Контакт

Свет

Терорист на Хезболах убиен во израелските напади во Дамаск

Објавено пред

Терористичката група Хезболах, поддржана од Иран, го обвини Израел за убиството на еден нејзин член предизвикувајќи загриженост за одмазднички напад, објави јавниот радиодифузен сервис „Кан“.

„Али Камел Мохсен Џавад беше убиен во чин на ционистичка агресија“, објавија медиумите спонзорирани од Хезболах алудирајќи на бранот напади во близина на Дамаск во понеделникот вечерта.

Британската Сириска опсерваторија за човекови права соопшти дека петмина ирански милитанти биле убиени во нападите, а четворица други се повредени. Во понеделничките ракетни напади беа зафатени депоа за оружје, кои им припаѓаат на сириските режимски сили и на милитантите поддржани од Иран, од областа над Маџдал Шамс на Голанската Висорамнина.

Според државната новинска агенција САНА, сириската воздушна одбрана ги пресретнала ракетите. Седум сириски војници од сириските воздушни одбранбени сили се повредени во нападите.

Штрајковите, кои се случија во два наврата, погодија цели во градовите Џабал ал Мане, Мукајлабија и Закија, предизвикувајќи огромни експлозии, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на сириски аналитичар.

„Израелците го таргетираа големо складиште за муниција. Имаше неколку напади и експлозиите беа огромни. Постојат извештаи дека иранскиот персонал е убиен “, вели Заид ал Рејс.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, во мај предупреди дека неговата терористичка група ќе се одмазди ако биде убиен некој милитант. Во минатото Хезболах извршуваше одмазднички напади по израелските операции.

Во август терористичката група истрела три противтенковски проектили кон израелските цели по должината на границата со Либан како одговор на убиството на двајца милитанти на Хезболах, кои оперирале со вооружени беспилотни летала, од страна на ИДФ.

Регион

Словенија со намера да ги става во карантин младите кои се враќаат од летување

Објавено пред

Словенија размислува за воведување на карантин за младите кои се враќаат од летување во Хрватска и се сметаат за најризична група за ширење на коронавирусот, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс.

Епидемиолозите на владата можат да ѝ предложат повеќе опции, вклучително и карантин за граѓани на возраст од 15 до 35 години, кои и покрај предупредувањата, одат по ноќни клубови и слични места на Јадранското Море, непочитувајќи ги епидемиолошките мерки и физичкото растојание.

Ако и викендов има голем број на словенечки граѓани заразени со коронавирус, кои летувале во Хрватска, владата би можела да одлучи за заострување на мерките за влез на патниците од Хрватска во вторник или среда, објави министерот.

Владиниот портпарол за ситуацијата со Ковид-19, Јелко Кацин, исто така зборуваше за „селективно заострување“ на мерките, осврнувајќи се на младите луѓе кои изминативе денови често ги споменуваше како оние кои ги најмногу ги загрозуваат другите со своето безгрижно однесување.

Според здравствените служби, од почетокот на јуни до 12 август, 70 случаи на зараза биле увезени во Словенија од Хрватска, но во последните денови ваквите случаи забрзано растат.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Во Будва одржана литија на вода, СПЦ на чамци во одбрана на светилиштата во Црна Гора

Објавено пред

Во Будва се одржа првата голема литија на вода за одбрана на храмовите и светите места на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора, како реакција на спорниот Закон за слобода на вероисповед.

Како што пренесува Б92, граѓаните се собрале во близина на Свети Стефан, а на настанот присуствувале и личности од политичкиот живот во земјата.

Литијата, која започнала од Стариот град до Свети Стефан, претходно била запрена од патролен брод на капетанијата, а од учесниците биле побарани документи кои би докажале дека имаат одобрение за организирање на литијата.

Потоа, капитенијата им дозволила на чамците да продолжат да пловат кон Свети Стефан, пренесува „Вијести“.

Додека чамците мирувале, од присутните се слушнале извици – „не ги даваме светилиштата“.

Од чамците се слушало и „Мило крадецу, не ти ги даваме светилишта“.

Спорниот Закон за слобода на вероисповед има за цел да ја регулира сопственоста на имотот на верските заедници, и предвидува сите верски објекти кои претставуваат културно наследство и биле сопственост на Црна Гора пред губењето на нејзината независност во 1918 година, а кои подоцна не станале сопственост на религиозните заедници по соодвети правни процедури, да бидат признаени како државен имот.

