Контакт

Свет

Татко си ги убил четирите деца и сопругата, телата ги чувал со недели дома и ги фрлил во друга држава

Објавено пред

Маж на Флорида е осомничен за убиство на сопругата и нивните четири деца, чии тела ги чувал дома со недели за на крајот да ги фрли во Џорџија.

Налогот за апсење на Мајкл Џонс (38) бил издаден веднаш кога ги пронашле телата, а набргу потоа тој бил откриен во Џорџија.

Полицијата соопшти дека го испрашала Џонс кога го пронашле телото на неговата сопруга Кеси Џонс (32), а тој потоа ги одвел до местото каде што ги оставил убиените деца.

„Дејли мејл“ пренесува дека Мајкл Џонс, наводно, ги убил сопругата и четирите деца и ги чувал во куќата со недели пред да ги стави во комбе и да се вози до границата со Џорџија.

Засега не е познато како се убиени жртвите.

Исчезнувањето на Кеси и нејзините деца било пријавено од нејзиното семејство, тие признале дека не се слушнале ниту виделе речиси шест недели.

Полицијата ги продолжува своите истраги за да покаже како биле убиени мајката и децата.

Свет

Социјалистичката партија и Подемос се договорија за постизборна коалиција

Објавено пред

Социјалистичката партија на чело со шпанскиот премиер Педро Санчез постигна договор за формирање постизборна коалиција со партијата на екстремната левица Унидас Подемос, пренесе „Ројтерс“.

Извор од Социјалистичката партија за „Ројтерс“ не навел повеќе детали за состанокот меѓу Санчез и Пабло Иглесијас. Коалицијата од двете партии сепак нема да има доволно пратеници за формирање влада зашто заедно имаат поддршка од 155 пратеници, а за парламентарно мнозинство се потребни 176.

Во Шпанија во неделата се одржаа четвртите парламентарни избори во последните четири години. Најмногу мандати освоила Социјалистичката партија, но раст забележиле и десничарските партии.

Прикажи повеќе...

Свет

Повеќе жртви во експлозија во близина на либанската амбасада во Дамаск

Објавено пред

Најмалку две лица се убиени, а шест други се повредени по експлозијата што го потресе квартот Мазех во Дамаск кога сириската воена воздушна одбрана нападна непријателска цел над блиското предградие Дараја, пренесува САНА.

Во ракетниот напад сношти беше погодена цивилна зграда во близина на либанската амбасада во западниот округ на главниот град, во кој се сместени универзитетот во Дамаск и многу дипломатски мисии. Сè уште не е јасно кој стои зад нападот.

На социјалните мрежи се појавија голем број фотографии на кои се прикажани последиците од нападот за кој се чини дека оштетил најмалку една зграда, која подоцна се запалила. Некои корисници на интернет шпекулираа дека Израел можеби го извршил нападот бидејќи ракетата, наводно, дошла од либанскиот воздушен простор, кој претходно бил прекршен од израелската авијација (ИАФ) во повеќе наврати за да бомбардира цели во Сирија.

Израел ниту ги потврдува ниту ги негира извештаите на странските медиуми за своите прекугранични напади. Извештаите за нападите врз сириската престолнина се случија помалку од еден час откако Израел објави дека убил врховен командант на Исламскиот џихад, вооружена група во Газа.

Прикажи повеќе...

Свет

Самоубиствен напад врз американскиот конвој во Авганистан

Објавено пред

Американски воен конвој бил цел на самоубиствен напад на автопатот Кабул – Пактија во Авганистан, пренесува „Спутник“. Нема информации за жртви, а американската армија досега не ги коментира извештаите.

Кон крајот на октомври авганистанскиот претседател Ашраф Гани предложи мировен план во седум точки, кој повикува на одделни разговори со САД и НАТО, со талибанското движење, со Пакистан и со регионалните и меѓународните партнери и организации. Исто така, планот предвидува зајакнување на институциите на национално ниво и решавање на поплаките на локално ниво.

Веќе една година САД и талибанците се обидуваат да преговараат за мировен договор што ќе вклучува и повлекување странски трупи од Авганистан во замена за уверувањата во борбата против тероризмот. Меѓутоа, Авганистан не е вклучен во разговорите затоа што талибанците одбиваат да водат дијалог со авганистанските власти.

Претходно во септември, ескалацијата на насилството го натера Вашингтон да ги прекине разговорите со талибанците. Со мировните преговори за неизвесност талибанците постојано го тероризираат Авганистан со бунтовници и со насилство. Како одговор владата почна специјални операции за елиминирање на безбедносните закани во гласачките места.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија2 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија4 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ6 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија6 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија6 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион6 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија8 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет8 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион8 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија19 часа

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет20 часа

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија1 ден

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија1 ден

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија1 ден

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија1 ден

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Досие