Контакт

Свет

Талибанците слават 3 години од владеењето со Авганистан: „Тука сега владее шеријатскиот закон“

Објавено пред

Врховниот талибански лидер истакна дека талибанците го трансформирале Авганистан во земја во која владее шеријатскиот закон одбележувајќи три години од нивното владеење, што беше проследено со голема воена парада во воздухопловната база Баграм во близина на Кабул.

„Системот е исламски и заснован на шеријат, шеријатот се спроведува“, рече врховниот водач Хаибатула Ахунџада.

„Додека живееме, ќе ги чуваме и применуваме Алаховата вера и шеријатот за себе и за другите“, рече тој.

По молскавичната офанзива додека странските сили предводени од САД се повлекоа по 20 години војна, талибанците навлегоа во Кабул на 15 август 2021 година. Авганистанските безбедносни сили, формирани со долгогодишна поддршка од Западот, се распаднаа и претседателот Ашраф Гани побегна.

Талибанците организираа воена парада ден пред годишнината. Талибанските безбедносни сили покажаа тенкови и оружје во воздухопловната база Баграм, некогаш најголемата воена база на американската коалиција. Голем дел од опремата претходно беше во сопственост на авганистанската влада, која ја доби од странски сили и беше конфискувана од талибанците откога ја презедоа.

Три години по преземањето на власта, талибанците подобрија некои економски показатели, како што е извозот, и борбите престанаа, но нападите во урбаните области продолжуваат, од кои одговорност за некои презедоа радикалите на Исламската држава.

Но, големото намалување на помошта за развој и ограничувањата на банкарскиот сектор на иницијатива на Вашингтон придонесоа за голема хуманитарна криза, а повеќе од половина од населението има потреба од помош за да преживее. Западните влади рекоа дека патот до признавање и укинување на санкциите е блокиран додека талибанците не ја сменат својата политика за правата на жените.

Девојчињата постари од 12 години не смеат да добијат формално образование, жените не смеат да патуваат далеку без машка придружба и не смеат да одат во спортски сали и паркови. Талибанците нагласуваат дека ги почитуваат правата на жените во согласност со нивното толкување на авганистанската култура и исламското право.

Најново

Економија11 минути

(Видео) Филипче: Македонија е на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот бруто-домашен производ (БДП) по жител, а проценката на Меѓународниот...

Македонија56 минути

Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминале во ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ...

Црна хроника56 минути

Украдeн паричник од патничка во автобус на ЈСП во Скопје

61-годишна скопјанка пријавила дека ѝ бил украден паричникот со пари и лични документи додека се возела во автобус на ЈСП...

Свет1 час

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија1 час

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет2 часа

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника2 часа

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет3 часа

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет3 часа

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...