Свет
Стотици илјади дози на вакцината од „Астразенека“ тајно испратени во Австралија

Стотици илјади дози на вакцината на „Астразенека“ против Ковид-19 се испратени во Австралија од Велика Британија, но тоа е премолчено за да се избегнат какви било контроверзии во Велика Британија, објави „Сиднеј морнинг хералд“.
Првите 300.000 дози од вацината произведена во Велика Британија слетале на аеродромот во Сиднеј на 28 февруари – еден месец откако Европската комисија воведе ограничувања за извоз на вакцини произведени во ЕУ, според извештајот на весникот.
Втората голема пратка пристигнала со патнички авион на компанијата „Емирати“ во март, откако Италија и Европската комисија официјално го блокираа барањето на „Астразенека“ за доставување на 250.000 дози во Австралија, додава весникот.
„Сиднеј морнинг хералд“ цитираше неидентификуван британски официјален претставник кој вели дека пратките во Австралија никогаш не биле на штета на вакцинацијата во Велика Британија, една од најбрзите во светот.
Портпаролот на австралискиот премиер, Скот Морисон, одби да го коментира написот во „Сиднеј морнинг хералд“. Друг извор изјави дека Австралија не сака да го потврди или негира написот.
„Поради интегритетот на синџирот на снабдување и националната безбедност, ние не го откриваме потеклото на одредени пратки вакцини“, рече извор кој сакаше да остане анонимен бидејќи нема овластување да зборува за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Полска пронајдени лажни вакцини на „Фајзер“, кои содржеле средство против брчки

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ соопшти дека пронашла фалсификувани верзии на вакцината против Ковид-19 во Мексико и Полска.
Властите во двете земји ги запленија дозите и со тестирање потврдија дека се лажни. Вакцините пронајдени во Мексико имале лажни етикети, а дозите од Полска содржеле средства против брчки наместо вакцини, пишува Би-би-си.
Приближно 80 лица на клиника во Мексико добиле лажна верзија на вакцина што не е опасна за здравјето, но не обезбедува заштита од коронавирусот.
Портпаролот на мексиканската влада за Ковид-19, Уго Лопез-Гател, изјави дека полицијата открила лажни вакцини откога на социјалните мрежи се појавила понуда до 2.500 американски долари за доза. Неколку лица беа уапсени.
Полските власти соопштија дека откриле лажни дози во станот на осомничениот и дека никој досега не ја примил лажната вакцина.
Европа
ЕУ се надева дека набргу ќе вакцинира по 3 милиони луѓе дневно

Досега 170 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19 во ЕУ, но само 30 милиони ги добиле потребните две дози. Ова го соопшти еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидис, пред европратениците од Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната.
Таа изрази надеж дека набргу на ден ќе бидат вакцинирани по три милиони луѓе во ЕУ. Производството на вакцини во Унијата се зголемува и затоа ќе биде можно „Фајзер“ да испорача дополнителни 50 милиони дози порано, додаде комесарката.
Киријакидис рече дека се водат преговори за снабдување на 1,8 милијарда дози вакцини до 2023 година. На почетокот на овој месец ЕК објави дека ќе се фокусира на идните договори за снабдување со докажани технологии засновани на месенџер-РНК. Од производите одобрени од ЕУ ваквите вакцини се произведуваат само од „Фајзер“ и „Модерна“.
Европа
Словачка протерува руски дипломати поради Чешка

Тројца вработени во руската амбасада во Братислава треба да ја напуштат Словачка во рок од една недела.
„Во согласност со моментната геополитичка состојба, како и ситуацијата во Чешка, тројца вработени во руската амбасада во Братислава мора да ја напуштат територијата на Словачка во рок од седум дена“, изјави словачкиот премиер, Едуард Хегер.
Москва изрази разочараност од одлуката на Братислава навестувајќи дека бргу ќе одговори на ситуацијата.
Прага претходно протера 18 вработени во руската амбасада поради наводна улога на Русија во експлозија во магацин со оружје во 2014 година, во која загинаа две лица. Москва одговори со враќање на 20 чешки дипломати.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?