Контакт

Свет

„Тасс“: Курдите со контраофанзива повратија град заземен од турската војска

Објавено пред

Курдските Eдиници за заштита на народот ја зазедоа контролата врз Рас ал-Аин кога почнаа контраофанзива по офанзивата на турските трупи и нивните сојузници, кои го окупираа овој пограничен град на 12 октомври.

Според агенцијата „Тасс“, која се повикува на локални медиуми, Курдите и вооружените единици на сириската опозиција, кои ја поддржуваат Турција во нејзината воена операција, водат интензивни борби на периферијата на неколку градови.

Курдските единици во моментот го напаѓаат блискиот град Тел Халаф, кој го контролира т.н. слободна сириска армија.

Извештаи за конфликти доаѓаат и од пограничниот град Кобане, кој се наоѓа на источниот брег на реката Еуфрат.

Вчера, курдските трупи го спречија планот на турските сојузници да пресечат стратешка рута до границата и да го поврзат сирискиот економски центар Алепо со градот Ал-Хасака во провинцијата со истото име.

Европа

Родната куќа на Хитлер станува седиште на полицијата

Објавено пред

Одлуката за иднината на родната куќа на Адолф Хитлер во Браунау, Австрија, по неколкугодишни судски процеси, конечно е донесена, во неа ќе се всели полицијата.

Зградата ја презеде австриската држава во август, а за новиот изглед на зградата ќе се распише конкурс за архитекти од цела Европа.

Во куќата, како што е решено, ќе се смести општинската полициска команда и полициската станица Браунау.

Одлуката е образложена со ставот дека на тој начин таканаречениот „нацистички туризам“ од цела Европа конечно може да се прекине.

Имено, нацистите од сите делови на Стариот Континент доаѓале во Браунау за да ја видат родната куќа на Хитлер, а Австрија смета дека кога полицијата ќе се пресели во куќата, неонацистите ќе ја избегнуваат.

Повеќе години државата водеше правен спор со сопственичката на куќата и, конечно, во 2016 година, парламентот одлучи да ја национализира зградата.

„Со тоа што полицијата во иднина ќе ја користи куќата, ние ќе испратиме недвосмислен сигнал дека на зградата ѝ се одзема од симболика на сеќавање на нацизмот“, рече министерот за внатрешни работи Волфганг Пешорн.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Американски хеликоптер се урна во Авганистан, загинаа двајца војници

Објавено пред

Двајца американски војници загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во Авганистан, соопштија од американската војска.

Талибанците тврдат дека тие го урнале хеликоптерот.

Од американската армија наведуваат дека е покрената истрага, истакнувајќи дека првичните извештаи не укажуваат дека во прашање е непријателски оган.

Годинава 19 американски војници беа убиени во Авганистан, додека повеќе од 2.400 Американци загинале во речиси 18-годишната војна.

Прикажи повеќе...

Свет

Силен земјотрес ја стресе Аргентина

Објавено пред

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени ги погоди централните делови од Аргентина, а властите наведуваат дека засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Американскиот геолошки институт објави дека потресот бил регистриран синоќа, на 63 километри југозападно од градот Сан Луис, на длабочина од 10 километри.

Аргентинските медиуми известија дека потресот најмногу бил почувствуван во провинциите Сан Луис, Мендоза и Сан Хуан.

Земјотресот го почувствувале и жителите на Буенос Аирес и Росарија.

Тие на социјалните мрежи споделија видеоснимки на кои се гледа како се ништаат лустерите во становите, пренесе АП.

Прикажи повеќе...

Најново

Наука26 минути

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија28 минути

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Економија57 минути

Заев: Инвестираме во човечкиот капитал преку мерки во образованието

Во однос на мерките преку кои државата ќе инвестира во човечкиот капитал, на што е посветен предлог-буџетот за идната година,...

Европа1 час

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет1 час

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија2 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион13 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија14 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа15 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија17 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет19 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија20 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија21 час

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ21 час

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија23 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија23 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ24 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата1 ден

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија1 ден

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Досие