Свет
Столтенберг: НАТО е подготвен да ја поддржува Украина со години

НАТО е подготвен да ја поддржува Украина со години во војната против Русија, вклучително и обезбедување помош на Киев за да се префрли од старото оружје од советската ера на модерна западна воена опрема, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
– Треба да се подготвиме на долг рок. Постои апсолутна можност оваа војна да продолжи и да трае со месеци и години – изјави Столтенберг на младинскиот самит во Брисел, пренесува Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Итен состанок на СЗО, повод – новата епидемија со мајмунски сипаници

Светската здравствена организација ја свикува групата водечки експерти на итен состанок за да разговараат за тековната епидемија на мајмунски сипаници, пишуваат медиумите во светот.
Според извештаите, двојно е зголемен бројот на заболени со заразни мајмунски сипаници во Велика Британија, а тоа го потврдил и министерот за здравство Саџид Џавид, наведувајќи дека има 11 нови случаи на заразени.
„Утринава ги информирав министрите за здравство на Г7 за она што го знаеме досега. Повеќето случаи имаат благи симптоми и можам да потврдам дека набавивме дополнителни дози вакцини кои се ефикасни против мајмунска сипаница“, напишал тој на Твитер.
Медиумите потсетуваат дека мајмунските сипаници последниве денови се шират во Европа, а првите случаи се потврдени во Франција, Италија, Шведска, како и во Канада и во Австралија.
Првиот пациент кој добил мајмунски сипаници на 7 мај отпатувал во Нигерија, од каде се верува дека е заразен, пред да се врати во Англија.
Симптомите вклучуваат треска, главоболки и осип на телото кој започнува на лицето и се шири на други делови од телото.
Според податоците на веб-страницата на Светската здравствена организација, смртноста од мајмунски сипаници била меѓу нула и 11 отсто, а во последно време се движи меѓу три и шест отсто.
Свет
Русија од утре ќе престане да испорачува гас на Финска

Русија ја извести Финска дека ќе го запре протокот на природен гас во земјата од сабота наутро, соопшти финската веледрогерија Гасум, која е во државна сопственост.
Компанијата одби да му плати гас на руски Газпром во рубли, како што Москва претходно побара од европските земји.
„Навистина е жално што испораките на природен гас ќе бидат прекинати сега и покрај нашиот договор за снабдување“, рече извршниот директор на Гасум, Мика Вилјанен.
„Сепак, внимателно се подготвивме за оваа ситуација и под услов да нема прекини во гасоводната мрежа, ќе можеме да ги снабдуваме со гас сите наши корисници во наредните месеци“, рече тој.
Најголем дел од гасот што се користи во Финска доаѓа од Русија, но гасот сочинува само околу 5 отсто од годишната потрошувачка на енергија.
Европа
Шредер поднесе оставка од „Роснефт“

Руската нафтена компанија „Роснефт“ соопшти дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер рекол дека повеќе не може да биде дел од нејзиниот одбор.
Истото го направи и бизнисменот Матијас Варниг.
Овој потег уследи откако Европскиот парламент побара Шредер да биде на списокот со санкции доколку не поднесе оставка од „Роснефт“, објавија „Гардијан“, „Фајненшл пост“ и „Фајнанс Јаху“.
Во соопштението на компанијата се вели дека жалат за одлуката на Шредер и Варниг и им се заблагодаруваат за „континуираната поддршка“.