Свет
Стари советски тенкови биле позајмени од украинските музеи за обука на војници
Старите советски тенкови беа позајмени од фондовите на украинските музеи за да се користат за тактичка обука на украинските војници и за да се избегнат смртоносните експлозивни стапици поставени од руските сили на бојното поле, изјави командантот на воената мисија на ЕУ задолжен за обука на припадниците на украинската армија.
Инструктори од 17 земји обучија околу 18.000 украински војници во Германија за да управуваат со модерни тенкови, прецизни системи за противвоздушна одбрана и да даваат вештини неопходни за снајперисти, инженери, медицински техничари и војување со беспилотни летала, според Ројтерс.
Но, додека руската и украинската војска секој ден пукаат илјадници гранати меѓусебно во исцрпувачки артилериски размени кои потсетуваат на рововски војни од Првата светска војна, Украина побара обука за ситуации прилагодени на реалните ситуации на бојното поле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пелоси се повреди на службено патување во Луксембург, хоспитализирана е
Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, беше повредена и хоспитализирана за време на нејзиното патување во Луксембург, изјави нејзиниот портпарол Иан Крагер.
Во соопштението, Крагер рече дека Пелоси заработила повреда за време на службената должност и била примен во болница за понатамошна евалуација.
Демократката од Калифорнија, според нејзиниот портпарол, добива одлична медицинска нега од лекарите и медицинскиот персонал и продолжува да работи и жали што не може да учествува во преостанатите ангажмани.
Пелоси се повлече од функцијата демократски лидер на Претставничкиот дом во 2023 година, откако републиканците ја вратија контролата врз Домот, но таа продолжува да има големо влијание во партијата. Таа двапати беше претседател на Претставничкиот дом и нашироко се смета за една од најефикасните поединци на таа позиција во модерната историја на Конгресот.
Регион
Милановиќ: Косово треба да го признаат сите членки на ЕУ кои се’ уште не го сториле тоа
Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, денеска во разговор со косовскиот премиер, Албин Курти, изјави дека се исполнети сите услови за целосно меѓународно признавање на Косово.
„Сите услови за државност и целосно меѓународно признавање на Косово се исполнети, а особено Косово треба да го признаат сите членки на Европската унија кои се уште не го сториле тоа“, повтори Милановиќ, објави прес-службата на хрватскиот претседател.
Тој потврди дека Косово има целосна и цврста поддршка од Хрватска на неговиот пат кон членство во сите меѓународни асоцијации.
Претседателот на Хрватска оцени дека е неопходно нормализација на односите меѓу Косово и Србија, бидејќи тоа би значело поголема стабилност во Југоисточна Европа, што, како што се наведува, е и во хрватскиот национален интерес.
Косовскиот премиер денеска е во официјална посета на Хрватска, при што разговараше и со премиерот Андреј Пленковиќ и со претседателот на Собранието Гордан Јандорковиќ.
По разговорот со Пленковиќ, Курти изјави дека Приштина сака добрососедски односи со Србија, но дека за тоа и’ е потребна нормална Србија, која според него во моментов не е демократска.
Пленковиќ оцени дека за стабилноста на Југоисточна Европа е важно односите меѓу државите што произлегоа од распадот на Југославија да се регулираат на структуриран, ефективен начин, со меѓусебно почитување, без конфликти и со фокус на соработката и Процесот на европска интеграција.
Тој рече дека Хрватска сака процесот на дијалогот во Брисел да доведе до нормализација на односите меѓу Косово и Србија и меѓусебно признавање, нагласувајќи дека Косово е „реалност како меѓународно призната држава“ и дека не гледа сценарио во кое таа реалност би се промена.
Во рамките на посетата на косовската делегација, во Загреб се одржа хрватско-косовски економски форум, а беа потпишани повеќе договори, меѓу кои и за меѓусебно признавање на возачките дозволи и взаемна помош во случај на природни катастрофи.
Свет
Демонстрантите во Грузија повеќе нема да смејат да си ги покриваат лицата, казни и за блокирање на патишта
Грузискиот парламент денеска усвои закон со кој на демонстрантите им се забранува да го покриваат лицето, како и употреба на пиротехнички средства и ласери на протестите по судирите меѓу полицијата и цивилите на проевропските демонстрации.
Законот, со кој се изрекува казна од 680 евра за прекршителите, беше усвоен едногласно, објави новинската агенција Интерпрес.
Парламентот, исто така, одобри зголемување на казните за обезличување на згради и блокирање на сообраќајот. Организирањето блокади на патиштата носи казни до 15.000 лари (5.100 евра).
Повеќе од 400 луѓе беа уапсени од почетокот на протестите кон крајот на ноември, откако владата најави дека ќе ја одложи својата кандидатура за пристап во Европската унија.
Одлуката налути многумина во Грузија, каде што е популарна идејата за пристапување во ЕУ. Повеќе од 100 дипломати потпишаа отворено писмо во знак на протест, а неколку амбасадори поднесоа оставки од своите функции.
Многу демонстранти носат гас-маски и импровизирани прекривки на лицето за да не бидат идентификувани, а полицијата во главниот град Тбилиси против нив употребува водени топови и солзавец. Демонстрантите фрлаат пиротехнички средства кон полицијата или со ласери се обидуваат да ја заслепат полицијата и надзорните камери пред зградата на парламентот на главната сообраќајница во Тбилиси.
Повредени се десетици луѓе, меѓу кои и полицајци. Околу 30 лица се соочуваат со кривични пријави, а двајца лидери на проевропската опозиција се зад решетки. Амбасадорот на ЕУ во Грузија оваа недела рече дека полициското однесување кон демонстрантите е неприфатливо и може да предизвика санкции од Брисел.
Премиерот Иракли Кобахиџе го брани полицискиот одговор, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 150 полицајци се повредени. Групите за човекови права алармираат поради напади врз опозициските политичари, активисти и некои новинари, наводно извршени од банди со маскирани лица.
Тие велат дека овој судир меѓу демонстрантите и властите е најголем во оваа јужнокавкаска земја, традиционално една од најпрозападните и најдемократските од поранешните советски републики. Грузискиот парламент во сабота треба да избере претседател кој ќе го замени Саломе Зурабишвили, проевропски критичар на владејачката партија.
Единствениот номиниран кандидат е Михаил Кавелашвили, поранешен пратеник на владејачката партија со антизападни ставови.