Контакт

Свет

Страшна несреќа во Австрија – работник од БиХ паднал во базен што вриел со цинк

Објавено пред

Страшна несреќа се случила во саботата наутро во австрискиот град Линц, кога 49-годишен маж паднал во топол базен со цинк и сега е во животна опасност.

Во несреќата тешко е повреден државјанин на БиХ, кој со спасувачки хеликоптер е префрлен во Виена.

Граѓанин на Босна и Херцеговина работел на демонтирање на топла поцинкувана постројка на компанија од Линц. Се наоѓал на импровизирано скеле кога наеднаш од непозната причина изгубил рамнотежа.

Несреќниот човек паднал во два метра длабок и 450 степени топол базен со цинк и потонал до колковите.

Други работници скокнале да помогнат, го извлекле и повикале брза помош. Тој е пренесен во Виенската општа болница (АХХ) со повреди опасни по живот.

Регион

Нов црн рекорд во Словенија – 8.681 новозаразени лица

Објавено пред

Во Словенија денеска е потврден рекорден брод на заразени од Ковид-19. Од 13.803 направени тестови, позитивни биле 8.681 лица.

Словенечката влада воведе нови мерки за патниците и ја скрати домашната изолација од десет на седум дена, а премиерот Јанез Јанша рече дека е можно да се излезе од овој бран без нови драстични мерки и ограничувања, но само доколку сите се придржуваат до оние кои сега се на сила дури и да се зголеми опфатот со вакцинација на населението.

Прикажи повеќе...

Свет

Најсмртоносниот ден во Австралија од избувнување на пандемијата

Објавено пред

Австралија денеска се соочи со најсмртоносниот ден од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, бидејќи ширењето на сојот омикрон продолжи да ги зголемува стапките на хоспитализација на рекордно ниво, и покрај падот на дневниот број на нови инфекции.

Во Австралија денеска се регистрирани вкупно 77 смртни случаи, што го надмина претходниот национален максимум од 57 смртни случаи регистрирани минатиот четврток, покажаа официјалните податоци, пренесува Ројтерс.

– Денеска е многу тежок ден за нашата земја – рече премиерот на Нов Јужен Велс Доминик Перо на прес-конференцијата, откако австралиската држава објави 36 смртни случаи, што е нов максимум од почетокот на пандемијата.

Само четворица од починатите од Ковид во таа држава примиле бустер доза од вакцината против Ковид-19, поради што здравствените власти апелираат до граѓаните што поскоро да добијат дополнителна доза.

Прикажи повеќе...

Свет

Европскиот парламент избира нов претседател

Објавено пред

Европратениците денеска во Стразбур избираат нов претседател, а речиси е сигурно дека една од трите најважни институции на ЕУ во следните две и пол години ќе ја предводи Малтежанката Роберта Мецола од Европската народна партија (ЕПП).

По европските избори во 2019 година, двете најголеми политички групи во ЕП, Европската народна партија и Социјалистите и демократите, постигнаа договор за доделување петгодишен мандат на претседателот на Парламентот на две и пол години, прво на социјалдемократ, а потоа и на претставник на ЕПП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

(Видео) Премиерот Ковачевски го пречека премиерот Петков на првата официјална посета на нашата земја

Со државна церемонија пред платото на Владата, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, го пречека премиерот на Република Бугарија Кирил Петков...

Македонија3 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет3 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг, ја прикажуваат земјата...

Македонија4 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија12 часа

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија16 часа

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија19 часа

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија20 часа

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија22 часа

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија23 часа

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија23 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет1 ден

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт1 ден

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Регион1 ден

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани...

Свет1 ден

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Свет1 ден

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Свет1 ден

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е...

Македонија1 ден

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија2 дена

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Досие