Свет
Столтенберг: Гледаме апсолутно неоправдан напад на Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека воено-политичката организација ги разбира фрустрациите во Украина и предупреди дека ескалирањето надвор од границите на Украина ќе предизвика уште повеќе страдања и повеќе смртни случаи, јавува „Анадолија“.
Потсетуваме, Столтенберг учествува на Дипломатскиот форум во Анталија, каде за АА зборуваше за војната меѓу Русија и Украина, која трае веќе 16 дена.
Повторувајќи ја поддршката на НАТО за Украина, Столтенберг рече дека членките на НАТО обезбедуваат и воена и финансиска помош, а во исто време воведуваат строги санкции кон Русија.
„НАТО е делумно обединет во наметнувањето невидени трошоци на Русија преку економски санкции какви што досега не сме виделе“ – рече Столтенберг.
Столтенберг, исто така, ја пофали Турција за олеснување на дипломатските и политичките процеси кои би можеле да доведат до мирна дебата меѓу Украина и Русија.
„Турција е високо ценет сојузник во НАТО, таа игра клучна улога во борбата против тероризмот“ – рече Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на вонредниот коалициски состанок.
„Коалицијата ќе дејствува обединето, но оставете експертите да работат и да најдат најдобар начин да ја претстават бугарската позиција и да ја заштитат“, рече таа додавајќи дека за нив е важно да го бранат својот став.
„Ова нема да биде влада која ќе го предаде националниот интерес. Кога ќе имаме одлука и извештај на МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, ќе имаме предлог до Народното собрание. Во оваа фаза не сме таму“, додаде Бориславова, пренесе „Бтв.бг“.
Станислав Балабанов од Има таков народ рече дека секоја партија се согласила дека патеката по која Бугарија треба да оди е една во овој случај.
„Се надеваме во иднина на позитивни акции од Скопје“, рече Балабанов.
Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.