Контакт

Свет

Советот за безбедност не ја поддржа резолуцијата на Русија

Објавено пред

Со три гласа „за“, осум „против“ и четири воздржани Советот за безбедност ја отфрли руската нацрт-резолуција за осуда на нападите на Сирија. За резолуцијата гласаа само Русија, Кина и Боливија.

Москва до Советот за безбедност предложи нацрт резолуција каде бараше да биде осудена агресијата на САД и нејзините сојузници на Сирија и кршење на меѓународното право од повелбите на Обединетите Нации.

За усвојување на резолуцијата потребни беа најмалку девет гласови.

Свет

Во последните 24 часа во светот се потврдени скоро 169 илјади нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Скоро 169 илјади нови случаи на коронавирус се потврдени во светот во последните 24 часа, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Во последните 24 часа, според податоците на таа организација, починале повеќе од четири илјади лица, со што вкупниот број на смртни случаи во светот порасна на 539 илјади.

Најголем број случаи на коронавирус има во САД, по што следат Бразил, Индија и Русија.

Според сајтот Worldmeters, бројот на заразени лица во светот денес надминал 12 милиони.

Прикажи повеќе...

Регион

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

Објавено пред

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти. Никој не е сериозно повреден, изјавиле за „Танјуг“ од Брзата помош.

Брзата помош имала 112 интервенции синоќа, од кои 30 биле на јавно место.

Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, рече дека во Белград се случуваат ужасни работи.

„Полицијата нормално и рационално ја врати контролата секаде каде се случуваа насилни демонстрации и презеде мерки и активности за граѓаните да имаат слобода и никој да не ги малтретира“, рече тој.

Министерот побара надлежните обвинители да ја завршат својата работа и постапките против насилниците да се спроведат во согласност со законот, што е можно поскоро.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Задар коронавирусот се проширил на свадба со 300 гости

Објавено пред

Во областа на Задар заразени се уште три лица, кои биле во контакт со заболен здравствен работник што пред пет дена бил на свадба со 300 гости.

„Заболената млада жена, која е здравствен работник, пред пет дена била на свадба во областа на Задар. Утрово не контактираа повеќе луѓе од таа венчавка. Опишаа симптоми карактеристични за инфекција со коронавирус. Ние ги тестиравме и сите тие се позитивни“, потврди за новинарите епидемиологот Алан Медиќ.

Со оглед на тоа дека на свадбата имало 300 луѓе, Медиќ очекува да има и други со слични симптоми во наредните денови.

„Апел до сите кои биле во близок контакт со заразените да се јават кај матичниот лекар или епидемиолошката служба со цел да се одреди мерка за самоизолација. Исто така, ги замолувам сите што биле на свадбата да се однесуваат одговорно во наредните денови”, рече Медиќ додавајќи дека досега сите откриени случаи се со благи симптоми.

Како што кажа епидемиологот, добра вест е дека заболените се претежно млади луѓе чија клиничка слика не е тешка, односно се карактеризира со главоболка или малку покачена температура. Сепак, ризично е тоа што овие млади луѓе се жариште на инфекција што може да ги загрози постарите и хронично болните.

Во моментов во самоизолација се 40 лица кои биле на свадбената прослава.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 минути

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија23 минути

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион10 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион11 час

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион12 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет15 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион16 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија17 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија18 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија20 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион20 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион21 час

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион21 час

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија22 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет23 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет23 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет23 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија24 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион1 ден

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет1 ден

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Досие