Според СПЦ, извесно е дека официјална Подгорица со законот си отвора простор да стави рака врз нејзините светилишта во Црна Гора, меѓу кои и на Острог.

Прикажи повеќе...

Европа

Лукашенко: Постигнавме договор со Путин, ако има потреба, Русија ќе интервенира

Објавено пред

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, соопшти дека се согласил со рускиот колега, Владимир Путин, за давање помош во случај тоа да биде потребно.

„Кога станува збор за воената компонента, Белорусија веќе има постоечки договор со Руската Федерација. Овие моменти спаѓаат во тој договор. Затоа, дури и денеска, разговарав долго со рускиот претседател за актуелната состојба. Морам да кажам дека сум фасциниран од тоа колку тој е информиран за сè што се случува“, рече Лукашенко.

Се договорив со Путин дека на нашето прво барање, Русија ќе обезбеди сеопфатна помош со цел да се осигура безбедноста на Белорусија“, додаде тој.

Коментирајќи ги протестите на работниците во Белорусија, Лукашенко рече дека станува збор за „нож во грбот на власта“.

„Кој е тој пристап? Претседателот, Владата, сите се бориме да обезбедиме барем некаква плата. Компаниите работат, ние нудиме неверојатна помош. И што? Нож во грбот?“, револтирано запраша Лукашенко.

Тој исто така рече дека сите оние што протестираат не треба веќе да работат во фабриките.

„Бидете претпазливи, имаме премногу работници во нашите фабрики, нека си одат тие луѓе. За такви луѓе не треба да има место во фабриките“, заклучи тој.

Илјадници демонстранти денеска повторно се собраа во Минск, во знак на протест против реизборот на претседателот Лукашенко, поради сомнежите за големи местенки и нерегуларности на неодамна одржаните претседателски избори.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, неодамна изјави дека ЕУ темелно ќе ги разгледа односите со Белорусија и оцени дека претседателските избори во таа земја не биле ниту слободни, ниту фер.

„Франс прес“ вчера соопшти дека ЕУ веќе дала зелено светло за санкционирање на репресијата во Белорусија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Хаос во сообраќајот, Британците брзаа кон дома за да избегнат карантин

Илјадници туристи имаа само неколку часа да се вратат во Велика Британија за да ги избегнат карантинските мерки наметнати кон...

Топ3 часа

Во Битолско украдени над 200 тони пченица во вредност од 50.000 евра

Во попладневните часови на 13 август, 48-годишен битолчанец во полиција пријавил кражба на 200 до 240 тони пченица. Според пријавеното,...

Македонија5 часа

Регистриран 141 случај на новозаразени, починаа четворица пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија6 часа

НБРСМ: Сите мерки што ги презедовме за „Еуростандард“ банка беа за заштита на депонентите

Народната банка соопшти дека во врска со, како што наведува, невистините и клеветите изнесени од страна на сопствениците на „Еуростандард...

Регион7 часа

(Видео) Албанци чекаат со денови на границата со Грција – колона долга 20 километри

Огромна километарска колона возила на границата со Грција. Како што пренесуваат грчките медиуми, се работи за патници од Албанија, кои...

Свет9 часа

Голема акција во Шпанија – запленет имот вреден 8 милиони евра и уапсени 75 лица

Шпанската цивилна гарда заплени криминално стекнат имот вреден повеќе од осум милиони евра и уапси 75 лица. Тие се сомничат...

Регион9 часа

Во последните 24 часа во Словенијa 32 новозаболени

Во Словенија изминатите 24 часа се тестирани 1034 лица и се потврдени 32 новозаразени со ковид-19, или петмина помалку од...

Свет10 часа

Русија почна со производство на вакцината

Русија почна со производство на вакцината против ковид-19, објави денеска агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на министерството за здравство. Русија соопшти...

Регион11 час

Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани

Црна Гора од денеска ги отвори границите за државјаните на Западен Балкан. За влез во оваа земја од денеска е...

Свет11 час

Најбрзата развиена вакцина некогаш била готова за 4 години

Четири години биле потребни за најбрз развој на вакцина во историјата, иако обично тој процес трае од 10 до 15...

Македонија12 часа

Од денеска задолжителен ПСР тест за влез во Србија

Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе...

Македонија1 ден

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија1 ден

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија1 ден

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија1 ден

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Топ1 ден

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ1 ден

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија1 ден

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија1 ден

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Досие