Контакт

Свет

Со халал-данок и арапски јазик против исламскиот фундаментализам во Франција?

Објавено пред

Париска експертска група во својот извештај го истакнува напредокот на исламистичката идеологија меѓу муслиманите во Франција и укажува дека салафистичкиот ислам може да биде искоренет преку халал-данок и изучување на арапскиот јазик во француските училишта, пренесува „Локал“.

Според извештајот објавен во неделата од францускиот „Институт Монтењ“, салафизмот – радикална гранка на исламот која повикува на шеријатски закон на светско ниво – има монопол врз исламската верска мисла во континентална Франција.

Авторот Хаким ел Карауи, консултант во парискиот тинк-тенк, укажува на Турција и Саудиска Арабија како главни извори на финансирање за ширење на оваа радикална школа на размислување во Франција и меѓу муслиманското население во Европа. Студијата на „Монтењ“ истакнува дека ова финансирање плаќа за промовирање на арапското учење кај француските муслимани во институциите што имаат обележан фундаменталистички политичко-религиозен став, а не само лингвистички, се вели во извештајот.

„Преку овие недефинирани исламски училишта се зголемува индоктринацијата на салафистите во Франција, особено кај младите под 35 години“, сугерира Ел Карауи.

Наместо да побараат целосна забрана за салафистичките училишта, од Институтот повеќе би сакале да ги победат во сопствената игра. Ел Карауи предлага француската влада да го вклучи арапскиот јазик во наставната програма така што индоктринирачките училишта ќе станат излишни.

Бројот на учениците што учат арапски во средните и средните училишта во Франција се преполови, но стапката на ученици во џамиите се зголемила десетпати“, објаснува Ел Карауи.

Либералниот тинк-тенк предлага и создавање официјална муслиманска асоцијација за исламот во Франција преку која се надева дека ќе го искорени тајното фундаменталистичко движење во земјата.

„Идејата е да се создаде неутрална организација, независна од која било муслиманска земја, ослободена од контрола на оние што се одговорни за француските џамии и француската држава. Целта е да се неутрализираат каналите за финансирање (за исламот во Франција)“, изјави Ел Карауи за РТЛ.

За ова тинк-тенкот предлага воведување данок на халал ба прехранбени производи и на другите услуги за муслиманите што ќе ѝ овозможат на асоцијацијата да биде самодоволна.

„Државата не наметнува данок на халал, па со овој данок би управувала асоцијацијата, а системот е инспириран од данокот на кошер за еврејската заедница со кој управуваат рабините што ги сертифицираат кошер-производите. Спротивно на јавното мислење, муслиманите се побогати и многу ја практикуваат религија и затоа сè повеќе пари се поврзани со потрошувачката: аџилак, халал, муслимански подароци. Ова е данок што може да го организира муслиманската заедница за муслиманската заедница“, рече Ел Карауи, кој е поранешен банкар.

Според него, спречувањето на ширењето на исламскиот фундаментализам во Европа во голема мера зависи од самите муслимани, кои треба да му се спротивстават на екстремизмот и да воспостават структури што промовираат поголема отвореност.

Предложените мерки на тинк-тенкот секако имаат свои критичари, како што е претставникот на францускиот Сенат од францускиот департман Ванде, Бруно Малело, кој објасни дека институционализацијата или национализацијата на исламот во Франција е опасна бидејќи е спротивна на францускиот закон за одвојување на религијата и државата.

„Државниот данок на халал би бил неуставен. Конкордатскиот ислам е ќор-сокак“.

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Ватикан привремено суспендира бискуп осомничен дека силувал калуѓерка

Објавено пред

Од

Ватикан го прифати барањето на еден индиски бискуп привремено да биде ослободен од должноста затоа што е под истрага под обвинение дека силувал калуѓерка.

Во писмото објавено на веб-страницата на Католичката бискупска конференција на Индија, нејзиниот претседател, кардиналот Освалд Грацијас, навел дека папата Франциско примил барање бискупот привремено да биде ослободен од должноста.

Калуѓерката тврди дека бискупот Франц Мулакала, кој ја предводи Јаландхарската бискупија, ја силувал во период од две години. Против него сè уште не е поведено обвинение, но во интервју за медиумите ги отфрлил обвинувањата.

Ватикан вообичаено не ги објавува привремените промени на статусите, туку само трајните оставки на бискупите откако ќе ги прифати папата и стануваат официјални.

Прикажи повеќе...

Регион

Мас: Помирување, а не поместување на границите за решение за Косово

Објавено пред

Од

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изразил загриженост за преговорите меѓу Србија и Косово.

Тој навел дека обидот за укинување на различностите со поместување на граничните линии е опасно. Хас вчера ја посети Тирана, а денеска е во Атина. Во интервју за „Катимерини“ рекол дека меѓу Србија и Косово треба да дојде до вистинско помирување.

Според него, единствен начин да дојде до тоа е поголема толеранција и прифаќање на различностите. „Спротивно на тоа, сметам дека обидот таа различност да се укине со поместување на границите е опасно“, заклучил тој.

Прикажи повеќе...

Вести

Ким Џонг-ун му подари два тони печурки на претседателот на Јужна Кореја

Објавено пред

Од

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му испрати специјален подарок на својот јужнокорејски колега Мун Џае-ин – голема количина од ретките печурки мацутаке, соопштил портпаролот на кабинетот на Мун.

„Додека претседателот и неговата сопруга беа во посета на Северна Кореја, подарокот стигна во воздушната база во Сеул. Станува збор за два тони печурки“, рекол Јон Јунг.

Мун дал инструкции печурките да им се поделат на раздвоените семејства на југот што не успеале да се сретнат со своите семејства во Северна Кореја.

„Се надевам дека печурките со мирисот на недопрената Северна Кореја ќе може да им дадат утеха“, навел Мун.

Десетина илјади луѓе сè уште се разделени од своите семејства по крајот на Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Топ2 часа

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите...

Вести6 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион6 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија10 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија12 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија12 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија13 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија13 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија14 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија14 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија14 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет15 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија1 ден

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија1 ден

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија1 ден

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток1 ден

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ1 ден

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Досие