Свет
Судот во Венецуела осуди шест поранешни директори на подружница на нафтениот гигант ПДВСА

Врховниот суд на Венецуела осуди на затворски казни шест поранешни директори на нафтената компанија ЦИТГО, подружница на венецуелскиот државен нафтен гигант ПДВСА, под обвинение за корупција, пренесува „Спутник“.
„Трибуналот за правда во Каракас пресуди затворска казна за ексдиректорите на ЦИТГО“, објави судот на „Твитер“ во четвртокот.
Според локалните медиуми, Хозе Переира, поранешниот претседател на ЦИТГО, бил осуден на 13 години затвор за проневера, соработка со изведувачи, злосторничко здружување и за перење пари. Други пет поранешни директори биле осудени на затворски казни од осум до десет години.
Одбраната планира да се жали на судската одлука.
Обвинетите, сите Венецуелци, од кои некои имаат и американско државјанство, беа уапсени во ноември 2017 година откога беа повикани на состанок во канцеларијата во Каракас на државната нафтена компанија во Венецуела, ПДВСА, сопственик на ЦИТГО.
Тие беа приведени во Каракас и префрлени во Генералниот директорат за воено контраразузнавање по што беа ставени во домашен притвор во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Разбојници во БиХ украле два и пол тона кафе

Ноќта помеѓу вторникот и средата засега непознати лица ги ограбиле производствениот погон и магацинот на компанијата „Маркафе“ од Кисељак во БиХ носејќи големи количини кафе.
Како што потврдиле од „Маркафе“ за порталот „Кликс“, разбојниците влегле во зградата преку прозорецот од задниот дел, каде што го паркирале комбето на оваа компанија, црвен „ситроен џампер“. Иако носивоста на комбето е 1,5 тон, разбојниците успеале да го натоварат со дури 2,5 тона кафе.
Според сопственикот, разбојниците биле добро информирани, знаеле најдобро место за влез во објектот, а потоа во канцеларијата ги барале клучевите.
Регион
И покрај масовната вакцинација во Србија, расте бројот на заразени

И покрај новите дози вакцини и сè поголемиот број вакцинирани, експертите во Србија предупредуваат на зголемување на бројот на заразени, а кризниот штаб денеска треба до го разгледа работното време на кафулињата и рестораните не исклучувајќи ја можноста за заострување на мерките.
Во понеделникот имало речиси 3.000 заразени, а во вторникот тој број бил 3.257, со 15 смртни случаи. Според најновите резултати, денеска се забележани 3.460 новозаразени и 17 починати. Во последните 24 часа биле направени 15.200 теста.
Според „Нова.рс“, првата доза на вакцината ја примиле 813.266 граѓани на Србија, а втората доза ја примиле 462.578.
Од почетокот на епидемијата во Србија се забележани 4.366 смртни случаи како последица на Ковид-19. На респиратори се 157 лица, а во болниците има 3.727 ковид-пациенти. Од почетокот на епидемијата официјално се потврдени 442.853 случаи на инфекција.
Државниот секретар во српското Министерство за здравство најави заострување на мерките.
„Мора да обрнеме внимание и што побргу да го запреме влошувањето на ситуацијата“, рече Мирсад Џерлек.
Тој, сепак, забележува дека воведувањето полициски час не доаѓа предвид. Мерките што треба да се засилат се оние што се однесуваат на работното време на продавниците и кафулињата.
Свет
Путин предупреди на странски напори за дестабилизација на Русија

Претседателот Владимир Путин ѝ нареди на водечката агенција за контраразузнавање, Федералната служба за безбедност, да ја зајакне борбата против, како што рече, обидите на Западот да ја дестабилизира Русија.
На состанокот со највисоките претставници на Федералната служба за безбедност, Путин укажа на т.н. политика на ограничување во Русија, што, од друга страна, значи „спречување на развојот на Русија, создавање проблеми по должината на границите, предизвикување внатрешна нестабилност и поткопување на вредностите што го обединуваат руското општество“.
Путин не ги спомена протестите за апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, но ги нападна оние во Русија што наводно им служат на странските интереси.
„Неопходно е да се постави граница помеѓу политичката конкуренциј, конкуренцијата помеѓу политичките партии, идеолошките платформи, разните ставови за развојот на земјата и активностите во служба на странските интереси, кои немаат никаква врска со демократијата и имаат цел да ги нарушат стабилноста и безбедноста на нашата земја“, рече Путин.
Претседателот ја истакна потребата Федералната служба да ги заштити од провокации парламентарните избори закажани за септември.
Тој ја поздрави работата на службата за спречување на активностите на странски шпиони велејќи дека биле откриени 72 и 423 нивни информатори.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер