Контакт

Свет

Судот во Гибралтар ја продолжи заплената на иранскиот танкер за 30 дена

Објавено пред

Судот во Гибралтар ја продолжи заплената на иранскиот танкер за нафта за 30 дена, објави „Франс прес“ цитирајќи го јавниот обвинител на Гибралтар. Според агенцијата, налогот за одобрување на заплената на танкерот може да се продолжи до 90 дена.

„Со нетрпение очекуваме да продолжиме конструктивно и позитивно да работиме со официјални претставници на Иран за да го олесниме ослободувањето на „Грејс 1“ во согласност со сите законски барања“, рече главниот министер на Гибралтар, Фабијан Пикардо.

На 4 јули супертанкерот „Грејс 1“ беше запленет на Гибралтар под сомневање дека превезува нафта за преработка во Сирија.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, и секретарот за надворешни работи на Велика Британија, Џереми Хант, разговараа за ова прашање претходно неделава, при што Зариф го повика Лондон да го ослободи танкерот. Тој исто така истакна дека Техеран ќе го продолжи извозот на нафта под секакви околности.

Хант од своја страна рече дека „Грејс 1“ ќе биде ослободен кога Иран ќе даде гаранции за неговата крајна дестинација.

Четворицата членови на екипажот беа ослободени со кауција претходно овој месец по сослушувањето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кипар: Од Турција пристигнaле 120 сириски мигранти

Објавено пред

Кипарската полиција соопшти дека во прифатниот центар се сместени 120 мигранти од Сирија кои пристигнале со брод од Турција.

Полицијата соопшти дека 97 мажи, 20 деца, од кои 14 пристигнале без придружба од постаро лице, и три жени им кажале на властите дека секој од нив им платил на шверцерите со луѓе 3.620 евра за место на бродот.

Според АП, бродот бил забележан како плови кај Кејп Греко и бил придружуван до пристаништето.

Мигрантите рекле дека испловиле од јужниот турски пристаништен град Мерсин, откако ја преминале границата меѓу Сирија и Турција.

Прикажи повеќе...

Свет

Тројца загинати во протестите во Ирак

Објавено пред

Три лица загинаа во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили во последните протести што се случија во текот на ноќта во Багдад, соопштија денеска официјалните лица.

Едно лице загина кога безбедносните сили употребија жив круг за да ги одвратат демонстрантите од мостот Ахрар, додека другите две беа убиени во судирите на мостот Синак, откако безбедносните сили испукаа солзавец, пренесува АП.

Демонстрантите ги окупираа трите главни моста во Багдад кои водат кон утврдената зелена зона каде што се наоѓа седиштето на ирачката влада.

Прикажи повеќе...

Свет

Столтенберг: Алијансата е со 20 пати поголем буџет од Русија

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека заедничкиот буџет на НАТО е 20 пати поголем од рускиот, пренесоа руските медиуми.

„Кога зборуваме за бројки, ние сме ефикасен сојуз со ефиканска војска, но и висината на трошоците ни е повисока, што го отсликува повисокиот животен стандард. Доколку ги споредите платите и трошоците за живот меѓу земјите членки и Русија, очигледно е дека трошоците се повисоки во државите членки на НАТО“, вели Столтенберг.

Руските медиуми пренесуваат дека НАТО планира да продолжи да вложува толку колку што е неопходно за оддржување на воената моќ и соодветно на одбраната на земјите членки.

Зборувајќи за претходната изјава дека и покрај тоа што алијансата во 2018 година потрошила трилион долари за одбраната, Столтенберг најавува дека НАТО планира да потроши дополнителни 100 милијарди во 2020 година и да ги оддржи своите напори и уште повеќе да го зголеми буџетот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија2 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија2 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија2 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет3 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет3 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија3 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија17 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија19 часа

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа22 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија23 часа

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија23 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија24 часа

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија1 ден

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија1 ден

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија1 ден

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 ден

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 ден

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа1 ден

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Досие