Европа
Со скромна свеченост одбележана 77-годишнината од Денот Д

Втора година по ред, изостана голема церемонија за одбележување на Денот Д, односно 77-годишнината од сојузничкиот десант на францускиот регион Нормандија, со цел да ѝ се помогне на Европа да се ослободи од нацистите.
Причината за неодржувањето на голем собир, на кој годишно обично присуствуваат по неколку илјади луѓе, секако е пандемијата од Ковид-19, која спречи американски, британски и ветерани од други сојузнички земји да дојдат во Нормандија.
Сепак, имаше скромно одбележување – денешната комеморација започна со мала церемонија на мостот Пегаз, каде во раните утрински часови на 6 јуни 1944 година, едрилици истовариле 181 војник од единиците на Оксфордшир и Бакингемшир, пренесе „Гардијан“.
Во деснатот учествувале околу 150.000 војници, меѓу кои имало војници од САД, Канада и Велика Британија.
Сојузничката операција во Нормандија, позната и како „Оверлорд“, е најголемата десантна акција во поморската воена историја.
Повеќе од 80.000 Британци, Американци, Канаѓани и војници на Комонвелтот се истовариле на пет плажи во Нормандија, додека други 24.300 војници под британска команда пристигнале по воздушен пат.
Во акцијата биле убиени, ранети или се водат за исчезнати 4.300 сојузнички војници.
Освојувањето на два локални моста одиграло клучна улога во спречувањето на германските нацистички контранапади, по сојузничката инвазија на брегот.
Битката за Нормандија траела уште два месеца, завршувајќи со ослободување на Париз на 25 август и конечно германско повлекување преку реката Сена на 30 август 1944 година, со што на сојузниците им се отворил патот кон Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Сменет украинскиот министер за одбрана

Олексеј Резников повеќе не е министер за одбрана на Украина. Како што соопшти вечерва АФП, на негово место ќе дојде поранешниот директор на воената разузнавачка агенција Кирило Буданов.
#BREAKING Ukraine's Defence Minister Reznikov to be replaced by head of military intelligence Budanov pic.twitter.com/Qq3ggxSPK2
— AFP News Agency (@AFP) February 5, 2023
За потсетување, украинските медиуми денеска објавија дека украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников наскоро ќе мора да ја напушти функцијата, а со министерството најверојатно ќе раководи Кирило Буданов, шеф на Разузнавачката служба на Украина, пренесе Индекс.хр.
Европа
„Туркиш ерлајнс“ откажа над 200 летови од и до аеродромот во Истанбул

Турската национална авиокомпанија Туркиш ерлајнс соопшти дека вкупно 238 летови, планирани за денеска и утре во Истанбул, се откажани поради предвиденото невреме, придружено со снежни врнежи.
Во соопштението се наведува дека одлуките за откажување се донесени во согласност со заклучокот на Метеоролошкиот комитет за вонредни состојби (МАДКОМ), а граѓаните се предупредуваат да го проверат статусот на нивните летови пред да пристигнат на аеродромот, пишува истанбулскиот весник „Дејли Сабах“.
„Поради очекуваните врнежи од снег во Истанбул и според одлуката на МАДКОМ, летовите од аеродромот во Истанбул се откажани на 5 и 6 февруари. Откажани се вкупно 238 летови до и од аеродромот во Истанбул – 72 домашни и 166 меѓународни. Можно е дека ќе се зголеми бројот на откажани летови“, се наведува во соопштението, пренесе Б92.
Европа
Шолц: Путин никогаш не ми се заканувал ниту мене ниту на Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не му се заканувал на него ниту на Германија во нивните телефонски разговори, пренесува денеска германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.
Последен пат разговарале на телефон на почетокот на декември, пренесува Ал Џезира.
Шолц, исто така, рече дека јасно му кажал на Путин дека има многу различни ставови за војната во Украина.
„Јасно му ставам до знаење на Путин дека Русија е одговорна за војната. „Русија го нападна својот сосед без причина за да стави под своја контрола делови од Украина или целата земја“, рече Шолц.
Тој додаде дека Германија смета дека рускиот напад ја прекршил европската мировна рамка и дека Берлин обезбедува финансиска, хуманитарна и воена помош за Украина.
Има договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски дека оружјето што го испорачува Запад може да се користи само на украинска, а не на руска територија, нагласи Шолц,пренесе Денес.рс.