.

Во првото обраќање на лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави дека Меј водела како што рече ‘зомби влада’.

„Ројтер“с објави дека Корбин изјавил дека владата треба да побара нови избори откако предлогот на Меј за договорот од брегзит вчера беше во голема мера отфрлен во парламентот.

„Ако владата не може да протурка сопствен закон во парламнетот, мора да и се обрати на нацијата за нов мандат. Нема сомнеж дека ова е вистинска зомби влада”, рече Корбин.

АП објави дека водачот на Лабуристите, исто така, и порачал на Меј да ја направи вистинската работа и да поднесе оставка.

Агенцијата потсетува дека премиерката веќе одби да поднесе оставка и наведува дека на владата најверојатно денеска ќе и биде изгласана доверба, благодарение на нејзината Конзервативна партија и нејзините сојузници. Во случај да биде изгласана недоверба, АП пишува дека предвремените парламентарни избори, најверојатно, ќе мора се одржат во Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсен педофилот што им испраќал подароци за родителите преку „Али експрес“, а за возврат добивал голи фотографии на деца

Објавено пред

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, одделот за спречување високотехнолошки криминал, во соработка со специјалниот оддел за борба против високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсија Д.К. (42) од Белград под сомневање дека сторил кривично дело прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и злоупотреба на малолетно лице за порнографија.

За време на претресот на осомничениот, полицијата пронајде и конфискува компјутерска опрема со 42,5 гигабајти содржина настаната преку искористување деца за порнографски цели, преземени од интернет, а на мобилниот телефон на осомничениот пронајдени се 826 фотографии и 120 видеа, во кои децата се искористуваат за порнографски цели.

Постои сомневање дека Д.К., освен преку преземање од интернет, содржините ги набавувал и преку комуникација со луѓе од странство, така што во замена за подароците што им ги праќал преку „Али експрес“,  стекнал фотографии и видеа од нивните деца, кои се користат за порнографија.

Осомничениот е приведен со кривична пријава пред канцеларијата на надлежниот обвинител.

Прикажи повеќе...

Вести

Курц: Одлуката на британскиот Парламент е лоша и за земјата и за ЕУ

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека би сакал да им остави време на Британците за да не дојде до премногу ненадеен излез од Европската Унија и нагласи дека за договорот за брегзит не може повторно да се преговара.

„Но, желбата за тоа мора да дојде од Велика Британија“, рече Курц.

Иако одлуката на британскиот Парламент беше очекувана, таа е лоша и за земјата и за ЕУ, додаде Курц во својата изјава по седницата на австриската влада.

Британскиот Парламент синоќа со 432 пратенички гласа „против“ и само 202 пратеници „за“ го отфрли договорот за брегзит што премиерката Тереза Меј го склучи со Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија1 час

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија1 час

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија2 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија3 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија4 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија4 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија5 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија6 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион6 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести6 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија6 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет7 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет7 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет8 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет9 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет19 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион20 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион20 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет21 час

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Досие