Свет
Со денови трае спасувањето на спелеологот во Турција – објавени нови детали и фотографии од пештерата
Продолжува големата спасувачка операција на американски спелеолог, кој беше заробен на повеќе од 1.000 метри под земјата на југот на Турција.
Марк Дики (40) бил на меѓународна истражувачка експедиција во пештерата Морка, во планините Таурус, кога доживеал гастроинтестинално крвавење на длабочина од 1.040 метри.
Повеќе од 150 турски и странски спасувачи, меѓу кои и хрватски и бугарски тим, со денови се обидуваат да го извлечат од третата најдлабока пештера во земјата.
Свршеницата на Дики, Џесика ван Орд, која беше со него за време на експедицијата, е во кампот и работи со спасувачките тимови.
Спасувачите денеска ги објави најновите информации и фотографии.
„Марк моментно се наоѓа на длабочина од 300 метри, а неговата здравствена состојба со континуирана грижа на лекарите е стабилна. Во тек се последните подготовки за транспорт на површината. Другите наши спасувачи, кои беа во најдлабоките делови, заминуваат по завршувањето на задачите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поради поплавите евакуирани 1.500 лица, се трага по две исчезнати лица во близина на градот Равена
Во италијанската провинција Емилија-Ромања, која беше погодена од поројни поплави предизвикани од обилните дождови, продолжува потрагата по две лица кои беа пријавени за исчезнати во близина на градот Равена.
Речиси 1.500 жители се евакуирани од градот Бањакавал, а на сила е црвено предупредување за екстремни временски услови кои најверојатно ќе траат до вечерва, соопштија локалните власти, а пренесува „Анса“.
Болоња, Чезена, Форли, Равена и Римини беа најтешко погодени од поплавите, а имаше и бројни одрони, јавува Танјуг.
Училиштата сè уште се затворени во областа Равена и во неколку области околу Форли-Чезен.
Во мај 2023 година, Емилија-Ромања беше погодена од поплави и одрони поврзани со врнежи, во кои загинаа 17 луѓе и предизвикаа штета од неколку милијарди евра.
Многу области кои беа поплавени вчера поради обилните врнежи веќе беа погодени од поплави во 2023 година.
Во меѓувреме, силен дожд го погоди и регионот Марке, особено градот Анкона, каде што се излеа реката.
Во Тоскана, северниот дел на регионот Муџело е во состојба на готовност откако вчера беа затворени неколку провинциски патишта поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови.
Европа
Жената која го пријави Французинот во полиција по што се откри грозоморното малтретирање на неговата сопруга: Се однесуваше бедно
Жената по име Наталија е заслужна што Доминик Пелико, кој ја дрогирал сопругата и довел непознати мажи да ја силуваат, додека тој снимал се, се наоѓа пред суд.
Пелико беше уапсен во септември 2020 година во супермаркет во Карпентрас, откако снимал жени под нивните здолништа. Пелико тогаш снимал и под здолништето на Наталија.
Во сведочењето за БФМТВ, Наталија рече дека „е среќа што го пријавиле“.
Наталија сега се присети на 12 септември 2020 година, кога сè се промени во нејзиниот живот, но и во животот на Жизел Пелико, сопругата на Доминик, која со децении трпела малтретирање без воопшто да биде свесна за тоа.
Тој ден Доминик снимил три жени, а кога ја свртел камерата кон Наталија, пришол чувар и и кажал што видел: „Тој снимаше под вашиот фустан, сакате да го пријавите?“. Тогаш Доминик Пелико беше приведен, му беше одземена компјутерската опрема и потоа беше откриен случајот со грозоморното малтретирање на неговата сопруга Жизел, кое го шокираше светот.
„Го фрлив фустанот што го носев тој ден“, изјави Наталија.
Таа се присети на сите детали од тој ден во супермаркетот.
„Се однесуваше како мал бедник, како да сакаше да каже ‘ама ништо не направив’. Мислам дека сè уште имаше став на жртва“, рече Наталија.
Кога подоцна дознала за степенот на аферата, била шокирана.
„Барем две години, ако не и повеќе, не одев во шопинг во фустан. А фустанот што го носев тој ден го фрлив“, изјави Наталија.
Делумно благодарение на жалбата на Наталија, која отиде во полициска станица, Доминик завршил на суд поради злоупотреба на неговата сопруга Жизел. Наталија, барем до сега, никогаш не ја запознала Жизел Пелико. Сепак, таа навестува дека можеби ќе оди на сослушувањето за да ја поддржи.
Свет
Жител на Бејрут за Би-би-си: Видов луѓе без раце и очи
„Видов луѓе без раце, без очи“, изјави за Би-би-си Сара Рамал, која сега живее во Бејрут.
Таа беше принудена да го напушти својот дом во јужен Либан веднаш откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври и не е сигурна кога ќе може да се врати, со оглед на израелските напади врз цели на Хезболах во регионот.
Рамал продолжува да го опишува она што го сведочела во Бејрут: „Видов татко како го носеше своето седумгодишно дете кое крвави со отсечена рака. Тој брзаше во болница“.
Таа вели дека познава здравствени работници кои загинале како резултат на експлозии на пејџер.
Израел не ја презеде одговорноста за нападите.