Контакт

Свет

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Објавено пред

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба бидејќи антителата постепено исчезнуваат од телото, покажа студијата на Американскиот центар за превенција и третман на болести (ЦДЦ)

Падот на нивото на антитела не мора да значи дека луѓето се изложени на ризик од повторна инфекција бидејќи тие се заштитени од други делови на имунолошкиот систем и антителата дејствуваат дури и по првичната инфекција, велат експертите. Вистинското времетраење на имунитетот сè уште не е познато.

Тестирањето на антитела стана рутина во многу земји и се изведува на разни нивоа, со репрезентативни примероци, на цели места и често врз основа на примероци од банки на крв.

Тие помогнаа да се разбере реалната состојба на епидемијата со дијагностички тестови кои имаат позитивни резултати само за време на инфекцијата, но не и потоа, и кои на некои места се премалку и главно не се прават на луѓе што немаат симптоми.

ЦДЦ зеде крв и тестира повеќе од 3.000 негуватели во 13 американски болници од април до јуни 2020 година. Истражувањето покажа дека 194 лица или 6 проценти имале антитела на коронавирусот, пишува „Индекс“.

Околу два месеца подоцна, 156 од нив биле повторно тестирани, а нивото на антитела паднало за 94 отсто. Кај 28 отсто нивото било под прагот, што обично укажува на тоа дека инфекцијата поминала.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Незадоволни граѓани во Мексико го врзале градоначалникот за дрво

Објавено пред

Граѓаните на општината Чиапас во Мексико решиле да преземат радикални мерки против нивниот градоначалник и да го врзат за дрво затоа што проектот за јавни работи бил толку лошо направен што бил бескорисен.

Жителите на 11 населби изјавија дека градоначалникот Оскар Рамирез Агилар го врзале на јавна површина за да го прикажат како лош јавен службеник, кој не треба да биде реизбран.

Граѓаните велат дека општинските водоводни инсталации се во толку лоша состојба, што не се во согласност со безбедносните барања.

Во моментов немаат вода, како што наведоа, поради истекување од резервоарот.

Прикажи повеќе...

Европа

Унгарија отстапува од регулативите на Брисел, Орбан бара одобрување на кинеската вакцина

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека во рок од неколку дена, националниот регулатор на лекови јасно ќе одговори дали може да се користи кинеската вакцина против коронавирус.

Во обид да се забрза вакцинацијата, владата на Орбан во четвртокот објави дека се согласила да купи вакцина од кинескиот производител „Синофарм“.

Со репутација на земја која не се двоуми да отстапи од регулативите на Брисел, Унгарија на тој начин би станала првата членка на Европската унија што одобрила употреба на кинеска вакцина против Ковид-19.

Унгарија во четвртокот усвои декрет за набавка на вакцини надвор од централизираниот систем на Европската унија, откако нејзиниот министер за надворешни работи рече дека европскиот систем за снабдување е скандалозно бавен.

„Има повеќе од милион дози кинеска вакцина што може да се користат во рок од неколку дена“, рече Орбан.

Унгарските капацитети за вакцинација се далеку поголеми од количината што е достапна преку набавките обезбедени од ЕУ, објасни тој.

Досега, Унгарија вакцинираше повеќе од 105.000 луѓе (здравствени работници и жители на домови за стари лица) со вакцини од два производитела, односно вакцината на „Фајзер“ и онаа од „Модерна“.

„Доколку има доволно дози на вакцина, Унгарија би можела да вакцинира половина милион луѓе на ден“, рече Орбан.

Според истражувањето спроведено од Централниот завод за статистика во петокот, расте бројот на Унгарци склони кон вакцинирање, иако досега само 27 отсто од нив се цврсто подготвени за таков чекор.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Русија откриени 1.500 мутации на Ковид-19

Објавено пред

Речиси 1.500 мутации на коронавирусот се откриени во Русија, изјави Ана Попова, директорка на руската Федерална служба за фитосанитарен надзор и контрола (Роспотребнадзор), на маргините на научната конференција на Форумот Гаидар.

„Тоа е важен аспект на оваа пандемија и ние континуирано работиме на тоа. Досега пронајдовме речиси 1.500 мутации“, потенцира Попова, пренесува ТАСС.

Според неа, во рускиот институт „Микроб“ во тек е анализата на информациите за мутациите во коронавирусот ширум светот.

„Мутациите за кои често се зборува во некои земји, претежно европски, станаа очигледни уште во септември. Покрај тоа, првите промени од овој вид беа идентификувани во јуни”, потврди Попова.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа48 минути

Унгарија отстапува од регулативите на Брисел, Орбан бара одобрување на кинеската вакцина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека во рок од неколку дена, националниот регулатор на лекови јасно ќе одговори...

Македонија54 минути

Новите членови на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието

Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Нови членови на највисокото изборно...

Македонија1 час

Пендаровски: Палењето на знамето на Бугарија е за осуда

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е...

Свет2 часа

Поради недостиг од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на...

Свет2 часа

СЗО: 95 отсто од произведените вакцини се распоредени во само 10 земји

Шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге, изјави во Копенхаген дека 95 проценти од вакцините против...

Свет3 часа

(Видео) Пјонгјанг ги покажа новите ракети – „Ова е слика на нашата апсолутна моќ“

Северна Кореја организира воена парада во центарот на Пјонгјанг со цел да го одбележи крајот на осумдневниот конгрес на Работничката...

Македонија3 часа

Захариева: Остар вербален демарш за Скопје поради палењето на бугарското знаме во Вевчани

Софија упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани, објави бугарската министерка за надворешни...

Македонија15 часа

Заев најави 50 отсто поевтина регистрација за возилата со странски таблички

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на сите...

Европа15 часа

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Австрискиот парламент денеска одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај...

Македонија17 часа

15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на...

Домашен20 часа

Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Европското првенство

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство, кое ќе се одигра во...

Македонија20 часа

Лекари од Македонија дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во...

Свет21 час

Трамп: САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот

САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот, рече американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, во видео-обраќањето. „Сакам...

Свет22 часа

Германска студија: Ризикот од ширење на коронавирусот во концертни сали е незначителен

Ново истражување во Германија за движење на честички во воздухот во затворен простор покажа дека постои незначителен ризик од инфекција...

Европа22 часа

Шефот на институтот „Роберт Кох“: Пандемијата ќе ја ставиме под контрола до крајот на годината

Германија ќе воспостави контрола над пандемијата на коронавирус до крајот на годината, но нов, позаразен вид на ковид може да...

Македонија23 часа

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Од следниот четврток, 21 јануари, угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот, а Комисијата за заразни болести размислува да...

Свет24 часа

СЗО: 13 експерти пристигнаа во Вухан, двајца задржани поради сомнение дека имаат вирус

Светската здравствена организација соопшти дека двајца експерти од нејзината мисија за утврдување на потеклото на новиот коронавирус во Кина сè...

Топ1 ден

Дете загина откако во него удрил автомобил во Тетово

Дете загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера доцна попладнето на ул. Видое Смилевски-Бато во Тетово. До несреќата дошло...

Свет1 ден

(Видео) Протести во Брисел – запалена полициска станица, нападнато возилото на кралот

Во Брисел за време на протестите поради смртта на младо момче од африканско потекло, кој починал во притвор, избија немири...

Свет1 ден

СЗО свика итен состанок

Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состанува денескa, две недели пред редовниот состанок, за да разговара за...

Досие