Контакт

Свет

Сојузникот на Меј предупредува: Може да ја изгубиме Северна Ирска поради брегзит

Објавено пред

Демијан Грин, поранешен прв државен секретар и сојузник на Тереза Меј, за време на жестоката дебата сношти на „Би-би-си њузнјат“ ја предупреди британската премиерка да организира референдум за повторно обединување на Ирска како одговор на тврдокорните поборници за излез од ЕУ.

Грин учествуваше во програмата посветена на политиката на британската влада кон Северна Ирска. Иако тој посочи дека владата нема намери за воведување граница, коментаторот на Би-би-си побара од Грин да разјасни дали премиерката блефирала кога им рекла на евросептиците во својата партија дека ќе има уште една граница ако пресилно притискаат за брегзит.

„Не, таа, дефинитивно, не блефира. Речиси еднакво важна е практичноста на тоа. Мислам дека во голем дел од овој спор за границата, без разлика дали станува збор за Ирска или за други делови на Велика Британија, треба да ја разгледате практичноста. Сега знаеме дека има повеќе патишта што ја минуваат границата со Ирска отколку на источната граница на Европската Унија. Идејата дека може да имате традиционална граница таму не само што би била политичка глупост туку тоа нема никаква практична смисла,“ рече пратеникот.

Грин нагласи дека не им вели само на поборниците за брегзит да прават компромиси, туку дека тоа им го вели на сите.

„Им велам да бидат практични, да престанат да создаваат идеолошки кампови и да речат дека сè што сакаме е британската трговија да тече непречено.“

Пратеникот на ториевците, Џејкоб Рис-Мог, ѝ посочи на Тереза Меј дека нема сомневање оти Велика Британија ќе победи на кој било хипотетички референдум за границата со Ирска по што го спореди со гласањето за независност во Шкотска во 2015 година. Но, Меј веднаш му возврати велејќи му дека двете ситуации не се споредливи и дека е невозможно Велика Британија да биде сигурна за исходот од референдумот на цела територија.

Кампањата за повторно обединување на Ирска се засили по гласањето за излез од ЕУ, а Северна Ирска мнозински гласаше за да остане во Европската Унија. А со доближувањето на 100-годишнината од поделбата на Ирска во 1921 година поддршката за референдум за границата само ќе се зголеми во наредните месеци и години, особено со продолжувањето на процесот на брегзит.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Руска подморница успешно тестираше интерконтинентални ракети

Објавено пред

Од

Руската стратешка нуклеарна подморница од класата бореј, успешно тестираше четири интерконтинентални балистички ракети, објави агенцијата „Тас“.

„Стратешката нуклеарна подморница ‘Јури Долгоруки’ на 22 мај успешно тестираше четири интерконтинентални балистички ракети од област во Белото море до цели на полигонот Курам на полуостровот Камчатка“, објави прес-службата на руската флота.

Како што е соопштено, ракетите биле лансирани додека подморницата била под површината на водата. Ракетите од типот „булава“ имаат досег од 10.000 километри и може да носат 10 боеви глави со моќ од 150 килотони.

Прикажи повеќе...

Свет

Тинејџерот што предизвика голем пожар мора да плати глоба од 36 милиони долари

Објавено пред

Од

Тинејџерот што предизвика пожар во Орегон кој траеше со месеци мора да плати глоба во висина од 36 милиони долари.

Судијата од округот Худ Ривер, Џон Олсон, пресуди дека момчето мора да напише писма со извинување до сите луѓе што поради пожарот останале отсечени во планините на Орегон. Станува збор за 152 луѓе, според информациите на Би-би-си.

Пожарот во Игл Крик во Орегон траеше речиси три месеци и уништи неколку куќи. Беше предизвикан од страна на 15-годишник што го призна делото во февруари.

Во септември минатата година тој палел огномет во сувиот кањон Игл Крик. Огнометот предизвикал пожар, чие гансење ги чинело властите повеќе од 18 милиони долари. Момчето призна дека е виновно по осум точки од обвинението.

Во пресудата изречена вчера судот пресуди дека тинејџерот мора да плати глоба во висина од 36,6 милиони долари. Покрај тоа, тој е осуден на петгодишна условна казна и мора да одработи 1.920 часа во служба на заедницата.

Сепак, судот призна дека момчето нема финансиски средства за да ја плати оваа драконска казна. Но, според законот на Орегон, исплатата ќе може да ја запре по 10 години кога ќе заврши со општокорисната работа доколку дотогаш не направи друго кривично дело.

Прикажи повеќе...

Свет

Мадуро го протера канцеларот на американската амбасада во Каракас

Објавено пред

Од

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, го прогласи персона нон грата канцеларот на американската амбасада во Каракас, Тод Робинсон.

Мадуро наредил Робинсон и неговиот заменик, Брајан Наранхо, да бидат протерани во рок од 48 часа за наводен заговор против социјалистичката влада.

Тој додал и дека санкциите на САД се навреда за националното достоинство и предизвикуваат страдање кај луѓето, објави „Ројтерс“.

Венецуелското Министерство за надворешни работи минатата ноќ соопшти дека новите американски мерки со кои на владата на Венецуела ѝ се ограничува можноста за продажба на имот во САД се нелегални.

„Санкциите се лудило, варваризам и апсолутно контрадикторни со меѓународното право“, рече министерот за надворешни работи, Хорхе Ареаз.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во понеделникот потпиша нова мерка за ограничување на способноста на владата на Венецуела за продажба на имот по изборите во јужноамериканската земја, кои Белата куќа ги оцени како класична измама.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Заев го состави списокот: три министерства ќе добијат нови челници

Премиерот Зоран Заев попладнево го испратил предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија. Според него,...

Македонија6 часа

(Видео) Лазаревски: Го напуштив работното место во МВР за да ги заштитам бомбите

Јас го напуштив моето работно место за да ги заштитам бомбите, таа одлука не беше само моја. Постоеше некаква опасност...

Економија8 часа

(Видео) Менаџментот на „Југохром“ најавува рестартирање на комбинатот во ноември

По средбата со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, менаџментот на „Југохром“ најавува дека до ноември ќе...

Македонија8 часа

(Видео) Функционерите на ДУИ најголеми трошаџии во Владата

Вања Михајлова, експерт за антикорупција, на денешната прес-конференција во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата“ истакна дека...

Македонија9 часа

Притвор за Ѓоко Поповски, одлучи судот

Судот му одреди притвор на поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, сè додека не почне да ја издржува затворската казна....

Економија9 часа

(Видео) Тевдовски: Платите во трудоинтензивните дејности пораснаа до 21 отсто

Работниците од текстилната, кожарската и индустријата за производство на облека имаа неправедно пониско ниво на минимална плата. Ако го погледнете...

Македонија11 час

Штетата е 75% од месечната плата на обвинителката Фетаи, рече Бедредин Ибраими

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, во воведните зборови за предметот „Титаник 2″, рече дека наводната штета во предметот е...

Daily news12 часа

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува...

Забава13 часа

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Меган

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата,...

Вести14 часа

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа на Куба

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа што се случи минатата недела на Куба. Со ова, бројот на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната судска пресуда е неправда

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа...

Македонија15 часа

Пресуда за „Триста“ за Ѓоко Поповски

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, денеска во кривичниот суд во Скопје ќе ја чуе пресудата за случајот „Триста“ во...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија1 ден

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија1 ден

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија1 ден

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија1 ден

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија1 ден

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија2 дена

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет2 дена

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Досие