Европа
Со помош на хеликоптери евакуирани над 1.000 луѓе во Франција

Стотици спасувачи со помош на хеликоптери извршија итна евакуација на 1.600 кампери, во јужна Франција, поради обилните врнежи од дожд што предизвикаа пополави.
Реките и потоците што се наоѓаат во тие региони се излеани од своите корита поради големото количество дожд.
Според француското Министерство за внатрешни работи, регионот Гард е најпогоден, каде што од еден камп се евакуирани околу 119 деца, главно од Германија, кои таму биле на одмор.
На Франција пред поројните дождови што во неделата предизвикаа и поплави на одредени места ѝ претстоеше доста топол период.
Поради жештините, во земјата беа затворени четири нуклеарни реактори, а беа воведени и ограничувања за автомобили и мотори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон го повика италијанскиот претседател во официјална посета

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го повика денеска неговиот италијански колега Серџо Матарела во официјална посета на Франција, соопшти Елисејската палата по тензијата помеѓу двете земји.
Повикот е испратен преку францускиот амбасадор кој денеска се врати во Италија, откако претходно на 7 февруари беше повлечен во Париз на консултации поради тоа што потпретседателите на италијанската влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, упатија критики на сметка на политиката на Макрон.
Макрон и Матарела неодамна во телефонски разговор го потврдија значењето на билатералните односи и потсетија дека Франција и Италија заедно ја изградиле Европа.
Одлуката за привремено повлекување на амбасадорот следеше по состанокот на Ди Мајо со претставници на граѓанското движење „Жолти елеци“.
Европа
Илјадници ученици во Велика Британија протестираа против климатските промени

Со скандирања „Спасете ја нашата планета“ илјадници ученици во Велика Британија се собраа за да побараат од британската конзервативна влада да преземе поконкретна акција во однос на климатските промени.
Демонстрантите, многумина облечени во училишните униформи, ја прескокнаа наставата и одбија да одговараат на часовите надевајќи се дека на тој начин ќе го привлечат вниманието на политичките лидери, објави агенцијата АП.
Европа
Путин: Европа не сака американски ракети, ама не смее да се буни

Рускиот претседател, Владимир Путин, тврди дека европските земји не сакаат да гледаат американски проектили на нивна територија, но дека нивните челници не смеат да му се спротивстават на Вашингтон, пренесува агенцијата „Тасс“.
„Дали мислите дека која било од европските земји сака американски проектили со среден дострел да бидат поставени во Европа? Никој не го сака тоа, но подобро им е да си молчат. Се прашувам каде ли е нивниот суверенитет“, изјави Путин.
Тој тврди дека Европскиот парламент донесува многу повеќе обврзувачки одлуки што се однесуваат на сите земји членки на ЕУ одошто поранешниот Врховниот совет кој своевремено носел за членките на Советскиот Сојуз.
„Целосно независни земји, едноставно не постојат“, констатира рускиот претседател.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Афера „Банки“3 месеци
(Видео) Афера „Банки“ – Кичевец тврди дека го измамиле банка и локални моќници
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето