Европа
Тажни слики од Мариупол: градот е уништен, само неколку згради останаа недопрени
Мариупол, украинскиот пристаништен град, претрпе најголеми последици за време на руската инвазија на Украина. Градот е уништен, уништени се речиси сите згради.
Русија тврди дека нејзините војници сè уште го имаат овој град и наведува дека повеќе од 1.000 украински маринци се предале. Сепак, Украина го негира ова.

Заменик-градоначалникот Серхи Орлов за Би-би-си изјави дека таму сѐ уште се борат украинските војници.
Се чини дека борбите продолжуваат околу џиновската фабрика за челик „Азовстал“ на пристаништето, која е една од двете области што не се под руска контрола.

Инаку, Мариупол е клучна цел за Русија бидејќи се обидува да воспостави копнена рута до полуостровот Крим, кој го анектира во 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
