Контакт

Свет

Техеран: Руската новинарка не е обвинета за шпионажа

Објавено пред

Руската новинарка Јулија Јузик, која е уапсена во Техеран, не е обвинета за шпионажа туку за кршење на законот за визи, а нејзиниот случај се разгледува во забрзана постапка, изјави денеска портпаролот на иранската влада, Али Рабиеи.

„Нејзиниот случај се однесува на кршење на законот за визи и се разгледува во забрзана постапка“, рече Рабиеи, пренесува „Ројтерс“.

Иранскиот амбасадор во Москва беше повикан во руското Министерство за надворешни работи во петокот заради апсењето на Јулија Јузик.

Поранешниот сопруг на руската новинарка претходно објави на Фејсбук дека Јулија му се јавила од притвор, тврдејќи дека се соочува со обвиненија дека шпионирала за Израел.

Според него, новинарката се наоѓа во Иран од 1 октомври.

Регион

Рекорден број заболени од коронавирус во Србија, починаа 45 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 8.467 нови случаи на ковид -19, додека 45 лица починаа. Според српските медиуми, ова е најголем број на новозаболени за еден ден од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа, тестирани се 26.292 лица. На респиратор има 251 пациент.

Денеска, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го коментираше воведувањето на ковид – пасоши, поради моменталната епидемиолошка состојба.

„Подготвивме сѐ за ковид – пасошите. Тие не се сребрен куршум за решавање на ситуацијата, тие се само начин да се мотивираат младите да се вакцинираат и ништо повеќе. Одговорот на сето ова е вакцинација. Ова е поразително, бидејќи тоа е дел од граѓанската солидарност. Демократијата е таква, не можеме да воведеме задолжителна вакцинација“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон: Европа мора да изгради сопствени воени способности

Објавено пред

Европа мора да престане со наивноста кога станува збор за одбрана на своите интереси и мора да изгради сопствени воени способности, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Претходно овој месец, Франција западна во дипломатска криза со САД, Австралија и со Обединетото Кралство поради трилатералниот договор за нуклеарна безбедност, кој ја остави без договор за набавка на подморници во вредност од десетици милијарди долари со Австралија.

Тоа предизвика незадоволство во Париз поради претходниот традиционален сојуз на Австралија и Франција, пренесуваат агенциите.

Говорејќи првпат по ова прашање, Макрон ја искористи можноста да побара поголема европска автономија, а Вашингтон сѐ повеќе ги префрла своите интереси кон Кина и Индо-Пацификот.

„Европејците мора да престанат да бидат наивни. Кога сме под притисок на големите сили, мора да реагираме и да покажеме дека имаме моќ и способност да се браниме. Нема потреба од ескалација на тензиите, само треба да им покажеме дека можеме да се заштитиме“, рече тој на прес-конференција.

„Ова не е алтернатива на сојузот со САД. Тоа не е замена, туку преземање одговорност за европскиот столб во рамките на НАТО и изведување заклучоци дека од нас се бара да се грижиме за сопствената заштита“, додаде Макрон.

Прикажи повеќе...

Свет

„Фајзер“ бара одобрување за употреба на вакцината кај деца на возраст од 5 до 11 години

Објавено пред

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ до Американската администрација за храна и лекови ги доставија прелиминарните резултати од испитувањето за употреба на нивната вакцина против коронавирусот кај деца на возраст од пет до 11 години.

Компаниите најавија дека набргу ќе испратат официјално барање до ФДУ за одобрување на вакцината за деца на оваа возраст бидејќи тестовите покажале дека вакцината е ефикасна и безбедна и за нив, пренесуваат агенциите.

Вакцината претходно беше одобрена за употреба кај деца постари од 12 години и во Соединетите Американски Држави и во европските земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Агент за недвижности од Скопје зел капар за станови, а парите си ги ставал в џеб

Полицијата поднесе кривична пријава против агент за недвижности од Скопје, кој зал капар за продажба на станови во изградба, но...

Свет4 часа

Животот во Сиднеј за невакцинираните станува сѐ потежок – може да им се забрани влез и во продавници

Граѓаните на Сиднеј, кои не се вакцинирани против коронавирусот, ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности. Според планот за...

Македонија5 часа

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Македонија6 часа

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 % од населението над 18-годишна возраст, соопшти...

Свет6 часа

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион7 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија7 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјата до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 стана. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија8 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија21 час

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија23 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа1 ден

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија1 ден

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија1 ден

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија1 ден

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Досие