Европа
Судот ѝ наложи на холандската Влада да го укине полицискиот час

Судот во Холандија денеска наложи владата веднаш да го укине ноќниот полициски час воведен за ограничување на ширењето на коронавирусот во земјата, со образложение дека не постои соодветна правна основа за тоа.
Полицискиот час, прв во Холандија по Втората светска војна, предизвика немири и бројни демонстрации кога беше воведен на 23 јануари.
„Полицискиот час се заснова на законот за вонредни ситуации, кога нема време за дебата во парламентот“, соопшти судот.
„Немаше таква итна потреба во овој случај. Далекусежните мерки како оваа мора да се засноваат на соодветни закони“, се додава во образложението.
Судот соопшти дека владата не објаснила зошто е очајно потребен полициски час во оваа фаза од пандемијата, бидејќи стапката на инфекции во Холандија веќе била во пад пред мерката да стапи на сила.
Холандската влада е под притисок по воведувањето на полициски час на 23 јануари, од 21 до 4:30 часот наутро, што ги предизвика најбурните протести во земјата во последните 40 години. Минатата недела мерката беше продолжена до 3 март.
Портпаролката на Министерството за правда изјави дека владата сè уште ја проучува изненадувачката одлука на Хашкиот окружен суд и дека засега нема коментари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Периодот меѓу двете вакцини е посоебно опасен, предупредуваат виролозите

Главниот виролог на Универзитетската клиника во Хајделберг, Ханс-Георг Кројслих, предупредува на опасноста од нови мутации на коронавирусот, особено во периодот помеѓу приемот на две дози на вакцината.
„Би било загрижувачки ако во следните недели, многу луѓе, по првата вакцина, имаат нецелосна заштита, а во исто време има бројни инфекции. Тоа би било идеален простор за нови видови кои би можеле да го заобиколат дејството на вакцината“, изјавил Кројслих за весникот „Рајн Некар Цајтунг“.
Тој истакнал дека, со делумен имунитет, може да се создадат отпорни варијанти на вирусот.
„Ако се заразат голем број луѓе, кои сè уште немаат целосен имунитет, тогаш се зголемува веројатноста за нови мутации“, смета вирологот.
Европа
По обвинувањата на Меган Маркл за расизам во кралското семејство, реакција од Лондон

Министерката за детски права во Велика Британија, Вики Форд, денеска изјави дека нема простор за расизам во општеството откако Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, обвини дека некој од британското кралско семејство бил загрижен за тоа колку ќе биде темна кожата на детето, пренесува „Ројтерс“.
Меган, чија мајка е Афроамериканка и чиј татко е белeц, рече дека додека била бремена и го чекала раѓањето на нејзиниот син Арчи (2), во палатата била изразена загриженост за тоа колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди.
„Расизмот апсолутно нема место во нашето општество“, изјави Вики Форд за „Скај њуз“.
Таа додаде дека не го гледала интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл во емисијата на Опра Винфри на американската TВ-станица Си-би-ес, што се емитуваше синоќа.
Европа
Австрискиот министер за здравство: Имаме пандемија во пандемија

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер, по повод зголемениот број новозаразени и сè повеќе случаи на нови видови, предупреди на опасноста од пандемија во пандемија.
За само неколку недели британскиот вид стана доминантен во Австрија, бидејќи го потисна претходниот вид, кој во петтата недела од оваа година „држеше“ удел од 61,5 проценти, а во осмата недела „само“ 36,3 проценти.
Во меѓувреме, британскиот вид е причина за заболувања од коронавирус во 58,4 проценти од случаите во Австрија.
„За Австрија, доминантноста на британскиот вид не е добра вест. Тој е позаразен од основниот вирус, и тоа, во Австрија, за 23 проценти“, нагласи тој.
Аншобер истакна дека сега е важно да се почитуваат мерките за, и покрај доминацијата на британскиот вид, да се помине добро низ кризата до Велигден.
„По Велигден ќе биде полесно, бидејќи поради повисоките температури, граѓаните ќе поминуваат помалку време во затворени простории, а ќе се постигне и поголема стапка на вакцинација на населението“, објасни тој.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“