Свет
Со секоја нова мутација коронавирусот станува поопасен, предупреди Институтот „Роберт Кох“

Коронавирусот станува поопасен со секоја нова мутацијата, предупредија денеска министерот за здравство на Германија, Јенс Спан, и шефот на Институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер.
Вилер рече дека биле откриени неколку мутации и дека во моментот е докажано присуство на три соја во Германија. Според него, најопасна во моментот е големата можност британскиот вид (Б1.1.7) да се прошири понатаму.
„Овој вид е позаразен и поопасен. Ние мора да спречиме оваа варијанта да се шири понатаму“, рече Вилер.
Тој потенцира дека вирусот сè уште не е уморен, но дека добил нов поттик преку мутацијата, поради што е важно граѓаните да ги почитуваат мерките.
Тој посочи дека динамиката со која ќе се шират новите видови е од клучно значење, затоа е потребно да се работи на понатамошно намалување на бројот на заразени лица.
Кога станува збор за вакцинацијата, Спан рече дека претстојат потешки недели поради ограничената испорака на вакцини. Додаде дека до крајот на првиот квартал сите од првата приоритетна група ќе добијат понуда за вакцинација, а потоа и луѓето со зголемен ризик.
Тој посочи дека Европската комисија во моментот е на крајот од разговорите со компанијата „Новавакс“ и дека сметаат на нови количини вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Периодот меѓу двете вакцини е посоебно опасен, предупредуваат виролозите

Главниот виролог на Универзитетската клиника во Хајделберг, Ханс-Георг Кројслих, предупредува на опасноста од нови мутации на коронавирусот, особено во периодот помеѓу приемот на двете дози на вакцината.
„Би било загрижувачки ако во следните недели, многу луѓе, по првата вакцина, имаат нецелосна заштита, а во исто време има бројни инфекции. Тоа би било идеален простор за нови видови кои би можеле да го заобиколат дејството на вакцината“, изјавил Кројслих за весникот „Рајн Некар Цајтунг“.
Тој истакнал дека, со делумен имунитет, може да се создадат отпорни варијанти на вирусот.
„Ако се заразат голем број луѓе, кои сè уште немаат целосен имунитет, тогаш се зголемува веројатноста за нови мутации“, смета вирологот.
Свет
Американците тврдат дека пронашле лек за коронавирусот, во употреба за шест месеци

Новиот антивирусен лек „молнупиравир“ може да го смени текот на епидемијата на коронавирусот, бидејќи за време на експерименталното истражување е докажано дека ја запира репродукцијата на вирусот во организмот и спречува развој на потешка форма на болеста.
„Тестирањето на експерименталните таблети против Ковид-19 наречени „молнупиравир“, спроведено од „Мерк и Риџбек биотерапевтика“, покажа ветувачки знаци на ефикасност во намалувањето на вирусот кај пациентите“, објави во неделата лекарот Марк Сигал, кој учествуваше во ова истражување.
See the latest news from Ridgeback Biotherapeutics and Merck on #COVID19 preliminary findings at #CROI2021. Learn more: https://t.co/QZW73RCLOn $MRK pic.twitter.com/DibWgUfJB1
— Merck (@Merck) March 6, 2021
„Можеби ова е ‘светиот грал’ бидејќи штотуку беше проучен во испитувањата во втората фаза и буквално го запре размножувањето на вирусот кај пациентите кои беа во контролната група. Пациентите го користеле лекот пет дена, биле на домашно лекување … Значи, терапијата е скоро идентична со онаа кога се зема ‘тамифлу’ за вирусот на грип“, рече тој.
Сигал рече дека овој лек може да се појави на пазарот за четири до пет месеци.
Лекарот рече дека, иако досега биле проучени само 182 пациенти, апчињата сè уште можат да бидат многу ветувачки за илјадници луѓе.
Европа
По обвинувањата на Меган Маркл за расизам во кралското семејство, реакција од Лондон

Министерката за детски права во Велика Британија, Вики Форд, денеска изјави дека нема простор за расизам во општеството откако Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, обвини дека некој од британското кралско семејство бил загрижен за тоа колку ќе биде темна кожата на детето, пренесува „Ројтерс“.
Меган, чија мајка е Афроамериканка и чиј татко е белeц, рече дека додека била бремена и го чекала раѓањето на нејзиниот син Арчи (2), во палатата била изразена загриженост за тоа колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди.
„Расизмот апсолутно нема место во нашето општество“, изјави Вики Форд за „Скај њуз“.
Таа додаде дека не го гледала интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл во емисијата на Опра Винфри на американската TВ-станица Си-би-ес, што се емитуваше синоќа.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“