Свет
Столтенберг: Воведувањето зона на забранети летови во Украина би значело масовни воздушни напади врз руските системи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека НАТО ја разбира фрустрацијата во Украина, но и смета дека ескалацијата надвор од границите на Украина всушност ќе предизвика уште повеќе страдања, повеќе смртни случаи.
Тој ја пофали Турција за овозможување дипломатски и политички процеси кои би можеле да доведат до мировни преговори меѓу Украина и Русија.
„ Воведувањето зона на забранети летови во Украина би значело масовни воздушни напади врз руските системи за противвоздушна одбрана, што би довело до директна конфронтација со Русија“ – рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Крај на „бензискиот туризам“ во Унгарија, само Унгарците ќе купуваат бензин по намалена цена

Од петок само Унгарците ќе можат да купуваат гориво по намалена цена, а автомобилите со странски регистарски таблички по пазарна цена, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Со оглед на тоа што цената на горивото во Унгарија е најниска во Европа, „бензинскиот туризам“ процвета долж границата, па ни се заканува недостиг, изјави Гергели Гуљас.
„Странските купувачи го користат фактот што Унгарија може да ја одржи цената на горивото на 480 форинти (околу 1,23 евра), а во Европа е 700-900 форинти (од 1,79 до 2.30 евра)“, рече тој на прес конференција.
За да се спречат овие злоупотреби, само автомобилите со унгарски регистрации ќе можат да купуваат гориво по 480 форинти за литар.
Другите ќе ја платат пазарната цена, додаде Гуљас.
Регион
Хрватскиот суд донесе историска пресуда – геј-паровите од сега ќе може да посвојуваат деца

Вишиот управен суд на Хрватска ја отфрли жалбата на надлежното Министерство и им овозможи на истополовите парови да може да пристапат до процената за посвојување деца, а како што се наведува, тие не може да бидат дискриминирани врз основа на нивната сексуална ориентација.
Според организацијата Rainbow Color, судот го отфрлил аргументот на Министерството дека истополовите двојки не треба да пристапуваат кон процената за посвојување деца поради целта „заштита на интересите на детето“.
Оваа одлука судот ја донел во случајот со партнерите Младен Кожиќ и Иво Шегота, на кои сега им е дозволено да присуствуваат на постапката за посвојување дете, е соопштено на прес-конференцијата во Загреб, пренесоа хрватските медиуми.
Кожиќ и Шегота пред шест години се пријавиле во центарот за социјална заштита во желба да станат посвоители, но во два наврата биле одбиени бидејќи се во животно партнерство. По долга правна битка во 2020 година, тие успешно станаа згрижувачки родители на две деца.
Минатата година првостепениот управен суд донесе одлука дека тие може да станат и посвоители, а по жалбата на Министерството, одлуката на Вишиот управен суд, конечно, ги отстрани сите дилеми.
Шегота и Кожиќ на новинарите, меѓу другото, им рекоа дека се изгубени шест години и дека, како што велат, тоа е во духот на политиката.
„Шестте изгубени години на тие деца одат во духот на политиката, која е во име на одбрана на т.н. традиционални вредности, таа беше подготвена да го погази правото на семејство на деца што општеството го заборави“, изјавија Шегота и Кожиќ.
Организацијата Rainbow Colors објави дека оваа пресуда има далекосежни последици за правата на ЛГБТИК-лицата и истополовите парови во Хрватска.
Свет
Советот за безбедност ќе одлучува за проширување на санкциите против Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе гласа за предлогот на САД за заострување на санкциите кон Северна Кореја.
Сакаат да се заострат санкциите поради лансирањето балистички ракети, но Кина, која има право на вето, соопшти дека резолуцијата нема да реши никакви проблеми.
Гласањето ќе се одржи еден ден откога Пјонгјанг лансира три проектили, вклучително и една за која се верува дека е најголемата интерконтинентална балистичка ракета, потсетува „Ројтерс“.
Ова е само последната во серијата балистички ракети лансирани оваа година од севернокорејскиот полуостров, што беше забрането од Советот за безбедност.
Нацрт-резолуцијата „дополнително ќе ја ограничи способноста на Северна Кореја да развива нелегално оружје за масовно уништување и програми за балистички ракети, ќе ги поедностави санкциите и ќе помогне во испораката на хуманитарна помош до оние на кои им е потребна“, рече американскиот функционер.
Кина и Русија претходно повикаа на олеснување на санкциите кон Пјонгјанг од хуманитарни причини.
За да се усвои резолуцијата, потребни се девет гласа „за“, а Франција, Русија, Кина, Велика Британија и САД да не стават вето.