Свет
Тајландскиот премиер се закани: Кривично ќе биде гонет секој што ќе шири лаги за вакцините

Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-Оча, се закани со кривично гонење на секој што шири лажни информации за вакцини против коронавирус на социјалните мрежи или во масовните медиуми.
Со оглед дека државата веќе може да казнува затоа што во тек е вонредна состојба, која беше прогласена во март минатата година поради пандемијата, предупредувањето на Прајут е реакција на тврдењата на опозицијата на интернет дека неговата влада не сторила доволно за да набави доволно вакцини.
Танаторн Џуангронгруангкит, поранешниот лидер на распуштената партија „Напред кон иднината“, ја обвини владата дека постапува премногу бавно во врска со вакцинирањето на населението. Имаше и обвинувања дека компаниите со „врски“ профитираат од државните договори за вакцини, што властите ги негираа.
Здравствените власти на прес-конференција денеска го бранеа процесот на набавка на вакцините и рекоа дека Министерството за здравство работи на тоа од февруари минатата година, но им треба време за проценка кои се соодветни.
Како што се наведува, целта на Владата е да вакцинира 50% од населението оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Запленети рекордни 23 тони кокаин наменети за продажба во Холандија

Царините во Германија и Белгија заплениле рекордни 23 тони кокаин наменети за трговија во Холандија, пренесува Би-би-си.
Германските власти откриле 16 тони во пет транспортни контејнери што претходно месецов пристигнале во пристаништето во Хамбург од Парагвај. Веднаш била известена полицијата во Холандија, а во белгиското пристаниште Антверпен биле запленети уште 7,2 тони кокаин.
Германските власти соопштија дека уличната вредност на кокаинот се проценува на милијарди евра.
Во Антверпен, дрогата билa скриенa во контејнер исполнет со дрвени блокови од Панама.
Кокаинот пронајден во Хамбург бил скриен во конзерви кои содржеле гипс што се користи за пополнување на пукнатини во ѕидови.
Уапсен е 28-годишен маж осомничен за вмешаност во трговијата со рекордната количина кокаин, соопшти холандската полиција. Според извештаите на медиумите, станува збор за холандскиот државјанин Атиф С.
Свет
Војската во Ерменија го повика премиерот да поднесе оставка

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан рече дека повикот на вооружените сили тој да се повлече од функцијата е обид за воен удар во земјата и ги повика приврзаниците да се соберат во центарот на главниот град Ереван.
„ Верувам дека изјавата на Генералштабот е обид за воен удар. Ги повикувам сите наши поддржувачи да се соберат на Плоштадот на Републиката”, напиша Пашинијан на Фејсбук.
Ерменските вооружени сили претходно денеска повикаа на оставка од Пашинијан и неговата влада, објави новинската агенција Интерфакс.
Пашинијан се соочува со протести и повици за негова оставка поради, како што велат критичарите, погубни постапки во крвавиот шестнеделен конфликт меѓу азербејџанските и ерменските сили минатата година. Тој се најде под притисок на опозицијата, откако Азербејџан ја победи Ерменија во војната за покраината Нагорно Карабах, што заврши со договор за прекин на огнот на 10 ноември, со кој на Азербејџан му беа дадени големи делови од територијата во планинската зона Кавказ, за која двете земји со денеции се спорат.
Европа
Европол: Уапсени 38 лица за трговија со мигранти

Европол денеска објави дека 38 лица се уапсени во Франција, Романија и Молдавија под сомнение дека се членови на криминална организација што шверцувала и експлоатирала работници мигранти, пренесува „Ројтерс“.
Во разбивањето на оваа организирана криминална група учествуваа полицајци, кои се обвинети за криумчарење мигранти, трговија со луѓе заради трудова експлоатација, измама со документи, социјални бенефиции и перење пари, се вели во соопштението на Европол.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер