Контакт

Свет

Тереза Меј ќе предложи нов амандман за брегзитот

Објавено пред

Британската премиерка Тереза Меј му соопшти на законодавното тело дека владата е загрижена за улогата на Парламентот во брегзитот, па најави дека ќе предложи нов амандман.

„Утринава се согласивме со секретарот за брегзитот дека ќе предложиме нов амандман во Домот на лордовите,“ изјави Меј во парламентот.

Таа вели дека со оваа одлука Парламентот нема да може да ѝ ги врзе рацете на владата и додаде дека Парламентот нема да може да ја отфрли волјата на народот кој сака да ја напушти Европската Унија.

Регион

Вучиќ: Кому не му се допаѓа нека ја напушти власта

Објавено пред

Од

Претседателот на Србија и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, им порача на колегите од СНС и коалициските партнери дека може да излезат од власта ако го сакаат тоа и да не седат на два стола.

„Оди каде што сакаш, секој од СНС и секој од друго место – одете слободно, само немојте да седите на два стола. Кому не му се допаѓа нека си оди“, вели Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања во Белград.

Тој порачува да си одат веднаш оние на кои не им се допаѓа, подобро отколку да заминат кога ќе дојде тешко време и да му забијат нож во грбот.

Запрашан дали СПС ќе излезе од владата на Србија, тој вели дека не постои реална опасност за тоа.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата на мостот во Џенова

Објавено пред

Од

Џенова, несреќа, Италија

Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата што се случи на автопат кај Џенова, Италија, кога се урна мост. Министерот за сообраќај и инфраструктура, Данило Тонинели, изјавил дека се работи за огромна трагедија.

Агенцијата „Анса“ пренесува дека надлежните се сомневаат оти причината за уривањето е недоволната стабилност на конструкцијата. Мостот се наоѓа на автопат и е изграден во 60-тите години, а бил реконструиран во 2016 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Тачи: Да се обединиме за соединување со Прешевската Долина

Објавено пред

Од

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, им се заблагодари по пат на „Фејсбук“ на сите лидери и граѓани од Прешевската Долина.

Тој изрази благодарност до сите што го поддржуваат соединувањето на Прешево, Бујановац и Медвеѓе со Косово во рамките на, како што рече, корекцијата на границите помеѓу Косово и Србија. Тачи ги повика политичките лидери на Косово да се обединат за оваа цел.

Исмет Беќири од опозицискиот Демократски сојуз на Косово го обвини Тачи за лицемерство и манипулација со чувствата на сонародниците од Прешевската Долина.

„Тие заслужуваат поддршка, треба да се работи повеќе за дискриминираните албански граѓани. Она што не треба е да се манипулира со нивните чувства, емоции и права“, рече Беќири.

Опозицијата смета дека вакво обединување веројатно нема да се случи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Зошто редовно се калкулира и навреме не се објавува тендер за набавка на инсулин?

Министерот за здравство, Венко Филипче, сè уште не најде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По...

Македонија39 минути

УЈП ќе има неограничен пристап до сметките на граѓаните, но тој треба да биде контролиран

Увидот на Упрвата за јавни приходи во личните податоци мора да се ограничи, а евентуалната размена на податоците со банките...

Македонија1 час

(Видео) Министрите сè уште немаат материјали за разрешување на Лазе Велковски

Владата сè уште не го разгледала предлогот за разрешување на директорот на Биро за јавна безбедност, Лазе Велковски. Министерот Љупчо...

Џенова, несреќа, Италија Џенова, несреќа, Италија
Европа2 часа

(Видео) Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата на мостот во Џенова

Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата што се случи на автопат кај Џенова, Италија, кога се урна мост. Министерот за...

Економија2 часа

Четири компании со иновации изјавиле дека се поврзани со функционери

Четири од вкупно 77 компании добитници на грантови за иновации изјавиле дека во сопственичката структура имаат лице носител на јавна...

Економија4 часа

Ердоган најави бојкот на електронските уреди од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе следува бојкот на електронските уреди од САД  по заострувањето на односите со...

Топ5 часа

Почина шестмесечно бебе во Штип

Шестмесечно бебе без знаци на живот вчера било донесено во штипската болница. На неговото тело немало траги на насилство, а...

Свет6 часа

Трамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша законот за годишната одбранбена политика, вреден 716 милијарди долари, што предвидува модернизација и...

Економија7 часа

Светски познатиот американски бренд за брза храна КФЦ доаѓа во Македонија

Премиерот Зоран Заев синоќа оствари средба со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање ресторани за брза храна на американскиот бренд...

Топ7 часа

Пожар во „Неуромедика“, штетата сѐ уште не е утврдена

Пожар избувнал ноќеска во болницата „Неуромедика“ во центарот на Скопје. Како што информираат од Противпожарната бигада на град Скопје, пожарот...

Македонија7 часа

Владата на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ

Владата денeска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој...

Македонија22 часа

По објавата на ,,Макфакс”, Министерството за здравство уште утре ќе распише тендер за набавка на инсулин

По објавата на ,,Макфакс” за недостиг на инсулин во државата, Министерството за здравство одлучи уште утре да распише тендер за...

Економија1 ден

(Видео) Заев: УЈП ќе ги гледа сметките оти најмала наплата на даноците има кај оние со најголеми приходи

Увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во банкарските сметки на граѓаните ќе служи само за државата да си ги...

renata-jakimovic renata-jakimovic
Македонија1 ден

Дијабетичарите принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи го нема во аптеките

На повидок е нова инсулинска криза во Република Македонија, дијабетичарите со месеци мака мачат да дојдат до лекот од кој...

Македонија1 ден

(Видео) Лазе Велковски останува во МВР и по евентуалното разрешување

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, ќе остане во МВР, дури и ако Владата на утрешната седница го...

Регион1 ден

Ставен под контрола пожарот на грчкиот остров Евија

Ставен е под контрола шумскиот пожар што избувна вчера на грчкиот остров Евија. Поради пожарот, на островот претходно денеска беше...

Македонија1 ден

За четири дена 528 пријави од дијаспората за претстојниот референдум

На повикот на Државната изборна комисија преку интеренет-апликација, со која гласачите од дијаспората може електронски на страницата да поднесат барање...

Македонија1 ден

Претседателот на Бугарија бара анекс-договор со Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев, не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата...

Македонија1 ден

Чавков и пратениците следната недела на суд за крвавиот четврток

Следната недела, на 22 август, обвинетите за настаните во Собранието на крвавиот четврток повторно седнуваат на обвинителна клупа. Меѓу нив...

Македонија1 ден

Обвинетите во предметите на СЈО, се враќаат во обвинителни клупи

Во четврток, по еден месец пауза, продолжува рочиштето за случајот „Титаник“, а на обвинителна клупа се враќаат ексфункционерите Никола Груевски,...

Досие