Контакт

Свет

Спасувачки хеликоптер со девет лица исчезна во Јапонија

Објавено пред

Спасувачки хеликоптер во Јапонија, во кој имало девет лица, изгубил контакт со контролата на летање и се претпоставува дека се срушил или принудно слетал, соопшти денеска полицијата.

Во хеликоптерот биле лица од Управата за справување со катастрофи и пет пожарникари.

Хеликоптерот „бел 412 ЕП“ го напуштил хелидромот во Маебаши околу 9.15 часот по локално време и требало да се врати во 10.45 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Фото) Новинарка фрли измет пред владата во Хрватска

Објавено пред

Од

влада, Хрватска

Новинарката и активистка Ива Анзуловиќ истури измет пред влезот на зградата на владата на Хрватска. Таа носела маица со слика од починатиот новинар од Вуковар, Синиша Главашевиќ, со натпис: „Ве обвинувам, господа“.

На новинарката веднаш ѝ пришол полицаец, кој побарал од неа лична карта и ја одвел внатре во зградата. Набргу по тоа, таа била однесена во полициска станица.

Новинарката Анзуловиќ слична акција извела на 8 август кога канта со измет од куче фрлила пред влезот на зградата на државното обвинителство поради што добила прекршочна пријава. На тој начин, како што навела, изразила револт поради недостигот од борба против криминалот и корупцијата во Хрватска, а по повод пресудата во арбитражниот спор пред Меѓународниот центар за решавање спорови во Вашингтон, кој Хрватска го изгубила од тужителот Ѓуре Гавриловиќ.

„Ќе го залеам со измет секој што во новинарските објави аргументирано е докажан како криминалец“, напишала Анзуловиќ на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Ми дојде да се расплачам кога ги видов авионите „миг-29“

Објавено пред

Од

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на аеродромот во Батајница на свечениот прием на двата ремонтирани авиона „миг-29“, кои Србија ги набави од Русија. Во таа пригода Вучиќ рече дека само што не заплакал кога ги видел авионите, пренесува „Танјуг“.

„Првпат видовме силни крилја на Србија, првите два, примени денес во оперативна употреба, кои ги добивме од Русија. На уште шест работат српски и руски експерти и првпат на парада ќе излеземе со осум авиони „миг-29“, а имаме и три „миг-21“, рекол српскиот претседател.

„Јас речиси заплакав кога ги видов и слушнав, не знам вие како се чувствувате?“, рече тој и додаде дека желба му е „миговите“ да ги носат имињата на српските јунаци, кои, како што истакнал, ја бранеле земјата од НАТО.

Прикажи повеќе...

Вести

Нов мост во Џенова за осум месеци

Објавено пред

Од

Италија, Џенова

Компанијата „Автопатишта Италија“ соопшти дека за осум месеци може да изгради нов челичен мост на местото на стариот кој се урна минатата недела во Џенова, при што загинаа 43 лица.

Челниците на оваа приватна компанија што го одржувала надвозникот „Моранди“ рекле дека новиот мост ќе биде изграден од челик во согласност со новите технологии.

Обновата на мостот ќе биде финансирана од најавените 500 милиони евра, кои ќе се искористат и за финансирање на пристапните сообраќајници, за помош на семејствата на жртвите и за помош на принудно раселените луѓе што живееле покрај мостот.

Прикажи повеќе...

Најново

Армија, САд, американска армија Армија, САд, американска армија
Македонија8 часа

Американската армија во Европа се извини дека нè нарече Северна Македонија

Американската армија во Европа се извини затоа што нè именува како Северна Македонија. На јутјуб-каналот на Армијата вчера беше објавено...

Македонија10 часа

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Судењата за некои од активистите што протестираа во шарената револуција – Здравко Савески, Мариглен Демири и Владимир Куновски, никако да...

Економија13 часа

Вработените во Комисијата за инспекциски надзор се без плата веќе петти месец

Вработените во стручната служба на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка...

Топ15 часа

Изгоре штала во Бутел, пожарот се ширел кон куќите

Штала на улицата Мрежичка во општината Бутел била опожарена синоќа по полноќ. Полицијата соопшти дека пожарот зафатил нива и почнал...

Топ15 часа

Овчар почина од удар на гром во Струшко

Маж од Дебар на 35-годишна возраст бил пронајден мртов на местото викано Славило, над селото Локов, Струшко. Случајот бил пријавен...

Свет15 часа

Трамп: Турција прави ужасна грешка, нема да има отстапки

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во изјава за „Ројтерс“ рекол дека нема да прави отстапки кон Турција за да биде ослободен...

Европа16 часа

Конте: Се подготвуваат казни поради уривањето на мостот во Џенова

Италијанската влада работи на подготовката на казни кои би можеле да се применат против групацијата „Атлантија“, поради трагичното уривање на...

Свет16 часа

Пукање во метро-станица во Лондон, полицијата смирува дека не се работи за тероризам

Во пукање во лондонската метро-станица Кингсбури повредени се три лица, соопшти локалната полиција и додаде дека пукањето не било поврзано...

Македонија16 часа

Муслиманите го слават Курбан бајрам

Муслиманските верници во Македонија и во светот денеска го прославуваат големиот исламски празник Курбан бајрам. Овој ден, како што уште...

Европа1 ден

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија1 ден

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија1 ден

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија1 ден

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион2 дена

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија2 дена

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија2 дена

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија2 дена

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија2 дена

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион2 дена

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет2 дена

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Досие