Контакт

Свет

Со „мерцедес“ влета во „Трамп плаза“ и седна на софата

Објавено пред

Црн „мерцедес бенц“ влетал во лобито на „Трамп плаза“ во њујоршкото предградие Њу Рошел, при што полесно се повредени двајца минувачи и возачот, пренесува „Њујорк тајмс“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговото семејство немаат стан во овој луксузен 40-катен станбен објект, но тој е во нивна сопственост.

Локалната мрежа Еј-би-си пренесува дека возачот, по влетувањето, излегол од својот „мерцедес“ и седнал на софата во главниот хол. Според полицијата, упадот бил несреќен случај во кој нема ништо сомнително.

Застапникот за имотот на Трамп не бил достапен за коментар, но во електронска порака до Еј-би-си ѝ се заблагодарил на полицијата за брзата реакција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Две лица загинаа во поплави на северот од Италија

Објавено пред

Две лица загинаа, а две се водат како исчезнати во невремето што ја зафати Северна Италија и предизвика поплави.

Првата жртва е таксист чие возило го однела надојдената вода откако река се излила од своето корито во провинцијата Алесандрија.

Во возилото имало уште едно лице, но тоа преживеало.

Втората жртва е 81-годишен пензионер, кој починал откако неговото возило се излизгало од автопат во близина на Торино. Неговата сопруга, која била сопатник во автомобилот, е повредена.

Две стари лица се пријавени како исчезнати во Морнеза, објави агенцијата „Анса“.

Невремето го наруши сообраќајот, причинета е тешка материјална штета, а многу училишта се затворени.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Курдите ги гаѓаа американските сили со расипан зеленчук

Објавено пред

Курдските цивили го изразија своето незадоволство против повлекувањето на воените сили на САД. Додека американски конвој ја напушташе Сирија се движеше кон Ирак, Курдите кон него фрлаа расипан зеленчук, објави Си-ен-ен.

Како што се наведува, цивилите сметаат дека САД ги напушта и остава на цедило.

Си-ен-ен известува дека американските трупи ни самите не се задоволни што ги оставаат своите досегашни сојузници, со кои се бореа против Исламска држава.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Тајландскиот крал ја казнил својата кралска придружничка поради нелојалност, ѝ ги одзел сите титули и воениот чин

Објавено пред

Тајландскиот крал ги одзел титулите и воениот чин на неговата кралска придружничка, обвинувајќи ја дека заради лична корист се обидува да ја поткопа позицијата на неговата официјална сопруга и сегашна кралица.

Кралот, 67-годишниот Маха Ваџиралонгкорн, ја издал наредбата само три месеци откако на Сининатра Вонгуваирабхакди (34) ѝ ја доделил титулата придружничка на монархот, со што ја оживеал старата традиција на земање друга сопруга.

На Сининатра ѝ била одземена титулата Чао Кун Фра Синанитра Биласакалајани, како и други кралски и воени титули и почести.

Таа, наводно, се побунила кога кралот ја именувал својата долгогодишна партнерка за кралица.

Во мај, кралот ја назначил својата партнерка Сутида Ваџиралонгкорн На Ајџуџ за кралица кога се венчале неколку дена пред неговoто официјално крунисување.

И Сутида и Сининатра (41) служеле како високи офицери во безбедносните единици на палатата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Вебер: Од Скопје и Тирана баравме многу, а сега вратата им е затворена пред носот

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно ја осудија одлуката за одложување на преговорите со Северна Македонија и...

Македонија60 минути

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави дека следната недела ќе...

Македонија2 часа

„Тортура“ почнува од почеток по година и 8 месеци судење

Поради смена на поротник и поради истек на 90 дена, судењето за предметот „Тортура“ на СЈО почна од почеток. Судијката...

Македонија2 часа

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет2 часа

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет3 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион4 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет4 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион4 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион17 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет18 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија19 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ20 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија22 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија23 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија23 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ1 ден

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија1 ден

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Досие