Свет
Судир на два воза во Тунис: најмалку 95 повредени

Најмалку 95 лица се повредени во судир на два воза во јужните предградија на Тунис.
Портпаролот на цивилната заштита изјавил дека во судирот се повредени најмалку 95 лица и дека тие се префрлени во болници. Тој изјавил дека еден од возовите превезувал патници, а другиот бил празен.
Несреќата се случила во Џбел Џелуд, јужно предградие на главниот град на земјата. Засега не е позната причината за несреќата.
Според портпаролот, повеќето од повредените се со скршеници и не се пријавени сериозни случаи на повреди.
Egypte : 95 blessés dans la collision entre deux trains à Tunis https://t.co/lIHKwtJwEZ pic.twitter.com/45MYjtE35Z
— koaci.com (@Koaci) March 21, 2022
Во декември 2016 година пет лица загинаа, а 50 беа повредени во истата зона во судир на автобус и воз, што се случи поради оштетена инфраструктура.
Тунис ја имаше една од најтешките железнички несреќи во својата понова историја во јуни 2015 година кога 18 лица загинаа во судир на воз и камион во Ел Фахес, на 60-ина километри јужно од главниот град на Тунис.
Тој судир се случи поради грешка во сигнализацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Русите повторно тестираа „Циркон“

Русија успешно ја тестираше хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилот прелетал околу 1.000 километри.
Проектилот бил испукан од Баренцовото море и погодил цел во Белото Море, тврди министерството.
На видеото објавено од министерството се гледа како проектилот е испукан од брод. Рускиот претседател Владимир Путин претходно го опиша „Циркон“ како дел од новата генерација на вооружени системи како ниеден друг.
Русија минатата година изврши неколку тестови на ракетата. Минатиот месец пробно ја лансираше новата интерконтинентална ракета „Сармат“, која може да носи нуклеарни боеви глави, потсетува Ројтерс.
Свет
Трамп: Финансирањето на безбедноста во училиштата треба да биде приоритет, а не помагањето на Украина

За САД приоритет треба да биде финансирањето на безбедноста на училиштата, а не помагањето на Украина, изјави поранешниот претседател Доналд Трамп.
Трамп го кажа ова неколку дена по масовното пукање во Тексас, во кое загинаа 19 ученици во локално основно училиште.
„Ако САД можат да испратат милијарди долари во странство во Украина, ние би требало да можеме да направиме се’ што е потребно дома за да ги зачуваме нашите деца безбедни“, рече Трамп на конференцијата на Националната асоцијација на сопственици на оружје (НРА) во Хјустон, пренесе „Би-би-си“.
„Потрошивме милијарди долари во Ирак и Авганистан, а за тоа не добивме ништо“, рече Трамп за време на вчерашниот говор, предизвикувајќи силен аплауз од учесниците на конвенцијата на НРА.
Конвенцијата рекламира оружје и се залага за бесплатно купување и носење, а поради трагедијата во Тексас, неколку конзервативни говорници и музичари го откажаа своето учество, вклучително и производителот на оружје што напаѓачот го користел во училиштето во Јувалде.
Свет
Украинците објавија видео: „Добивме моќни противбродски ракети од Запад“

Украинската армија се пофали на својот Фејсбук дека била снабдена со копнени фрлачи на моќни противбродски ракети од типот Харпун, заедно со придружните проектили.
„Тоа се испораки од Холандија, Велика Британија и Данска, а наскоро ќе се приклучат и други земји. Овие проектили ќе ја бранат Украина од непријателските руски бродови во Црното Море“, се вели во соопштението на украинската војска.
„И други бродови на агресорот ќе му се придружат на крстосувачот Москва на дното на Црното Море“, се вели во соопштението.