Свет
Терористите дивеат во Лондон, полицајците го чуваат Асанж

Британските медиуми објавија денес фотографија од амбасадата на Еквадор во Лондон за да покажат колку полицајци, во време кога официјален Лондон не успева да ги спречи терористичките напади, се распоредени да го чуваат Џулијан Асанж, основачот на Викиликс.
Претходно лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, ја повика премиерката Тереза Меј да поднесе оставка бидејќи е најодговорна за намалување на бројот на полицајците за време на нејзиниот шетгодишен мандат како министер за внатрешни работи.
Меј, по терористичките напади во саботата кога загинаа седум лица а над 50 беа повредени, се соочи со прашања на новинарите дали жали за тоа што го намалила бројот на полицајците за 20.000 од 2010 година наваму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Силна бура создаде застрашувачка глетка на небото во Оклахома, изгледаше како да пукнала нуклеарна бомба“

Небото над градот Норман во американската сојузна држава Оклахома во неделата поради облаците донесени од силна бура изгледаше како да експлодирала нуклеарна бомба.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат облаци кои се движат нагоре низ облакот стратус, создавајќи илузија на печурка.
Stunning storm structure seen from Norman, OK yesterday! This same cell produced larger than baseball size hail in Seminole county!#okwx pic.twitter.com/VhYPkLxrEM
— WeatherNation (@WeatherNation) September 24, 2023
„Истата шема на облаци во саботата вечерта донесе големи невреме со град во округот Семинол во централна Оклахома. Паѓаше силен град со големина на топче за голф, ги кршеше стаклата на автомобилите, струја снема, но за среќа, потенцијалот за торнада беше мал“, објавија метеоролозите.
Свет
Украина тврди дека го убила командантот на руската Црноморска флота

Украинската армија денеска тврди дека го убила командантот на руската Црноморска флота во напад на нејзиното седиште што се случи во петокот во Севастопол, во анектираниот Крим.
„Триесет и четири офицери, вклучително и командантот на руската Црноморска флота, загинаа по ударот“, објавија украинските специјални сили на Телеграм, без да наведат никакви докази.
Повредени се уште сто и пет лица, тврди истиот извор.
Агенцијата АФП наведува дека не може да ги потврди овие тврдења, додека Москва речиси никогаш не известува за загуби во Украина, дури и кога станува збор за високи функционери.
Русија во петокот извести дека само еден војник е исчезнат по нападот во кој сериозно е оштетено седиштето на руската Црноморска флота.
Нападот ја илустрира тешкотијата на руската противвоздушна одбрана во спротивставувањето на редовните напади на украинскиот полуостров, кој беше анектиран од Русија во 2014 година и е важен логистички центар за силите на Москва.
Украина вети дека ќе ги врати сите територии окупирани од Москва, вклучувајќи го и Крим.
Регион
Стано за Косово: Мора итно да се дојде до деескалација, излезот мора да се најде преку дијалог

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, повтори дека Унијата го осудува инцидентот што се случи во Бањска и порача дека ситуацијата мора да деескалира и дека излезот од постојаните кризи на Косово мора да се најде со дијалог.
„ЕУ е многу јасна – ние сме посредникот. Двете страни сакаат да влезат во ЕУ, а нивниот пат е преку дијалог. Дека не треба да се справуваме со опасни кризи како оваа што ја имаме сега, туку да им помогнеме да напредуваат кон нормализација и помирување. Сето тоа многу јасно стои во соопштението на членките на ЕУ – како мора да се однесуваат за да влезат во ЕУ“, рече Стано на прес-конференцијата во Брисел.
На прашањето на новинарите дали постои можност за воведување мерки, Стана рече дека истрагата сè уште е во тек и дека сè уште се испитуваат сите факти за тоа дело.
На прашањето дали високиот комесар за безбедност и надворешна политика, Жозеп Борел, планира уште една средба на високо ниво со Белград и Приштина, Стано рече дека тоа е дел од дијалогот.