Контакт

Свет

Столтенберг сака Русија да преземе одговорност за соборениот малезискиот авион

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, сака Русија да ја признае одговорноста и целосно да соработува во истрагата за соборувањето на летот МХ17 на „Малезија ерлајнс“ над источната Украина во 2014 година при што загинаа сите 298 патници како директна последица на руската агресија врз Украина, пренесува „Њу јуроп“.

„Се согласувам со холандската влада која ја повикува Русија да ја преземе одговорноста за соборувањето“, рече Столтенберг.

Холандија и Австралија ја обвинија Русија за уривањето на авионот откако меѓународните инспектори утврдија дека противвоздушниот систем БУК, кој е виновен за уривањето на авионот, ѝ припаѓал на Русија.

Столтенберг исто така рече дека на денешниот состанок на Парламентарното собрание на НАТО во Варшава, членките на НАТО ќе разговараат за Русија, како и за предизвиците поврзани со зголемените воени активности близу до границите на НАТО .

Столтенберг, наведувајќи ги руското мешање во изборите, сајбер-нападите и употребата на воена сила против соседните земји кажа дека порешителна Русија претставува еден од најголемите безбедносни предизвици за земјите од НАТО. Генералниот секретар на пратениците на парламентарното собрание на НАТО одржано во Варшава им вети дека воениот пакт ќе одговори на тој предизвик со комбинација од заплашување и политички дијалог.

Украина и Грузија беа опишани како „блиски партнери на НАТО“, а Столтенберг најави продолжување на политичката поддршка на двете земји кои граничат со Русија.

Регион

Прогласена вонредна состојба во Република Српска

Објавено пред

Националното собрание на Република Српска (НСРС) донесе одлука за прогласување вонредна состојба. Одлуката е донесена на специјалната седница на Националното собрание, што се одржа во Бања Лука.

Поради одлуката да се затвори седницата пред јавноста, опозициските партии не ја поддржаа агендата и дел од нив решија да не присуствуваат на седницата.

Одлуката за прогласување вонредна состојба во Република Српска треба да помогне во донесувањето важни одлуки и извршувањето на истите за време на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пренесе „ОНАСА“.

Прикажи повеќе...

Свет

Вухан е отворен по два месеца изолација

Објавено пред

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи дел од својот јавен превоз и отворајќи ги границите.

Во Вухан епидемијата избувна кон крајот на декември, а неговото отворање е симбол на пресврт во борбата на Кина против коронавирусот, кој во меѓувреме пристигна во повеќе од 200 земји низ целиот свет.

Меѓу првите што пристигнаа во градот со експресен воз утрово е 19-годишниот студент Гуо Лиангкаи, чиј едномесечен деловен ангажман во Шангај е продолжен на три месеци.

„Многу сум среќен што можам да го видам моето семејство“, рече Гуо откако беше пречекан од неговата мајка на главната станица.

„Сакавме да се гушкаме, но сега е посебен период и не треба да гушкаме“.

Властите во тој град со 11 милиони луѓе спроведоа драконски мерки за да ги спречат луѓето да влезат или да ја напуштат територијата.

Семејствата беа принудени да останат дома, сообраќајот и јавниот превоз беа стопитани, а работеа само продавниците со основни материјали.

„Мислам дека враќањето на работа е надеж. Тоа барем покажува дека Кина е победничка“, рече 35-годишниот Занг Јулан, кој се врати на работното место.

Додека Соединетите држави, Италија и Шпанија денес се борат со зголемувањето на бројот на заразени, Кина е фокусирана на ризикот од увезени случаи – претежно кинески државјани кои се враќаат од странство.

Од саботата, на странските државјани со важечки визи и дозволи за престој им е забранет влез во Кина.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Објавено пред

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува 5.690, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.

Во Шпанија се заразени вкупно 72.284 лица, а во петокот бројот на заразени изнесуваше 64.059, пишува Ројтерс.

Бројот на заразени со коронавирусот ширум светот се зголеми на 614.884 лица, досега починаа 28.687, а закрепнати се 135.671 лице, покажуваат најновите податоци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пациентка од Струга утрово почина од коронавирус

Утрово од коронавирус почина пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга, информираат од Министерството за здравство. Таа и...

Македонија2 часа

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет3 часа

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Македонија4 часа

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија6 часа

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија6 часа

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија6 часа

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија6 часа

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија6 часа

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија23 часа

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија1 ден

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија1 ден

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија1 ден

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Свет1 ден

Како ќе заврши коронавирусот – руски епидемиолог објави три сценарија

Кинезите за сузбивање на коронавирусот презедоа мерки без преседан и организираа карантин каков што досега не е виден во историјата...

Македонија1 ден

Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека...

Македонија1 ден

Регистрирани 18 нови случаи на заразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив,...

Свет1 ден

(Видео) Британскиот премиер, Борис Џонсон, позитивен на коронавирус

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја...

Свет1 ден

Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

Од 3 до 10 проценти од пациентите со Ковид-19 повторно биле позитивни на коронавирусот откако биле излекувани и отпуштени од...

Свет1 ден

Вчерашниот ден најсмртоносен од почетокот на пандемијата

Бројот на заразени со коронавирусот во 202 земји и територии ширум светот вчера надмина половина милион, при што САД ја...

Свет1 ден

Во САД најмногу заболени од коронавирус во светот

Во САД бројот на потврдени случаи на коронавирус се искачи на 85.612, што е најголем број отколку во која било...

Досие