Контакт

Европа

Столтенберг: ЕУ не е во состојба да ја брани Европа, затоа тука е НАТО

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди дека ЕУ не може сама, без НАТО, да ја одбрани Европа.

Тој тоа го рече по повод понудата на францускиот претседател Емануел Макрон на Полска да учествува во францускиот антинуклеарен чадор во зајакнатата европска одбрана.

„Напорите на ЕУ да ја зајакне одбраната секогаш се добродојдени. Тоа е прекрасно да ги преземаат бидејќи тоа исто така го јакне и НАТО. Франција има нуклеарно оружје, но главниот гарант за безбедноста на европските сојузници се средствата за заплашување кои ги применува НАТО и во кои се поврзуваат можностите на САД и Европа“ рекол првиот човек на НАТО во интервју за полската приватна телевизија „Полсат“.

Столтенберг нагласил дека 80 отсто од сите воени трошоци ги плаќаат членките на НАТО кои не се во Европа. „Тоа значи дека ЕУ не е во состојба да ја одбрани Европа и дека НАТО е герант за безбедноста за европските сојузници“ објасни Столтенберг.

Европа

Фон дер Лајен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Објавено пред

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа истакна дека фокусот на буџетот на Европската Унија за периодот 2021 – 2027 година ќе биде борбата против новиот коронавирус.

Таа за бриселскиот портал „Политико“ изјави дека повеќегодишната финансиска рамка не е единственото средство за помош, но дека е средство за стратешко инвестирање и интраевропска кохезија што е прифатена од сите земји членки на ЕУ.

„Политико“ пишува дека Фон дер Лајен објави дека ЕК ќе претстави дополнет предлог за буџетот на ЕУ од 2021 до 2027 година, што ќе вклучува пакет стимулации.

Прикажи повеќе...

Европа

Мерцедес за една недела направи уред кој може да ги замени респираторите

Објавено пред

За помалку од една недела, направено е помагало за дишење со цел да им овозможи на пациентите да избегнат интензивна нега, пренесува Би-би-си.

Инженерите од Универзитетот во Лондон работеле со лекарите во Универзитетската болница во овој град и колегите од Мерцедес Формула 1 за да направат уред кој испорачува кислород во белите дробови, без потреба од респиратор. Уредите за континуиран проток на воздух во дишните патишта (CPAP) веќе се користат во болниците, но засега се во мал број.

Кина и Италија се земји кои ги искористија овие помагала кај пациентите со Ковид-19.

Четириесет нови уреди се испратени во Универзитетската болница во Лондон и во три други установи во овој град. Доколку тестирањата минат добро, Мерцедес-АМГ-ХПП може дневно да произведува до 1.000 вакви уреди на ден. Регулаторната агенција за лекови и производи за здравствена заштита во Велика Британија веќе ја одобри нивната употреба.

Уредот овозможува постојан доток на мешавина од воздух и кислород во устата и носот на пациентот. Ова е направено под притисок, што значи дека белите дробови остануваат отворени, со што се зголемува количината на кислород што влегува во нив.

Ова го намалува напорот потребен за дишење, особено кога алвеолите се ослабени од респираторно нарушување како Ковид-19.

За разлика од едноставната маска за лице поврзана со снабдување со кислород, CPAP испорачува воздух и кислород под притисок, така што мора да има маска што цврсто стои на лицето на пациентот, преку устата и носот, или пак тоа ќе се прави со поставување на проѕирен шлем на главата.

Дури и така, ова е многу помалку нападно од респираторите, за кои пациентите мора да бидат силно седатирани и да им се вметне цевка во дишните патишта.

„Употребата на CPAP машините кај пациенти со заразни респираторни инфекции е малку контроверзна затоа што секое мало протекување околу маската може да ги растера капките од пациентот и да го зарази медицинскиот персонал“, вели Данкан Јанг, професор по интензивна нега, кој е еден од професионалците кои критички пристапува кон овој нов уред.

Сепак, неговиот колега, професорот Мервин Сингер смета дека ризикот може да се намали ако на пациентот му се стави еден вид на заштитен шлем.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанија воведе построги мерки

Објавено пред

Шпанската влада денеска воведе построги мерки што претходно ги најави премиерот Педро Санчез.

Сите работници што не извршуваат суштински работи ќе треба да се изолираат во своите домови до 9 април, со што се ставаат дополнителни ограничувања на оние кои веќе беа воведени на 14 март кога властите прогласија вонредна состојба.

Мерките беа одобрени синоќа на вонредна седница на владата која беше свикана кога беше објавен новиот рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во земјата, вкупно 838.

Охрабрувачки вести, пак, доаѓаат од Италија, бидејќи дневниот број на жртви паѓа трет ден по ред. Вчера починаа 756 луѓе, во саботата 889, а во петокот 919 што е рекорден број на смртни случаи од почетокот на епидемијата во Италија.

„Ова се големи промени и го отсликуваат фактот дека здравствениот систем реагира добро и дека преземените мерки се ефикасни“, рече пулмологот и владин советник Лука Рикелди.

Во меѓувреме, челник од институтот за здравствена заштита во Велика Британија, предупреди дека ќе бидат потребни шест месеци пред да се врати животот во нормала во Англија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ52 минути

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95 од нив

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа, на ниво на цела држава, 242 лица не ја почитувале...

Свет2 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет16 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија20 часа

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија20 часа

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија21 час

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија21 час

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија22 часа

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија22 часа

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија23 часа

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија1 ден

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет1 ден

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет1 ден

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа2 дена

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија2 дена

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија2 дена

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија2 дена

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет2 дена

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Досие