Контакт

Свет

Терористи од ПКК нападнаа турско семејство во Берлин

Објавено пред

Приврзаници на терористичката организација ПКК во саботата нападнаа турско семејство во Берлин.

Најмалку 100 лица кои ја поддржуваат ова терористичка група беа собрани на недозволен протест на плоштадот „Александар“ каде што вееја знамиња, извикуваа слогани и нападнаа едно турско семејство кое дошло во Берлин на посета.

Терористите со себе носеле плакати од лидерот на ПКК кој е во затвор, Абдула Оџалан.

Турското семејство одговорило на навредливите слогани против Турција, по што следел нападот од групата демонстранти.

Полицијата ги привела демонстрантите и семејството.

ОД 2015 година повеќе од 1200 лица, вклучувајќи и припадници на безбедносните сили, како и цивили, го загубија животот во напади од ПКК.

Свет

Четири индиски војници загинаа во судир со милитантите во Кашмир

Објавено пред

Четворица индиски војници беа убиени во понеделникот во престрелка со милитантите во областа Пулвама во Кашмир, само неколку дена по детонацијата на автомобил-бомба во истата област, при што загинаа 40 паравоени војници.

Двајца милитанти, исто така, загинаа престрелката во понеделникот, изјави портпаролот на индиската армија, Раџеш Калија.

Тој додаде дека рано во понеделникот почна заедничка индиска операција на армијата и полицијата, врз основа на разузнавачки информации за присуството на милитанти во областа и дека истата е во тек.

Индија го обвини Пакистан за порастот во насилните напади, тврдејќи дека има „неспорни докази“ дека земјата била директно вмешана во минатонеделната експлозија, која претставува најсмртоносниот напад на безбедносните сили од почетокот на бунтот во спорната територија во доцните 1980-ти.

„Бараме Пакистан да престане да ги поддржува терористите и терористичките групи кои оперираат од нивната територија и да ја уништат инфраструктурата со која раководат терористичките тимови со цел да вршат напади и во други земји“, гласеше соопштението на Министерството за надворешни работи на Индија по нападот во четвртокот.

Пакистан жестоко негираше дека има улога во нападите, велејќи дека тие го осудуваат таквото насилство.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон ги нападна „жолтите елеци“ поради антисемитски коментари

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја осуди вербалната злоупотребата на добро познат филозоф од страна на група демонстранти од „жолтите елеци“ на протестот што во саботата се одржа во Париз.

Неколкумина демонстранти беа снимени како му дофрлаат навреди на филозофот Ален Финкелкраут, кој е голем поддржувач на Израел, кога тој се најде меѓу демонстрантите во текот на 14. викенд на протести.

Демонстрантите го нарекуваа Финкелкраут „валкани ционист“ и „е*** исламофоб“, навреди кои беа најстрого осудени од страна на францускиот претседател.

„Како син на полски емигранти, кој стана француски академик, Ален Финкелкраут не е само еминентен писател, туку и симбол на тоа што им Републиката им нуди на сите“, напиша Макрон на „Твитер“.

„Антисемитските навреди на кои тој бил подложен се апсолутна негација на тоа кои сме и што нè прави голема нација. Нема да ги толерираме“, додаде тој.

Во саботата Финкелкраут реагираше на навредите во францускиот неделен весник Le Journal Du Dimanche, велејќи: „Почувствував апсолутна омраза и, за жал, тоа не беше првпат“.

Канцеларијата на обвинителот во Париз покрена истрага за „јавната злоупотреба врз основа на потекло, етничка припадност, земја, раса или религија“, прекршок со максимална казна од една година затвор и парична казна од 45.000 евра.

Прикажи повеќе...

Свет

Седум истакнати членови ги напуштија британските лабуристи

Објавено пред

Седум истакнати членови на британската опозициска лабуристичка партија поднесоа оставка во знак на протест поради начинот на кој Џереми Корбин ја води партијата, пренесуваат британските медиуми.

Парламентарците го критикуваа партискиот став за брегзит и начинот на кој се решава појавата на антисемитизмот во партијата. Тие ќе продолжат да ги извршуваат  своите должности како независни пратеници во парламентот, порача Лусијана Бергер на прес-конференција во Лондон.

Овој чекор доаѓа само неколку дена откако полицијата почна истрага за обвинувањата за антисемитизам во лабуристичката партија. Обвинувањата за антисемитизам се присутни веќе неколку години во таа партија, вклучително и оние против Корбин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

(Видео) Заев: Силјановска е надвор од концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ,Гордана Силјановска е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Македонија3 минути

Вонреден технички преглед се прави на сите 40 автобуси на „Дурмо турс“

Вонреден технички преглед се прави на сите автобуси на компанијата „Дурмо турс“ , дознава „Макфакс“. Вонредната проверка на исправноста на...

Македонија34 минути

Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат

Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната прва консултативна средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се...

Македонија1 час

Прибе без одговор до каде е имплементацијата на реформите

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, не даде...

Топ2 часа

Заев: Дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места

Дел од роднините на функционерите кои се вработија во државни институции најавиле повлекување на работните места, изјави премиерот Зоран Заев....

Македонија2 часа

Велешкото обвинителство сè уште утврдува одговорност за автобуската несреќа кај Катланово од 2017 година

Велешкото јавно обвинителство сè уште утврдува каква одлука ќе донесе за автобуската несреќа што се случи во 2017 година кај...

Македонија4 часа

Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, не...

Македонија5 часа

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет6 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Свет7 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет8 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет8 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет9 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Македонија17 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија20 часа

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија23 часа

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија1 ден

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет1 ден

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија1 ден

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Свет1 ден

Аргентина: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала (28) во неговиот роден град во Аргентина, четири...

Досие