Контакт

Свет

Стотици граѓани против десничарскиот марш планиран на 80-годишнината од „кристалната ноќ“

Објавено пред

Се очекува повеќе од илјада луѓе да присуствуваат на контрапротестот денес против крајно десничарскиот екстремистички марш планиран на 80-годишнината од погромот на „кристалната ноќ“, пренесува „Локал“.

Маршот на националистичката група „Ние сме за Германија“ (Wir für Deutschland ) беше забранет од страна на надлежните претходно оваа недела. Но, групата успешно ја обжали забраната и објави на својата фејсбук-страницата дека маршот ќе се одржи. Антифашистичките групи ги повикаа луѓето да се приклучат на нивниот контрапротест вечер.

Групата, која вели дека се бори за германската култура и идентитет, сака да одржи „марш на тагата за жртвите на политиката” во центарот на Берлин. Организаторот изјави дека маршот ќе се одржи за луѓето кои починале додека се обидувале да го преминат Берлинскиот ѕид. Но, противниците велат дека протестот е провокација и е несоодветен.

Портпаролот на „Берлин против нацистите“ (Berlin gegen Nazis), проект кој дејствува против десничарскиот екстремизам и расизам, изјави за „Локал“:

„Се организира масовен контрапротест од различни иницијативи и групи за да ѝ се спротивставиме на оваа десничарска екстремистичка група. Намерна провокација е што сакаат да маршираат на 9 ноември, на 80-годишнината од погромската ноќ. На овој ден се сеќаваме на еврејските жртви на холокаустот “.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во историјата на државата.
Огнот, во северна Калифорнија усмрти најмалку 76 луѓе, а повеќе од 1.200 се исчезнати.

Трамп ја опипа сцената како тажна за гледање и го преиспита свето спорно тврдење дека виновно е лошто стопанисување со шумите.

„Ние мораме да го направиме одржливо стопанисувањето и ќе соработиваме исто така и со еколошките групи. Мислам дека сите ја гледаат светлината. Мислам дека нема повторно да ни се случи ова до овој степен“ рече Трамп.

Пожарникарите се соочуваат со неколку поажри и во близина на Лос Анџелес, каде досега загинаа тројца луѓе.

Трамп го посети и градот Парадајз, при што истакна дека вложени се сите напори за пронаоѓање на презивеани лица, преку локално спроведување на законот, во што помагаат сите политичари и спасувачките тимови. Според него, најпрво треба да им се помогне на оние кои се најлошо повредени и најзасегнати од ужасните пожари.

Некои ја одобрија посетата на Трамп на теренот, но имаше и такви што го нарекоа морон.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Објавено пред

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на 45-годишнината од бунтот против воената хунта, пренесуваат грчките медиуми.

Маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, дрва, камења, а палеа и канти за отпадоци. Специјалните полициски екипи возвратија со солзавец, шок бомби и топови со вода.

Масовниот протест од Политехничкиот факултет, кој е симбол на студентскиот бунт во 1973 година, до амбасадата на САД во Атина заврши мирно, но потоа следеа инциденти во атинската населба Ексархија, што важи за собиралиште на анархистите, но и населба каде се наоѓа Политехничкиот факултет. Во нередите демонстранти го запалија и американското знаме.

Во нередите кои траеа речиси 4 часа, уапсени се 19 лица, а неофицијално повредени се двајца полицајци.
Во маршот од Политехничкиот факултет до американската амбасада учествуваа и министри и пратеници од „Сириза“. Протести имаше и во Солун и Патра.

Прикажи повеќе...

Регион

Братот на Оливер Ивановиќ: Не сум уверен дека не се располага со докази за убиството

Објавено пред

Братот на убиениот лидер на СДП, Оливер Ивановиќ, во интервју за „Данас“ вели дека во изминатите десет месеци никој од трите партии вклучени во истрагата не се обратил до семејството на убиениот. Мирослав Ивановиќ појаснува дека мисли на косовската страна, Белград и Еулекс.

Истакнал дека никој не им се обратил дури ниту од човечки причини да ги извести за глобалниот тек на истрагата.

Извршителите и оние кои дале наредба за ова злосторство засега не се познати на јавноста, како што и не се знае речиси ништо за истрагата, која на 8 март Специјалното обвинителство ја презеде од Основното обвинителство од Косовска Митровица, пренесува „Данас“.

Како што се наведува во текстот, се додека официјален Белград, Приштина и меѓународната управа на КиМ молчат, прашање е дали опозицијата во Собранието на Србија ќе стори се што може, барем да не се молчи за ликвидацијата на Оливер Ивановиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион48 минути

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Европа2 часа

Франција и денеска блокирана, продолжуваат насилните протести поради високата цена на горивата

Еден ден откако 280.000 луѓе протестираа во Франција поради зголемувањето на цената на горивата, автопатиштата во земјата, утрово во знак...

Свет2 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет18 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски20 часа

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија22 часа

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија22 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија22 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија23 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски2 дена

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија2 дена

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија2 дена

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија2 дена

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски2 дена

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија2 дена

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Досие