Контакт

Европа

Столтенберг: Сакам поконструктивни односи со Русија

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека сака „поконструктивни односи” со Русија, иако Алијансата презема мерки за да би возвратила, на како што се тврди, зголемената воена активност од страна на Москва.

Во интервју за „АП“, Столтенберг рече дека е потребен дијалог со Русија во обид да се „ублажат” и „да се избегнат лошите проценки”.

Столтенберг, непосредно пред средбата со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, укажа за навдоното „воено мешање” на Москва во Украина и Грузија, поддршката која му се дава на сирискиот претседател Башар ал-Асад, но и за присуството на руските поморски сили во источниот Медитеран.

Генералниот секретар на Алијансата додаде и дека одговорот на НАТО за сето тоа е распоредувањето на борбени групи на територијата на источните членки и тоа за прв пат и најави дека Алијансата наскоро ќе оддржи, како што рече „најголеми вежби на оваа генерација” во Норвешкото Море, во која ќе учествуваат копнени, воздушни и поморски сили.

„Кога ние сериозно не се согласуваме, кога ќе видиме зголемување на тензиите, кога ќе видиме поголемо воено присуство во близина на нашите граници, тогаш најважно е да постои дијалог”, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО смета дека унапредувањето во однос на комуникациите меѓу НАТО и Русија би можел да помогне во намалувањето на тензиите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Италија 17.000 новозаразени, во Франција дневната бројка двојно помала од вчера

Објавено пред

Италија денеска регистрираше нешто повеќе од 17.000 нови случаи на Ковид-19, што е помалку од дневниот просек во последните неколку дена.

Сепак, во последните 24 часа беа тестирани десетина илјади луѓе помалку, што е вообичаено за викендот.

Вкупно 542.789 лица се заразиле во Италија од почетокот на пандемијата.

Во споредба со првите месеци кога избувна инфекцијата и повеќето случаи беа концентрирани во северна Италија, бројот на заразени сега расте низ целата земја, поради што владата наметна нови ограничувања кои стапија на сила денес, вклучително и затворање на вежбалниците, кината и скратено работно време за рестораните и кафулињата.

Во Франција, пак, во последните 24 часа потврдени се 26.771 нов случај на коронавирус, а како последица на Ковид-19 починале 257 лица.

Вкупниот број на случаи на коронавирус во Франција сега се искачи на 1.165.278, а 35.018 починале, пренесува „Ројтерс“.

Бројот на заразени е помал од вчера, кога беа забележани рекордни 52.010 нови случаи на инфекција за еден ден.

Франција во моментов е рангирана на петтото место во светот по бројот на заразени со коронавирус, по САД, Индија, Бразил и Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Објавено пред

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс на системот, пренесува Би-би-си.

Околу една четвртина од медицинскиот персонал во Лиеж е заразен со коронавирус, а денес 10 болници во тој град побарале од заразениот персонал да продолжи да работи, доколку немаат симптоми.

Шефот на белгиската асоцијација на медицински синдикати, д-р Филипе Девос, за Би-би-си изјавил дека немаат друг избор ако сакаат да спречат колапс на здравствениот систем во рок од неколку денови.

Девос тврди и дека постои очигледен ризик оти лекарите и другиот инфициран медицински персонал можат да заразат пациенти.

Во тој град на истокот од Белгија, околу една третина од тестовите се покажаа позитивни, што доволно зборува за сериозноста на ситуацијата.

Болниците ги префрлаат пациентите во други здравствени установи и ги откажуваат неитните операции. Сето ова доаѓа неколку дена откако белгискиот министер за здравство Франк Ванденбруке објави дека земјата се приближува кон „цунами од инфекции“, додавајќи дека властите „повеќе не ја контролираат ситуацијата“.

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган: Време е да разговараме за две држави на Кипар

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека е време да се разговара за реалниот предлог за решение со две држави на поделениот остров Кипар.

Тој додаде дека параметрите на тековните разговори не се одржливи.

Говорејќи на прес-конференција со претседателот на кипарските Турци, Ерсин Татар во Анкара, Ердоган рече дека пристапот на кипарските Грци ги блокирал претходните обиди да се најде решение, објави „Ројтерс“.

„Мора да се сфати дека според сегашните параметри не може да се постигне никаков резултат бидејќи имаме процес на преговори што трае повеќе од половина век“, рече Ердоган.

„Во оваа фаза, ние веруваме дека започнувањето разговори засновани на идејата за федерација ќе биде губење време. Затоа, веруваме дека решението со двете земји сега мора да биде претставено како реален предлог”, додаде турскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа3 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија4 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија9 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија9 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа9 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет9 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија10 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет10 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ11 час

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија11 час

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион12 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија13 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа14 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ14 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет14 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија15 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија1 ден

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет1 ден

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија1 ден

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Досие