Контакт

Свет

Стотици мигранти го блокираа мостот меѓу САД и Мексико

Објавено пред

Во обид да извршат притисок врз Вашингтон за забрзување на решавањето на нивните барања за азил, стотици мигранти од Централна Америка го блокираа пограничниот мост меѓу САД и Мексико.

Околу 400 луѓе ја зазедоа мексиканската страна на мостот Гетвеј. Еден од нив рече дека тие не се обидуваат насилно да ја преминат границата, туку дека се уморни од чекањето да бидат процесуирани нивните барања за азил.

Мостот е затворен за пешаци и возила, освен за итните случаи.

Од јануари досега, САД вратија во Мексико повеќе од 40.000 мигранти. Многумина од нив се вратија во своите матични земји, додека други чекаат американските власти да одлучат по нивните барања за азил, процес што трае со месеци.

Регион

Рама: Направивме се што побараа од нас

Објавено пред

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан во Брисел.

„Хан беше кристално јасен. Го направивме тоа што го бараа од нас. Но, покрај тоа што го направивме и тоа што треба да го направиме, се наоѓаме во ситуација во која Европскиот совет мора да одлучи што неговите членови сакаат или не сакаат да направат за своето семејство, со оглед дека важен член на семејството бара друг пристап на целото семејство во овој процес“ рекол Рама.

Тој додал дека треба да продолжат со реформите, бидејќи тоа е во интерес на албанските граѓани, а не за да ги задоволат Брисел, Лондон, Париз или Берлин.

„Мораме да обезбедиме авропска Албанија за нашите деца, со демократски институции, со институционални државни права, да ги исполните стандардите на економијата на ЕУ“ заклучува Рама.

Прикажи повеќе...

Свет

Станишев: Реформите и обновувањето на ЕУ не можат да се спроведат со непочитување на критериумите и правилата

Објавено пред

Лидерот на Партијата на европските социјалисти, Сергеј Станишев, порача дека местото на Северна Македонија и Албанија е во Европската Унија. На подготвителната средба на левите премиери и еврокомесари пред Европскиот совет денеска во Брисел Станишев оцени дека, за жал, уште еднаш важни одлуки за иднината на ЕУ стануваат жртва на неодговорно однесување, базирано на краткорочни внатрешнополитички размислувања.

Тој нагласи дека во моментов францускиот претседател Емануел Макрон води политика на инает.

„Тоа не е демонстрација на сила, напротив тоа е спротивното – немоќ“, рече Станишев и додаде дека реформите и обновувањето на ЕУ не можат да се спроведат на овој начин, со непочитување на критериумите, правилата, солидарноста и процесот на градење доверба.

„Ние како Бугари имаме болно искуство со овој метод–повеќе од десет години чекаме пред шенген-портата. Новото одложување на овие преговори ќе биде погубно за политичките процеси во тие земји и сериозно ќе ја поткопа довербата во ЕУ како двигател на позитивни промени во земјите кандидатки. Единствениот ефект од тој чекор ќе биде разгорување на антиевропски популизам и национализам. Во старите земји членки тој веќе ги поткопува основите на ЕУ, на Балканот може да биде експлозивен. Не смееме тоа да го дозволиме“, рече лидерот на ПЕС.

На покана на Станишев денеска премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, како и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас учествуваа на состанокот.

Во специјалното писмо, кое Станишев го испрати до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, Станишев настојува во име на ПЕС прашањето да биде ставено на дневен ред на Самитот.

Прикажи повеќе...

Свет

Запленети три тони кокаин во Тихиот Океан

Објавено пред

Американската крајбрежна стража заплени 3,08 тони кокаин во водите на Тихиот Океан. Дрогата, која е запленета во бородови, е вредна 92 милиони долари и е пренесена во Сан Диего.

Според американската крајбрежна стража , кокаинот е запленет во близина на брегот на Мексико и на Централна и Јужна Америка.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 минути

Рама: Направивме се што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија1 час

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет2 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион3 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија3 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија4 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија5 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ6 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија6 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ7 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија7 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа7 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија8 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа9 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион10 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет10 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа10 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија21 час

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија22 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија1 ден

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Досие